Абе на еден асистент му се испушти дека имало една тешка група што ме чуваше па после му текна што кажа пошто го надоплнивме ние таа елиминаторната му рековме и почна , нене немојте така деца нема таква. Но имаше. Скоро сите шо беа таа паднаа меѓу кој беше едно прилично паметно девојче што знае многу појке од мене а јас положив без проблем така да има нешто тука.
Можеби има група со потешки задачи, ај нека им ја даде на 50 души, ама ЈБГ, сите што ги познавам а што се паднати ја имале таа фамозна "елиминаторна" група. Јас за првиот колоквиум добив група со тешки задачи, бев добро подготвен, ама од преголема трема не можев правилно да размислувам, т.е. почнав добро да размислувам дури кога го напуштив амфитеатарот.
Туку дај да ја оставиме таа елиминаторна на раат. Слушнав нешто дека Драге Јанев знаел некогаш и да ти даде задача да му решиш ако сакаш поголема оценка или ако сакаш да поминеш или нешто. Е сеа колку е тоа точно ако може да каже некој?!?!
Сигурно мислиш на дополнителниот испит.
Ти дава да спремиш околу 1/2 или 1/3 од учебникот, и од нив ти дава две задачи.