Не знам што го рекламирате типот толку многу... држи часови во групи, преку 10 студенти во термин. Предавањето се одвива по принципот он решава - вие препишувате, техника - ја решава најтешката задача, логиката е ако ја разберете знаете се - онаму каде што потфрла е во делот што ако не разберете. Во случај да не ви е јасно нешто, најчесто следи одговорот - ова се учи во 5то, 7мо или 2ра година, а да не коментирам околу делот задачава е со ѕвездичка (во превод демек знае дека ќе паднела на колоквиум) со тоа што ќе ја решам до пола, па кршете вие глава дома дали ќе ја решите - нели во средно се учи тоа, нема врска што му плаќате 500че, а според тоа веројатно би требало да е должен да ви објасни.
Чуден феномен е, како што вика он, преку 100 студенти од економски факултет секоја година редовно си ги фрлаат кај него парите... но кога ќе видите има некоја логика, овчички неискусни, прв семестар озлогласената, супер-тешка математика, кај професорот што дава "eлиминациони" тестови, посебно на убави студентки.. па што не би иделе кај типчево, се знае со Драге, пријатели се, ги има задачите што паѓаат на колоквиум, па уште ќе ви сврти приказна и дека кај него никој не паѓа, прашање само дали со 9ка или 10ка ќе положите... А кога ќе направиме една проста математика, оваа како за во прво одделение... 100 студенти, два пати неделно по 500че, три недели за колоквиум... собираат 4-5000 континентални...
girl.mkd answer:
Epa ako e taka kako sto vikas, togas sto mislis bi gi imal li toj Petar i zadacite sto ke padnat na ispit vo juni??:pos2::pos2: