Ме интересира како е за полагање за Ц и Д, а имам б категорија 3 години и А 1 година. Можам да одам директно на Д или треба прво за Ц да полагам па за Д? И колку пари е?
еве што најдов во Законот за безбедност во сообраќајот:
Право на управување со моторни возила од категоријата “Ц” и поткатегоријата “Ц1” може да стекне возач кој претходно најмалку една година управувал со моторно возило од категоријата “Б”.
Право на управување со моторни возила од категоријата “Д” може да стекне возач кој претходно најмалку две години управувал со моторно возило од категоријата “Ц”, а право на управување со моторни возила од поткатегоријата “Д1”, возач кој претходно најмалку две години управувал со моторно возило од категоријата “Ц” или поткатегоријата “Ц1”.
Возачка дозвола од категоријата “Ц” може да се издаде на возач кој поседува возачка дозвола од категоријата “Б”, а возачка дозвола од категоријата “Д”, на возач кој поседува возачка дозвола од категоријата “Ц”, односно на возач кој ги исполнува пропишаните услови за стекнување право на управување со моторни возила од овие категории.
Возачка дозвола од поткатегоријата “Ц1” може да се издаде на возач кој поседува возачка дозвола од категоријата “Б”, а возачка дозвола од поткатегоријата “Д", на возач кој поседува возачка дозвола од
категоријата “Ц” или поткатегоријата “Ц1”, односно на возач кој ги исполнува пропишаните услови за стекнување право на управување со моторни возила од овие поткатегории.
Возачот на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата “А” има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во поткатегоријата “А1”.
Возачот на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата “Б” има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во поткатегоријата “Б1”.
Возачот на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата “Ц” има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категоријата “Б” и поткатегориите и Б1 и Ц 1.
Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата “Д” има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категориите “Б” и “Ц” и поткатегориите “Б1”, “Ц1” и “Д1”.
значи заклучок: Прво треба да полагаш Ц, па после 2 години можеш Д :smir: