Економски факултет (стара тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата energichen
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Се паднав во 2ра група и овој семестар ќе бидам 2ра смена. Ме интересира дали во 2ор семестар, ќе бидеме обратно со смените или ќе си останеме вака? Не ми се оди цела година поручек.:toe:
Па зависи на која струка си, може да ти се случи цела година да бидеш поручек. Мислам дека тие што се на е-бизнис цела година се втора смена, ама некои предмети (ако не и сите) можеш да ги слушаш кога сакаш
 
Која година си?
Во прва, пред две години им дозволуваа на сите предмети преку колоквиуми.
А во втора, знам дека Менаџмент нема теоретска шанса да ти дозволи, а за другите, можеби некој ќе се смилува.

значи нема нешто што важи за сите туку на кој како му текне иде работава
 
Па зависи на која струка си, може да ти се случи цела година да бидеш поручек. Мислам дека тие што се на е-бизнис цела година се втора смена, ама некои предмети (ако не и сите) можеш да ги слушаш кога сакаш
Надворешна трговија сум. Фала богу дека можам и со другите да одам и онака нема да има евиденција кој е присутен, ама логички ми е некако да се смениме комплетно со смените. Глупаво е некој да биде цела година сабајле, а друг попладне.
 
значи нема нешто што важи за сите туку на кој како му текне иде работава
така некако, ти пишав како иде на пп
Надворешна трговија сум. Фала богу дека можам и со другите да одам и онака нема да има евиденција кој е присутен, ама логички ми е некако да се смениме комплетно со смените. Глупаво е некој да биде цела година сабајле, а друг попладне.
Па би требало да се смените со смените.
+сабајле одат скоро сите, часовите кои што се поручек се послабо посетени.
 
ВЕ МОЛАМ да ми го објасните следново: економија не се паднав во група кај Таки Фити, а сакам да бидам кај него, денес и бев на неговото предавање. Дали е можно да се префрлам (што треба да се направи) за да бидам во таа група на тие предавања.
 
можеш без проблем да си одиш на неговите предавања не ти прави никоја разлика, колоквиумот и истиот кај двајцата професори заедно го подготвуваат дури и јас коа полагав двајцата заедно дојдоа да ни посакаат успех е сега ако ти остане на испит само ке си го пријавиш кај него и тоа е се
 
јасно, благодарам. ама ме интересира дали ако одам на предавања кај Таки Фити нешто во распоредот може да ми се поремети, дека сепак не сум во таа група (на пример да има вежби или сл. во исто време со предавањата).
 
Дали некој од постарите студенти знае дали Маркетинг и Менаџмент книгите мора да се купат? Викаат да си набавиме од книжарата, и дека не толерирале скрипти и фотокопии. Па ме интересира дали прават некаков проблем професорите или евентуално некаква проверка дека си/не си купил книга.
 
ВЕ МОЛАМ да ми го објасните следново: економија не се паднав во група кај Таки Фити, а сакам да бидам кај него, денес и бев на неговото предавање. Дали е можно да се префрлам (што треба да се направи) за да бидам во таа група на тие предавања.

Слободно оди си на предавање кај Таки. Подобро ќе го совладаш материјалот само ако одиш редовно на предавања.
 
Не ми се оди цела година поручек.:toe:

Прв семестар само на економија оди.Потребни се предавањата за убаво студирање на материјалот.Кој има Introduction to ebusiness пожелно е да оди на предавањата и вежбите.
Не губи време со одење на Математика.оди на вежби и вежбај дома.Трговско право учи си дома.Ни под разно не губи драгоцено време на предавања.

Втор семестар само на статисика предавања и вежби.Асистентите се супер,а Славе колку и да е озогласен и намќор,добро предава.
Друго ништо.
Со среќа,кршете нозе.
 
Дали некој од постарите студенти знае дали Маркетинг и Менаџмент книгите мора да се купат? Викаат да си набавиме од книжарата, и дека не толерирале скрипти и фотокопии. Па ме интересира дали прават некаков проблем професорите или евентуално некаква проверка дека си/не си купил книга.
Вака ќе ти кажам, Маркетинг полагаа и оние кои не купија книга, па кога ќе видиш не прават проблем. А мислам дека за Менаџмент не ни запишуваат кога купуваш книга. Ти нема да носиш книга на факултет за да ти прават проблеми, не верувам дека би одел со копирана книга на консултации кај некој професор, а фала богу нема ни место кај да ја ставиш книгата во Амфитеатар 1.
 
јасно, благодарам. ама ме интересира дали ако одам на предавања кај Таки Фити нешто во распоредот може да ми се поремети, дека сепак не сум во таа група (на пример да има вежби или сл. во исто време со предавањата).

тоа ке си дознаеш кога ке има распоред за вежбите:) всушност никој со ништо не се замара и не те замара од аспект на предавања посебно во прва кај што има мал милион студенти. Дали ке одиш и кај кој ке одиш е твоја работа они направиле групи и објавиле распоред тоа е се.:) барем така си функционирале работите до сега
 
благодарам на сите кои се потрудиа да ми одговорат. уште нешто ако може:smir:
дали вежби ќе има само во петок (денот кога немам предавања) или во текот на цела недела ?
 
Нема врска денот, може било кој ден да е :)
 
ВЕ МОЛАМ да ми го објасните следново: економија не се паднав во група кај Таки Фити, а сакам да бидам кај него, денес и бев на неговото предавање. Дали е можно да се префрлам (што треба да се направи) за да бидам во таа група на тие предавања.
A moze da mi kazes koja grupa si? Zosto ja sum vtora grupa i u sredata na predavanjeto po ekonomija bil Taki Fiti, a i denes na prva grupa on im predaval bar taka mislam!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom