Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Сајбер како оди опорувањето на Филипе...кога ќе се врати?:nesum:

Се врати на тренинзи уште пред недела дена, и има шанса да настапи на некој од последните два дуели од оваа сезона. Можеби ќе се врати баш за мечот со Билбао, противникот на Депортиво дента кога се повреди Фелипе :)
 
Ејјј епа супер баш сакам да го гледам да видам што типче е дали ќе има сили да се поврати од таа тешка повреда:tv:
 
Ејјј епа супер баш сакам да го гледам да видам што типче е дали ќе има сили да се поврати од таа тешка повреда:tv:

Ќе видиме :)
Слична ваква повреда имаше и Мануел Пабло во неговите најдобри години, и никогаш не се врати во својата форма. Незнам колку знаете, ама во 2001 година, Мануел Пабло беше еден од најперспективните Шпански десни бекови, и како што се шпекулира во 2001, Реал му го нудел Касиљас плус пари, на депортиво во замена за Пабло. Депортиво не прифатиле и тоа им е најголемата грешка, али ете никогаш не се знае во која форма ќе се врати играч по една ваква повреда:)
 
Ххехехехе интересно не сум знаел за ова....уфф која среќа што не го дале Касиљас:vozbud:
 
Каков трагичар е овој Серхио тоа е нешто неверојатно. Им подарува чист гол на Сарагоса и веќе губиме со 0-1 на наш терен. Стрелец е играчот кој очајно го посакувам во дресот на Депортиво, Колунга :)
Инаку играме со крпен тин во кој шанса доибија многу играчи од Депортиво Б.
На гол е Аранзубиа, десно мануел Пабло, па Давид Рочела (играчот на Фабрил), Лопо и Раул лево (истотака играч на Фабрил). Во средината Родригез, Жука, Серхио и Перез, и во нападот Ласад и Рики:)
Колку да заврши првентсвото...

Уште еден пораз на вчерашниот меч :)
Депортиво-Сарагоса 0-1. Резултатот не го отсликува тоа што се случуваше на теренот. Депортиво беше подобрата екипа, и заслужи да победи и тоа убедливо. Сарагоса имаше само еден шут, и за несреќа Колунга стрелаше за 0-1. Младата одбрана со Раул и Рочела беше на ниво во целиот меч. Одново трагичар беше Серхио. Ако стартувавме со Антонио Томас, овој пораз сигурно ќе беше избегнат. Ама баксузот продолжи, Томас се повреди на загревањето, по што Ањон кој живее блиску до стадионот веднаш беше повикан за да биде на клупата :pos:
Една од посмешните ситуации кои сум ги прочитал во животов :)
И дури доби и шанса да заигра. Се повреди Рики, кој воедно беше најдобар поединец на теренот заедно со Жука, кој изненади со прикажаното. Во првиот дел имавме една сто процентна можност, но по нафрлувањето на Иван Перез, Родригез промаши за малку:( Во вториот дел, Рики имаше неколку продори, но најчесто неговите удари завршуваа над голот. И тогаш како што спомнав по една шанса се повреди и влезе младиот Давид Ањон. При својот прв допир ја погоди пречката, откако гостинскиот голман со одлична парада ја чепна за таа да не влезе во гол :pop: Тоа беше еден одличен продор на Адријан и прекрасно нафрлување, но најголемата шанса сепак не ја валоризиравме. Имавме уште неколку полушанси, додека Сарагоса немаше ни шут кон гол. Не дека поразов менува нешто, али ќе беше одлична одмазда ако ја тепавме Сарагоса, за да ја вратиме во втора лига, бидејќи поради нив на неколку дена од почетокот на првенството ни го лапнаа единственото добро десно крило Лафита, по смешни судски одлуки :kesa:
 
Скоро потврдено 90% е сигурно дека во следната сезона сино-белиот дрес на Депортиво ќе го носи Саул Фернандез Гарсија, досегашен играч на второлигашот Елче.
saul291007_ES.jpg

Оваа сезона во дресот на второлигашот Елче изиграл 30 меча во кои има 4 асистенции и 3 погодоци. Колку што и ни се можностите купуваме еден просечен играч, за кој Лотина изразил голема желба. Можеби ќе се покаже како добар играч, а можеби и не. Сепак финансиите ни се такви и можеме само да експериментираме, но не и да купиме некој квалитетен играч.
Во меѓувреме, и официјално за мечот со Осасуна ќе бидат подготвени Ласад и Рики кои имаа мали повреди, додека Хуан Домингез и Пабло Алварез скоро сигурно ќе го пропуштат овој меч. На ова гостување треба да ги воиграме уште малку некои наши играчи, и да го испробаме квалитетот на Раул и Давид Рочела. Каква е финансииската состојба во Депортиво, ништо чудно они да бидат и носители на играта во следната сезона :)

milano.png
:back:
 
На утрешниот меч со Осасуна останавме без Адријан кој се пожалил на повреда :pop:
Затоа како стартер за прв пат ќе биде Давид Ањон :)
Најверојатно својот втор прволигашки меч како стартер ќе го изигра и Давид Рочела, а Раул пак ќе го изигра својот втор меч како стартер. Формацијата по се изгледа ќе биде истата мочана 4-2-3-1. На голот стандардно Аранзубиа, а во централната одбрана Раул и Колото. Десно Мануел Пабло, а лево Лауре. Како DM за прв пат ќе биде испробан Давид Рочела, а до него Жука. На десната крилна позиција ќе биде Хуан Родригез, лево Давид Ањон а централно Валерон. Во нападот Рики.
Состав скрпен во последен момент, и не очекувам ништо друго освен чист кец од утрешниот меч:smir:
Ние сме третата најлоша екипа од петте најаки Европски првенства со само 10 бода во вториот дел на сезоната, а очекувам оваа цифра да не се смени воопшто до крајот на сезоната.
Уствари може да се случи некој непредвиден бод, затоа што Лотина го најави враќањето на Фелипе за саботниот меч со Мајорка:vozbud::vozbud::vozbud:

Неможам да престанам да се смеам...ЗЕ КАСТРО ГО ИЗБРАЛЕ ВО ПРЕЛИМИНАРНАТА ЛИСТА НА ПОРТУГАЛИЈА ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО. Каков слепец треба да е Карлос Квеироз за да земе ваков третокласен играч во својата репрезентација. Секоја чест ако заигра на светското, барем ќе го шитнеме за повеќе пари, или пак ќе стекне искуство за понатаму и ќе не изненади сите и ќе ме натера да си ги повлечам сите мои лоши зборови :pos:

Инаку во неделата крај на својата кариера постави нашиот најлегендарен играч и играч кој ми донел многу радост во живот. Да живее РОЈ МАКАЈ:cuc::cuc:
Фала ти за се што стори за Депортиво. Крајот на својата кариера го зачини со хет трик во последниот меч од Холандското првенство кој Феенорд го доби со 6-2 против Херенвен.
 
Нов пораз :cigla:
Осасуна-Депортиво 3-1!
Од цел овој натпревар ќе го издвојам само одличното играње на Рики, и неговиот постигнат гол, како и катастрофалните грешки на нашиот голман Аранзубиа. Од толку фалење што му удрив, во последниве десетина меча е право дрвесимо. Ќе ми биде многу мило, ако го задржиме Рики за следните сезони, и со подобри асистенти конечно ќе имаме голгетер од типот на Макај, Пандијани и Тристан, нешто што ни фали со години. Денес Лопо побарал од сите играчи да го остават срцето на терен на последните мечеви. Мислам дека е конечно време да совладаме некој тим, а следен противник ни е Мајорка која има огромни мотиви, односно се бори за ЛШ. Сепак нешто ми кажива дека ќе одиграме добар меч. Дали можеби враќањето на Фелипе ми влева оптимизам???:)
И за крај една интересна вест. Жорге Андраде отворил паб во Ла Коруња. Играчот кој неколку години беше столб во одбрана на Депортиво, пред да доживее три огромни повреди кои го оддалечија три години од терените, по што и стави крај на кариерата, се решил на овој поотг за да биде поблиску до колегите од минатото :)
 
Убав потег од страна на Андраде.Него како стоите на табелата?
 
Убав потег од страна на Андраде.Него како стоите на табелата?
Катастрофално :) 10 место со 44 бода, 2 помалку од деветиот Атлетико, и 2 повеќе од единаесетата Осасуна :) До крајот би требало да паднеме некаде до 13-4 место :smir:
 
Вториот пик на Лотина, после Саул, е Дејан Лекиќ, има и на српските и на шпанските страници.
Колку мислиш дека можат да го платат (цифра)? Звезда сигурно не го дава под 2-2,5 милиони. Ако си член на нивен форум, пиши малку повеќе околу оваа најава.
 
Лотина изјавил дека после Саул Лекиќ е вториот пик. Се шпекулира со суми од 6 милиони и слично. Иако членовите на форумот кои доаѓаат од Балканските простори се сложуваат дека тоа е премногу за овој играч. Мислам дека ако Депортиво се одлучи да го земе (што е мала шансата бидејќи го бараат тимови со повеќе финансии), би дале максимум 4.5 милиони евра :wink:

Севиља ни ветиле пола милион ако ја победиме мајорка утре. Се повеќе верувам дека утре конечно ќе биде прекината серијата. Ако бидам дома вечерта ќе си гледам на раат :tv: И едвај чекам во каква форма ќе се врати Фелипе, па макар изиграл 10 минути :back:

Ветераните на Депортиво се новите ја освојуваат втората титула во последните три првенства на Шпанија за ветерани. Шампиониииии, шампионииии, але але аооооо:baklja::baklja::baklja::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Реал втор, Барса последна :baeh::baeh:
http://www.plus.es/galeria-videos/Futbol/Videogaleria-Liga-Futbol-Indoor-2010/20100121pluutmftb_1/Zes
Еве ги головите од последниот меч со Атлетико добиен со 13-10 :)
 
Мора да е некој страшен играч тој Саул штом го нема ни на google кога пребарувам за него:pos2:
 
Мора да е некој страшен играч тој Саул штом го нема ни на google кога пребарувам за него:pos2:

Не си се потрудил повеќе :pos:
Побарај го како Saul, FC ELCHE и ќе го најдеш:)

Инаку одново тапа игра. Имаме среќа што на полувреме со Мајорка резултатот е сеуште почетниот. А започнавме убаво со шанса на Жука но овој за малку не погоди. И после од 15 до 25 минута, се наредија 5 чисти шанси пред нашиот гол. На два пати Давид Рочела со клизачи успеа да го спаси нашиот гол, откако нашите бекови неможеа да се спротистават на противничките брзи играчи:kesa: На два пати имавме огромна среќа откако топката само минуваше покрај нашиот гол, а еднаш не спаси Аразубиа. Потоа се ослободивме и ја имавме најголемата шанса. Нафрлување од корнер, а Рики стрела само во пречката :(
Се надевам дека во вториот дел во игра ќе го видам Фелипе :back:
И време е да се тргне по трите бода :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom