[zEUs];2026682 напиша:
А колку студенти примаа 200 во државна квота...
- Ја значи морам многу добро да га напраем државната матура за да имам над 80 поена :nesum: , а знаете дали ,,проектната задача,, што се прае носи дополнителни бодови, и на пример ја сум зел проектна задача по право и помалце поена ќе ми се дада ако идем на економски...
не е битна темата на проектната задача, барем за нашата генерација не беше, башка и добиваш високи оценки од професорите кои ти предавале. лично јас направив тема географија - климата во Р.Македонија , добив максимум поени како и останатите од гимназијата кои полагаа географија. и другите предмети пројдоа учениците одлично, ретко кој професор не даваше висока оценка на учениците од своите училишта. полагав мак. и анг. , додека изборни ми беа географија и информатика. од тие информаторите кои излегуваа низ весници, веб-страници, предметите: географија, информатика, историја, социологија и математика - беа предмети кои демек повеќе се барале на економски, иако вреднувањето по бодови мислам дека беше исто, имаше една шема од изборни ги множиш со оценката x 1.6 , додека за екстерните имаше некои финти со перцентилниот ранг..
искрено, со оглед на твојот успех ( 2пати добар и 2пати мн.добар или слично) не би се ни обидувал да конкурирам на економски со оглед на тоа дека на други факултети имаш нешто поголеми шанси да влезеш во државните/приватни квоти.
конкуренцијата оваа година беше многу голема на економски, смеровите кои имаа поголеми квоти ( алудирам на мојот - сметководоство и ревизија , кој имаше 44 со 44 студенти ) имаше голема заинтересираност, преку 100 и нешто луѓе беа пријавени, додека за финансиски менаџмент ако се сеќавам добро имаше над 250 пријавено, а примат 80. така да, ако сме реални, под 87/88 поени од матура+успех нема да ти завршат работа на економски, барем немаше да ти завршат ако пробаше оваа година. со 92.5 јас сум во приватна квота на сметководство и ревизија, а е-бизнис мислам дека границата за приватна почнуваше некаде од 94 поени.
Би размислувал сериозно за предлогот на Мац во твојот случај.
среќно