баш е фина жената:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:![]()
Во прва година таа беше на наш шалтер, а во трета повторно ни се падна истата.
Толку мрзоволна и незаинтересирана за работа личност во животов не сум сретнал.
Те гледа мрачно, како да ја прашуваш којзнае што, ја мрзи да ти одговори на прашањето (демек ние се си знаеме, упатени сме и не мора нив ништо да ги прашуваме), тотално е неуслужлива и само знае да те препрати на друго место или евентуално да те врати утредента затоа што во моментот “не располага со таква информација“.
Еднаш бев сведок, како во работно време сите 4 од студентски и плус таа од архива излегоа пред фах да купуваат постелнини од оние улични продавачи што шетаат по куќи и фирми. Да не биде сепак трагично, едната од нив (таа плавата, што е секогаш “расположена и насмеана“), се врати после “само“ 15-тина минути (очигледно прва си одбрала што постелнина сака).
Абе во работно време еееееј!
Ај што за студенти се достапни единствено 2 часа во текот на работниот ден и токму во тие 2 часа отидоа да си разгледуваат чаршафи и постелнини.
