Дали партијата ДПМНЕ има право да го носи името на МРО?

Дали партијата ДПМНЕ има право да го носи името на МРО?


  • Вкупно гласачи
    122
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
И доискажисе кога спомнуваш националност. Тоа е многу осетливо прашање. Можиш да се етикетираш па да обвиниш дека други те етикетират. Пази...
Да се доискажам? Па еве: не мислам дека Јане Сандански е Ароман. Ти доискажи се зошто мислиш дека Сарафов не е Македонец.

Инаку, не чувствувам потреба да се вознемирувам за етикетите - анахронизми. Цврсто верувам дека е можно човек да одгледува искрени пријателски чувства и кон бугарите и кон србите - без тоа воопшто да му ги засегне националната гордост и достоинство.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Самиот Јане има кажано за Сарафов дека е сараф(алчен) и дека ќе ја предаде организацијата...
И бил во право. Востанието за него беше авантура. Да се слика со коса и со брада како војвода и да се претстави во Бугарија, после во Србија како херој со украденото знаме.... препознатливиот бугарски стил
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
.......................

А туак и направиле грешка, наместо да направам автономија на Македонија и да ги зацврстат тие Македонско-Турски односи, тие до крај оделе спорти агендата на Македонците...незнајно од која причина, за која после 100 години, се покајаа.



..........................................
Kaj vide deka se pokajale????? Samo zabelezale : DEKA SE ZAJEBUNILE greska vo cekori vo brzopoteznata partija politicko maroderstvo........ pa sega so nokti,kazmi i buldozeri se trudat da ja zakopaat taa svoja greska.....koristejki gi istite gavazi: bugarija,grcija i srbija....so novo-stariot kacak-zulumkar koj si najde novi gospodari.....
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Да се доискажам? Па еве: не мислам дека Јане Сандански е Ароман. Ти доискажи се зошто мислиш дека Сарафов не е Македонец.

Инаку, не чувствувам потреба да се вознемирувам за етикетите - анахронизми. Цврсто верувам дека е можно човек да одгледува искрени пријателски чувства и кон бугарите и кон србите - без тоа воопшто да му ги засегне националната гордост и достоинство.
По 5-ти пат те прашвам
Зошто Сарафов на Рилскиот Конгрес е нај остро нападнат,(претседател беше Даме Груев) и условно осуден на смрт?
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Јас одам очигледно господинот неќи да ми одговори. Ама за крај кога веќе почнавте да пишите нова историја, патриотарска,најдете прво одговор за клучните прашања
1. Зошто Сарафов го осудија на смрт?
2. Дали Сандански,х. Димов заслужија да умрат од новите патриотари?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Јас одам очигледно господинот неќи да ми одговори. Ама за крај кога веќе почнавте да пишите нова историја, патриотарска,најдете прво одговор за клучните прашања
1. Зошто Сарафов го осудија на смрт?
2. Дали Сандански,х. Димов заслужија да умрат од новите патриотари?
Кога ќе го начекаш некого во тесно,најчесто не сака да ти одговори на прашањето или ја дефокусира темата,тоа е стара тактика на голем дел платени дискутанти по форумиве.:toe:
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
kaj zabegavte be od temava, ova ne e istorija politika e.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
И? Заклучивте нешто околу темата?
Има...или нема?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Има,ама не “ексклузивно“.:)
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Да имаше такво содејство помеѓу македонските и бугарските(врховостички) чети, како што сакаш цело време да наметниш,не да објасниш(објаснувањето се должи на факти, а не на бугаризираното дело на Христо Сиљанов), настаните ќе имаја сосем друг тек, а ти малку потсетисе на енергијата потрошена против врховистичките чети и врхивизмот како целина. Направи споредба помеѓу делата на "војводата" Анастас Јанков во Загоричане, и масакрот во Загоричане и нај убо ќе ја воочиш разликата помеѓу стилот на двете примарни непријателства на Македонија. Која е разликата?
Има повеќе кои тврдат дека делото на Сиљанов е бугаризирано. Еден од нив е и Ангел Динев во своите дела "Илинденската епопеја" 1 и 2. На неколку наврати, кога опишува некои настани од илинденскиот или пост-илинденскиот период, Динев кажува дека Сиљанов не е во право за тие настани и дека тоа е бугаризирана верзија.

Многу ми е криво што не можам да извадам цитати од "Илинденската Епопеја", книгите не се моментално во мене, но во нив на неколку места се критикувани Борис Сарафов, Гарванов, Матов и Татарчев како врховисти.

Е сега кој е во право, Динев или Сиљанов. Повеќе од јасно е дека сега некои ќе речат дека Динев бил комунистички настроен и до некаде се во право затоа што Динев јавно ги искажува во книгата своите социјалистички идеи и го критикува Сиљанов за неточни изнесувања на фактите.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
23
Поени од реакции
2
Razgovorot go prefrlam od temata Има ли во ВМРО вмровци? zatoa sto del od razgovorot pocna da se pretvora vo odelna dosta interesna tema.

Naslovot na temava bi trebalo da e poinaku, no zatoa sto nemase mesto go napisav vaka. Ovaa tema ke zasegne dve mnogu vazni prasanja:

- Dali politickata partija DPMNE ima pravo da go koristi imeto na VMRO ?
- Dali VMRO e isto so Delcevoto MRO, ili e velikobugarska teroristicka organizacija sozdadena od TOdor ALeksandrov vo 1920 godina?

i kako dopolnuvanje se doagja do logicno dopolnuvanje na dilemata - Ako VMRO ne e isto so MRO, tuku e imeto dadeno od Aleksandrov, togas dali DPMNE e sledbenici na Aleksandrovoto VMRO ili Delcevoto MRO?
Намерно го земам како цитат првиот текст со кој е почната оваа тема, за да потсетам дека одамна расправата е забегана и не е даден во ниту еден момент вистински одговор.

Прво, таков одговор објективно не може да се даде затоа што прашањата се сугестивни и го ограничуваат просторот за одговор, и

Второ, прашањата сами по себе предизвикуваат конфузија затоа што поставени едно до друго со различен контекст ги прави контрадикторни сами по себе, затоа што во првото се сугерира на политички контекст, во основа прејудицира рестриктивен пристап, порестриктивен од Уставното решение за граѓанските и политичките слободи и права како темелни вредности, а кои се однесуваат на правото за слободно политичко здружување.
Додека во второто прашање се импутираат историски невистини и полувистини, демоде се прави обид да се манипулира со трансмисија на карактерот на македонското револуционерно движење во 19 и 20 век, кога анархизмот па и облици на тероризам го немаат денешното значење на она што го подразбираме под на пример ,алкаеда,.

Мислам дека стапицата во која како во менгеме е приклештена современата македонска национална свест, е токму во октроираниот избор, се што е позитивно да се сублимира во една личност во ,Гоце,, прифативме без оглед на вреднувањето да се откажеме од историските личности, доброволно им ги поклонивме на нашите негатори. Во тоа е трикот затоа што тие кои не осудија да веруваме само во една личност, таквите 100 годишни стратегии на нашето опкружување филигрански прецизно пресметале, велемајсторски со децении однапред потези, како во шаховски проблем- мат во 4-5 децении на пример, дека со отварање на архивите ќе не дезориентираат национално (уште повеќе ако 5 децении некој намерно го сопираше нашето соочување со траумите од закаснетите сознанија). Гоце не може да стане и да дообјасни, да демантира, ниту пак можеме во тоа да си помогнеме со ДНК анализи.

Знам дека ризикувам погрешно да ме сватите, но сакам да изведам една поента за овде на нашиов форум !
Дека доколку прифатиме да раправаме лаички за историските факти, во одбраната на нашето македонско национално чуство, прифаќајќи теоретски полемики, наместо емпирички да ја црпеме силата на аргументите од тоа како нашите прадедовци и дедовци ни кажувале дека сме Македонци, ние ќе им влеземе во шема на бугарскиот врховизам , но и на српскиот хегемонизам.

Или едноставно кажано прифаќањето овде на форумот да се расправа ,интелектуално, со историски аргументи како со ,ПАВЕЛ ЛИПРАНДИ, на пример е исто како да разговараш со Бугарската академија. Истата извештеност прикриена со вешт баланс со другите загрозувања, во цивилизациска обланда, меко зуц муц
во основа ПЕРФИДНО од антимакедонски позиции.

Македонија ќе ја одбраниме со нашата верба, ако е во нашите срца, за патриотизам не треба факултети, доволно е само да се потсетиме што зборуваа нашите прадедовци и дедовци !!!
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Јас одам очигледно господинот неќи да ми одговори. Ама за крај кога веќе почнавте да пишите нова историја, патриотарска,најдете прво одговор за клучните прашања
1. Зошто Сарафов го осудија на смрт?
2. Дали Сандански,х. Димов заслужија да умрат од новите патриотари?
А ти мислиш дека некој нема друга работа па 24 часа на ден само седи пред компјутер?

Никој не пишува нова историја, по единаесетти пат ќе повторам: историјата е таква кава што се случила. Ги бараме само документите и податоците надвор од осакатената верзија која ни била достапна до скоро. Пресудата за тоа кој е каков им ја оставам на другите.

Одговор за прашањата што ги поставуваш, според она што ми е мене познато:

Сарафов е усуден на смрт од Комитетот на Серскиот револуционерен округ на 10.октомври 1907 година. Не е точно дека е условно усуден на смрт на Рилскиот конгрес. Одлуката на конгресот била: во интерес на единството, да не се разгледуваат делата и да не се прибегнува кон осудување на лица или групи, виновни за нарушување на постоечките наредби на Организацијата(обвиненија имало и за Јане Сандански, за неговото однесување во текот на Илинденското востание), преку својата дејност до 1.ноември 1905 година. ако таквите лица по оваа дата сторат ист престап, ќе бидат повикани на одговорност не само за новото, туку и за поранешните дела.

Уште во 1904 година Јане се обидел да донесе смртна пресуда за Сарафов, но тогаш тројца членови на Комитетот на Серскиот округ (Томов, Благоев и Саев) одбиле да ја потпишат пресудата.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Кога ќе го начекаш некого во тесно,најчесто не сака да ти одговори на прашањето или ја дефокусира темата,тоа е стара тактика на голем дел платени дискутанти по форумиве.:toe:
На кого конкретно мислиш АБЦ?

Ти ја спомна епопејата на Ножот. Јас во тоа видов извонредна шанса да се врати дискусијата на почетнатта тема, онака како што е поставена. Ако се проанализираат сите раположиви податоци за еден значаен историски настан, специјално причините поради кои тој настан е избришан од официјалната македонска историја, ќе бидеме чекор поблиску и до одговорат на прашањето зошто кај многумина постои толкаво возбудување околу твојот бугарски пасош.

Дон Корлеоне на повеќе пати се обидуваше да ја одвлече дискусијата во Загоричани, Охридското востание, Сарафов, Сандански итн - интересни теми, но не би сакал да се задлабочуваме во нив пред да завршиме со прашањето околу Ножот. Има ли некој други историски податоци освен напишаното од Силјанов? Може ли да се видат? Доколку постојат, зошто некој би ги криел?

Кое е твоето мислење?
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Или едноставно кажано прифаќањето овде на форумот да се расправа ,интелектуално, со историски аргументи како со ,ПАВЕЛ ЛИПРАНДИ, на пример е исто како да разговараш со Бугарската академија. Истата извештеност прикриена со вешт баланс со другите загрозувања, во цивилизациска обланда, меко зуц муц
во основа ПЕРФИДНО од антимакедонски позиции.

Македонија ќе ја одбраниме со нашата верба, ако е во нашите срца, за патриотизам не треба факултети, доволно е само да се потсетиме што зборуваа нашите прадедовци и дедовци !!!
Исто како што Исус му рекол на Тома “ти виде, и поверува; но блажени се оние што не виделе, а веруваат“.

Едно прашање: што има страшно во историските аргументи? Јас лично немам никави проблеми со тоа од каде потекнува нкој податок, и со задоволство ги прегледувам и српските, и албанските, и бугарските и грчките податоци од историјата - сегде може да се најде некој детал што го нема кај другите. Мислам дека читањето на било каков документ ја нема таа сила да ми го измести макар и за влакно националното чувство, да ме направи помалку или повеќе Македонец.

Прашање број 2 за тебе: дали ти имаш некакви сомненија во тој поглед? Дали мислиш дека треба да бидеш заштитен од читање бугарски извори, зашто не си сигурен како тоа ќе повлијае на твоето национално определување?

Прашање број 3: (прагматично) ако по некој случај попаднеме во расправија со противник од бугарска страна, а тој ни извади историски документи како аргумент во корист на неговата теза, како да го победиме со одговорт - “не ми се битни аргументите, битно ми е она што го верувам“? Дај идеја, упатство, стратегија?

п.с. Анализата за поставеноста на темата ти е одлична, во целост ја поддржувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom