Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Слободно земете си го Лекиќ.

Не, не, задржете си го :tv:

ГООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛ, РИКИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ:baklja::baklja::baklja::baklja:
ВВлегува Фелипе, дрибла по страна, додава до Валерон овој внатре до рики и 1-0 :vozbud::vozbud::vozbud:

Тепавмееееееееееееееееееее:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Да ти ебам инфаркт ќе ме фатеше :)
Одличен втор дел од нашите играчи, можеби мотивација беа 500 000 евра ветени од Севиља. Едноставно знаев дека ќе тепаме денес. Влезе Фелипе подаде до Валерон, овој одлично го најде Рики кој го постигна осмиот гол годинава за 1-0. До карјот бевме подобри како и во цело втро о полувреме и заслужено победивме после 11 меча :back:
 
Севиља ни даде мотивација со 500 000 евра :ipos:

Хајлајтс после долго време :back:

Ако ако ќе видите вие догодина...пак ќе ве тепаме...може да ви пуштиме една доколку ни го дадете Филипе:back:
 
Ако ако ќе видите вие догодина...пак ќе ве тепаме...може да ви пуштиме една доколку ни го дадете Филипе:back:
Ќе видиме за Фелипе, иако пишав дека да сум јас на чело на Депор, би прифатил трампа Фелипе за Москвера плус 10-тина милиони евра , али сега и тоа би одбил.
hahahal.png

:icon_mrgr:icon_mrgr:icon_mrgr

Инаку после мечот, Лотина изјавил дека е задоволен од прикажаната игра, и дека Депортиво е сосема различен тим со Фелипе, што се забележа во вториот дел :)
 
Ќе видиме за Фелипе, иако пишав дека да сум јас на чело на Депор, би прифатил трампа Фелипе за Москвера плус 10-тина милиони евра , али сега и тоа би одбил.
hahahal.png

:icon_mrgr:icon_mrgr:icon_mrgr

Инаку после мечот, Лотина изјавил дека е задоволен од прикажаната игра, и дека Депортиво е сосема различен тим со Фелипе, што се забележа во вториот дел :)

Што пишува во паролата? Инаку Москевера ја би ви го дал на 2 години позајмица енивеј:tv:
 
Роналдо: 94М
Кака: 65М
Филипе: нема цена:tv:
 
Дани Аранзубиа го продолжи договорот до 2013 година. Инаку Фелипе не го земаа во составот на Бразил. Многу ми е жал заради ова, затоа што и покрај повредата со игрите во оваа сезона заслужи да заигра на СП. Но затоа во финалниот состав на Португалија влезе Зе Кастро. Не ми се верува дека овој играч успеа да избори место за СП, и тоа на местото на Пепе (иако ова се должи на долговремената повреда на Пепе). Зе Кастро имаше катастрофална сезона во Депортиво и скоро со ништо не заслужи да настапува на престојното СП. Но се надевам дека ќе изигра некоја минута во Јужна Африка, па ќе му скокне цената на пазарот, затоа што не планирам да го гледам на Риазор идна година. Покрај него, има уште еден играч од Депортиво кој ќе настапи на Сп, а тоа е Гвардадо, кој ќе биде еден од најдобрите во Мексиканскиот состав.
На мечот со Мајорка за прв пат од своето постоење, протест имаа навивачите на Депортиво, Riazor Blues. Тие цело прво полувреме бојкотираа истакнувајќи најразлични пароли, за да од почетокот на второто да дадат максимална поддршка. Изгледа тоа нивно предупредување за играчите влијаеше врз нив, па после 11 кола Депор победи :icon_mrgr
 
Депортиво најверојатно веќе следната недела ќе успее да ја продолжи позајмицата на Брајан Ангуло. Во меѓувреме Лотина изјави дека е презадоволен од формата на Давид Рочела и дека идната година ќе биде промовиран во играч на Депортиво:) Истотака, Серхио изјави дека е многу разочаран затоа што никој од управата на Депортиво не му предложил продолжување на договорот. Изјавил дека иако татко му кој е куќен пријател со Лендорио испратил писмо до Лендоиро за да му биде продолжен договорот на Серхио, сепак одовор не добил никогаш. Иако Серхио е еден од легендите на Депор, сепак мислам дека е време да го напушти клубот...
За мечот со Атлетик Билбао, најавено е дека фелипе 100% ќе стартува, а на голот место Аранзубиа ќе биде Ману. Се друго е енигма :)
 
Да бидеме малце самокритични.Јас верувам дека Серхио е еден од потешките тапи у Депор.И не знам што к*р чекаат нека го шитнат некаде.Цел живот игра фудбал и пак не научи да игра.Каккви киксови може да си дозволи тој,просто у наша лига нема такво нешто.Имало господ, мавај го одма.
 
Да бидеме малце самокритични.Јас верувам дека Серхио е еден од потешките тапи у Депор.И не знам што к*р чекаат нека го шитнат некаде.Цел живот игра фудбал и пак не научи да игра.Каккви киксови може да си дозволи тој,просто у наша лига нема такво нешто.Имало господ, мавај го одма.

Дефинитивно после повредата а и пред неа, Срхио не би можел да избори место во стартниот тим. Не дека имаме поквалитетни играчи, но ако сакаме со поголеми амбиции да влеземе во следната сезона, тогаш не треба да се размислува. За продавање никој не би го купно на крајов од сезонава му истекува дооворот и пожелно е да биде ослобден од обврски.
Весникот МАРКА упорно го поврзува ветеранот на Билбао Фран Јесте за Депортиво. И на него му истекува сега договорот, и мислам дека ќе направиме голема грешка ако го земеме. Ќе биде исто дрво како и Миста, а такви старци не ни требаат :jaj:
Инаку изјава даде и Фелипе оиколу тоа што не е повикан за Бразил. Изјави дека му било мило што во групите бил учесник во репрезентацијата, и дека верува во изборот на Дунга, и на евентуално освоената титула би се радувал како и он да е дел од составот :smir:
 
Остана само уште еден меч за одигрување, а тоа е гостувањето во Билбао. Време кога се сумираат резултатите од сезоната и се почнува со шпекулации за следната сезона. Веќе 90% е познато дека десното крило на Елче Саул Фернандез доаѓа во Депортиво како слободен играч.
Нов на списокот на шпекулации на Депортиво (потврдено е и од Лотина) е левото крило на второлигашот Гимнастик, Валтер Фернандез Балуфо. Одново играч кој не ми значи ништо, но се надевам дека ќе излезе дека е некое солидно засилување. Во меѓувреме, нашиот најдобар играч, Гвардадо, кој веќе подолго време се наоѓа во Мексико, го посигна единствениот погодок во победата на неговата репрезентација од 1-0, во првиот пријателски меч со Ангола :icon_mrgr
Истотака утре во 20 часот првиот меч од баражот за третата лига го игра Фабрил( Депор Б), а противник е екипата на Бургос. Се надевам на влез на фабрил во третата лига, бидејќи веќе имаат доста играчи кои го искусија учеството во Примера во оваа сезона.
 
Го загубивме и последниот меч од сезоната. Од таму каде што почна нашата агонија, со истиот противник и заврши. Пораз на Сан мамеш од 2-0 со Атлетик Билбао. Противникот супериорен во првиот дел, едноставно го прегази Депортиво, кој за овој меч почна со Фелипе-Лопо-Зе Кастро-Пабло во одбраната. Фелипе изигра солидно, но Пабло уште еднаш покажа дека е време да стави крај на кариера и идна година сериозно да се размислува за некој брз и млад десен бек. Катастрофално издание уште еднаш од Зе Кастро. И пак неможам да се изначудам како го земаа за Португалија на СП :pop: Мечот го игравме без Рики (нашиот најдобар стрелец оваа сезона со 8 гола, кој многу често беше поврден ЗА ЖАЛ!), па во нападот беше Адријан. Но и тој се повреди уште на почеѕтокот и до крај играше Ласад кој покажа дека нема ништо заедничко со оној Ласад пред големата 4-5 месечна повреда :( Лошо издание во првиот дел. Вториот дел Депортиво тргна похрабро. Иван Перез ја имаше најдобрата шанса на мечот но неверојатно е што успеа да промаши. Депортиво имаше напади и заслужи нерешено, но казната стигна кога беше совладам одличниот на овој меч, Ману. Пораз кој не ни значи ништо, и со ова само се стави капак на очајниот втор дел од сезоната во кој беа освоени само 12 мизерни бода, кои со есенските 35, беа доволни за вкупни 47 и освојување на реалното десето место:smir:
Еден весник од Ла Коруња ги објави играчите кои се на таргет на Лотина. Се вели дека скоро 90% нови играчи на Депор ќе бидат десното крило Саул ( за кој има информации дека е многу брз, умее да шутиира со двете нозе и мислам дека е профил на играч каков што бараме во Депортиво :)) од Елче и Мигуел Хереро Мичел, средњакот од Валенсија. Другите двајца се левото крило Валтер Фернандез од Гимнастик и напаѓачот на Ѕвезда, Лекиќ (НЕЗНАМ ШТО КУР БАРААТ ДА ГО КУПАТ ОВА ДРВО, АЛИ АЈ....).

Инаку вчера се одигра и првиот дуел од баражот за трета лига, и Фабрил на тешкото гостување во Бургос извади солидни 0-0 :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom