абе наиучи основна работа:smir:
до,ре,ми,фа,сол,ла,си,до
C, D ,E ,F ,G ,A ,H ,C
1 3 5 -Cdur Сите го знаеме тоа нели е сега до,ми,сол
зборуваме за дурски дур и има звук како
возвишено.може да се разложи
на пример: сол,ми,до или поинаку речено секстакорд
уште еден обртај:сол,до,ми или пак кварт секстакорд.
е сега за дурски треба да ги знаеш скалите,или за полесно квитно тркало:C,D,E,F,G,A,H,C
C-DUR или сететесе на стапалата сите ги учевме во основно.
C,D,E,F,G,A,H,C-ноти
1,2,3,4,5,6,7,8 -стапала
Во c-dur прво стапало ц или до,и музички наречено
тоника,4 стапало F или фа-субдоминанта
и 5 стапало G или сол-доминанта
овие се три главни стапала. повеќето песни само идаат во круг со овие три акорди од 1,4 и 5 стапало
е сега за квитното тркало тоа почнувајќи од C-dur тој знаеме дека нема повишилица или снижилица.
квитно тркало се вика или квинта што значи 5.5то стапало во C е G или сол.од тука го формираме дурот G и имаме една повишилица тоа фис или f повишено,одиме следен акорд 5то стапало во G e ре или D втор по ред по квинтно тркало значи има две повишилици :fis значи останува од G и уште еден и тоа cis,после акордот D следи A-dur со три презнаци пробајте да го откриете сами третиот презнак или така наречената повишилица.најдобро е да земете петтолиние и да почнете со Cdur како основна скала.
и уште ова да напоменам гледано на клавијатура пред двете црни дирки се наоѓа до,а пред три црни дирки се наоѓа фа.
мора да се знаат полу степените меѓу белите и црните по ред да речеме бела дирка до полустепен е црната дирка до неа или пак наречена цис,цел степен ни е до-ре.
е сега во која било дурска скала треба да се знае каде има полу степени-меѓу трето и четврто стапало (ми-сол)лесно се гледа нема црна дирка меѓу нив,и друг полу степен меѓу седмо и осмо (си-до)исто не постои црна дирка.
малку треба и да ви работи слухот.ако има нешто нејасно прашајте за молски ќе пишам други пут:helou: