- Член од
- 25 октомври 2007
- Мислења
- 1.141
- Поени од реакции
- 10
ДРВЕНИ ПОКУЌНИНСКИ ПРЕДМЕТИ И ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКИ ЗАНАЕТИ Дрвото како природен материјал кој е лесен за обработка и обликување, наоѓа голема примена во изработка на покуќнинските предмети од најстаро време до
денес. Предметите биле изработувани од разни видови дрво: даб, бука, липа, јавор, брест, топола, орев, врба и др.,во наједноставни занаетчиски техники и со примитивен алат : секира, тесла, нож, земало.
Збирката брои 1350 предмети, кои имале применета функција во секојдневниот живот. Збирката е тематски поделена на повеќе колекции.
Предмети кои се користеле за подготвување, служење, чување и складирање на храната: чупани, вагани, копани, чаши, лучници, лажици, црпалки, текниња за месење леб, ноќви , брашненици, дибеци, карти, букли, бутини софри, таруни, разни видови корпи, сита.
Од ентериерни предмети карактеристични за селската и за градс
ката куќа се кофчезите за облека. Ги има од најобични без декорација до богато украсени со разни техники и материјали : плитка резба, апликации од метал, кожа, инкрустрација од седеф, обоени и сл. Потоа разни видови столчиња: троножни, со потпирач и без потпирач и клупи. Водници за поставување на садовите за вода и разни корита .
Алатките за преработка на текстилни влакна и изработка на текстил: разни видови фурки, вретена, гребени, летки за моткање конци, мотовила, витли, чокани, чекреци, разбои за ткаење, трлици за чукање коноп и др.