Економски факултет (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Со две 4ки губиш автоматски 4 бода, али кај екстерните, во првиот пост пиша две 4ки а не кажуваш по што ти се четворките, уствари требаше да ги пишеш бодовите за да не гледаме на гравчиња колку бодови имаш.

Иначе ете лани било со 92 бода, оваа година јас очекувам да е помала границата, а ти веќе имаш од прилика од 92 до 96 бода така да според мене сигурно влегуваш во државна.

Зико, каква врска има намалувањето на партиципацијата за приватна квота, со конкуренцијата за државна? :)

Веројатно мисли у глобала дека намалувањето на партиципацијата ќе привлече повеќе студенти :) Нешто многу многу се збунуваш ти, слабо капираш и блабла :pos:
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
17
Поени од реакции
0
da eksternite mi bea 4ki makedonski i angliski... mnogu vi falaaaa :*

--- надополнето ---

a mislam deka namaluvanjeto na participacijata nema da mi odmogne zatoa so namaluvanjeto vazi samo za privatnite kvoti ...
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
da eksternite mi bea 4ki makedonski i angliski... mnogu vi falaaaa :*

--- надополнето ---

a mislam deka namaluvanjeto na participacijata nema da mi odmogne zatoa so namaluvanjeto vazi samo za privatnite kvoti ...
Нема тука со :* бакнеж, тоа на фб е само :)

Како и да е, со среќа на уписот.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
17
Поени од реакции
0
hahahaa okey ke si znam ... pa pocetnik sum tuka neli? inaku fala ke mi treba sreka najverojatno
 
Z

ziko bt

Гостин
Зико, каква врска има намалувањето на партиципацијата за приватна квота, со конкуренцијата за државна? :)
брат муабето ми беше сеа со намалвање на партиципација ке се привлечат поке студенти и појаки и послаби кој и да не влезат државна нема да му биди толку голем проблемо да платат и за приватна квота пошто на крај краева не е исто да платиш 600 или 400 евра сепак мое мислење
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.310
Поени од реакции
15.544
Веројатно мисли у глобала дека намалувањето на партиципацијата ќе привлече повеќе студенти :) Нешто многу многу се збунуваш ти, слабо капираш и блабла :pos:
Абе те удрило глобалново затоплување у главичката тебе а? :)

И убаво си кажав, намалувањето во приватна, привлекува за приватна, чиста логика, сигурно некој со 99 бода и така и така ќе поднесе документи на економски, него ај ќе видите со колку ќе примаат :)

@Mummy, абе ти многу по бакнеживе, дури и на фб знаеш како се прават :smir:

@Ziko, сега многу помалце влегуваат во приватна околку пред 2 години, така да на тој со јаки поени сеедно му е дали е 400 или 600 евра партиципација, додека тој со послаби оценки ќе сака да се запише за со 400 евра, мое мислење, ќе видите дека нема да има зголемена конкуренција(однос бодови за упис оваа и ланската година) :)
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
брат муабето ми беше сеа со намалвање на партиципација ке се привлечат поке студенти и појаки и послаби кој и да не влезат државна нема да му биди толку голем проблемо да платат и за приватна квота пошто на крај краева не е исто да платиш 600 или 400 евра сепак мое мислење
Не е исто и да си со факултет или без. За жал, во државава тешко им оди на луѓево да разберат дека образованието е инвестиција. Чудни генотипови...
 
Член од
18 јули 2010
Мислења
9
Поени од реакции
0
Имам едно прашање за студентите на економски факс-Скопје, дали навистина треба да се извади нов извод за упис..зашо слушнав некој таков муабет, требало нов извод за упис на факултет.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.998
Поени од реакции
5.626
Не е исто и да си со факултет или без. За жал, во државава тешко им оди на луѓево да разберат дека образованието е инвестиција. Чудни генотипови...
Чудни генотипови... кои немаат пари.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.310
Поени од реакции
15.544
^Колега имаш чудни сфаќања, за тоа дека образованието е инвестиција неам нигде прочитано, а за тоа дека Образованието е право на секој човек во Македонија пишува во парчето хартија наречено Устав.
 
Член од
10 јануари 2010
Мислења
56
Поени од реакции
0
маркетинг на испит дава само поделби и дефиниции,или може и реценици да даде?
 
Колега образованието можеш да го гледаш на микро и макро план. На микро план инвестираш во човечкиот капитал и неизбежно со тоа се јавуваат разлики во квалитетот на трудот, односно наемнините; додека на макро план инвестициите во човечкиот капитал ја зголемуваат продуктивноста, а со тоа и растот на една економија.

Што се однесува до правото, прво тоа е субјективна работа, односно не секаде во светот е подеднакво регулирано образованието. Во Сауди Арабија жените скоро и да немаат право на едукација, додека во Кувајт е задолжително високото образование. Конкретно во Македонија, точно, секој има право на образование, но бидејќи високото образование не е задолжително, државата не е должна да го плаќа. Впрочем, не знам што е поентата на аргументот... секој има право и на земјиште, но доколку не го откупи како ќе го поседува ?
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.998
Поени од реакции
5.626
Колега, на микро и макро план не чини многу да ги слушаш нашиве професори, оти практиката не е баш како теоријата. Што се однесува до образованието, се сложувам со тебе дека образованието е инвестирање во самиот себе (или во своите деца), но за таа инвестиција се потребни пари... А парите не растат на дрва, за тоа е потребна работа која ја нема, во услови на 30% невработеност сакаш да кажеш дека е лесно да се заработат пари. Кај нас не можеш да заработиш 400 евра, а не додатни 200 евра (доколку партиципацијата беше 600), +100 евра за разни административни тракатанци, + најмалце 400-500 евра само за сместување во престолнинава, + 200-300 евра за основни потреби +100 евра за учебници. Скоро секој сака да учи и да биде нешто во животот, но кај нас има и многу кои не можат да го постигнат тоа поради немање финансии.

--- надополнето ---

маркетинг на испит дава само поделби и дефиниции,или може и реценици да даде?
Маркетинг може се да даде, без разлика на испит или колоквиум. Може и сите прашања да бидат од еден колоквиум, нема правила :) Бар тоа е моето искуство :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.310
Поени од реакции
15.544
Колега образованието можеш да го гледаш на микро и макро план. На микро план инвестираш во човечкиот капитал и неизбежно со тоа се јавуваат разлики во квалитетот на трудот, односно наемнините; додека на макро план инвестициите во човечкиот капитал ја зголемуваат продуктивноста, а со тоа и растот на една економија.

Што се однесува до правото, прво тоа е субјективна работа, односно не секаде во светот е подеднакво регулирано образованието. Во Сауди Арабија жените скоро и да немаат право на едукација, додека во Кувајт е задолжително високото образование. Конкретно во Македонија, точно, секој има право на образование, но бидејќи високото образование не е задолжително, државата не е должна да го плаќа. Впрочем, не знам што е поентата на аргументот... секој има право и на земјиште, но доколку не го откупи како ќе го поседува ?
Не сакам да навлегувам во филозофии, викаш дека не е задолжително, да, не е, државата не е должна да го плаќа, не е...
Сеа една паралела Македонија - Данска(пример), просечна плата 220 евра - 3000 евра (од прилика), а од прилика исто плаќаме за високо образование?
Хмм???
Ај, ова не е тема за тоа, си го кажав јас моето во соодветната тема :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom