Super tekst na JK vo Dnevnik.
Ova mu doagja kako objasn. na logikata na strancite koi se nesto baraat.Eve najnovo bilo siroka koal.
Има ли во ВМРО вмровци?
Луѓето од доверба на Груевски („големите вмровци“), секојдневно капитулираат на сите полиња, на сите задачи што самите си ги поставија. Истите тие луѓе на Груевски му ги сместија „успешните“ реформи во здравството, аферите во урбанизмот, неуспешната борба со македонските олигарси, разните полутранспарентни или нетранспарентни јавни тендери, а на крајот и неуспешното водење на надворешната политика
Прашањето има ли во ВМРО, вмровци си го поставувам долго, но за овој текст бев предизвикан од настапот на пратениците на ДПА во Собранието по повод акцијата „Планинска бура“, како и од неодамнешниот настап на поранешниот премиер Бучковски, кој од истата говорницата при изборот на директорката на Комисијата за хартии од вредност речиси на идентичен начин го постави и одговори истото прашање. За и јас да го дадам својот одговор, ќе се навратам на неколку моменти. Најсвежо во сеќавањето ни е јавното бранење на акцијата на македонските полициски сили во Бродец (читај бранење на државата Македонија) на пратениците и функционерите од ДПА. Овие личности ќе останат запаметени во историјата на македонската држава и во психата на македонскиот народ бидејќи прв пат на мошне експлицитен начин им одржаа лекција по патриотизам на своите колеги пратеници-Македонци, а, пред се', на „големите вмровци“ во пратеничките клупи. Докажаа и покажаа како се брани државата - како легитимно преземените средства за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на својата држава Македонија, се бранат од неоснованите, тенденциозни и антидржавни напади на своите колеги (од иста националност), кои ги штитат сепаратистите, криминалците и терористите од своите редови. „Големите патриоти“ Македонци при расправата ги снема како глувци под парламентарните клупи и во собраниските дупки и ниту збор во одбрана на акцијата, во одбрана на заменик-министерот Рефет Елмази, Бесим Догани и на другите пратеници од ДПА. Веројатно го чекаа гласањето да го кажат својот збор!?
Втората лекција на пратениците „лавови“, како и јавна промоција на променетите ставови и свест за својата држава како и јавна одбрана на македонските државни интереси од истите пратеници ни се случи при расправата за предлогот на Метју Нимиц за промена на нашиот став за името. И во оваа ситуација нивниот лидер од името на партијата ДПА и нејзините членови и симпатизери јавно застана во одбрана на постојното име, Република Македонија. Пратениците „големи вмровци“ повторно ги немаше во јавноста освен министерот за надворешни работи и премиерот, кои сакаа-не сакаа мораа да излезат по службена должност.
Кога размислувам на одговорот на прашањето во почетокот на текстов, неминовно се потсетувам на последниот и единствен мој разговор со Никола Груевски по спојувањето, односно по враќањето на членовите на ВМРО-Вистинска во ВМРО-ДПМНЕ. Неколку месеци пред последните парламентарни избори, во неговиот кабинет во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, во лежерна и повеќе куртоазна средба, Груевски ме праша каде го гледам своето место во партијата. Со оглед на моето долгогодишно политичко искуство, заслуги за партијата и на мојот научен и општествен статус беше децидно одговорено дека местото ми е меѓу првите пет луѓе во раководството на партијата. Децидниот и реален одговор чинам малку го збуни новопоставениот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и ми одговори дека му се потребни луѓе во кои има доверба, а јас сум човек што не ме познава добро. А како и ќе ме познава кога до пред да стане министер во владата на Георгиевски беше советник во општина Центар од нашите редови, но со партиски стаж од само неколку месеци.
Од тогаш постојано ги гледам луѓето од доверба на Груевски како доаѓаат на државни функции и кои манифестираат патриотски жонглеризам несвојствен за вмровската идеја. Ја користат вмровската идеја за здобивање позиција и лични и материјални придобивки, не водејќи сметка за пошироките народни интереси. Гледаме се' повеќе и повеќе вмровски сурогати, кои ни ја раководат државата и стекнуваат негова се' поголема доверба, а се' помала од членовите на партијата. Не би сакал да бидам пророк, но стоотстотно сум сигурен дека во иднина се' помалку ќе им веруваат и граѓаните. Зачудувачки е фактот дека луѓе од доверба на Груевски и „вмровци“ станаа млади и недозреани до вчера социјалдемократски јуноши со недоволен интелектуален и човечки капацитет, а, од друга страна, се довчерашни и денешни комуњари со академски статус во државата, кои уште од оваа наша партија не пиеле вода и јаделе леб и ги уживале благодатите од државата. Наеднаш довчерашните комунисти, па социјалдемократи, либерали, либералдемократи, социјалисти и најпосле подоцна освестени вмровци стануваат советници на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и сегашен премиер на државата, стануваат негови министри, директори, амбасадори..., а на сите заедно да им го собереш партискиот стаж немаат ни една-две години.
Иако се сметам за разбран човек, кој дури и не би го зел за минус партискиот стаж, сепак, не можам да разберам кои се другите критериуми да се стане човек од доверба на Груевски. Дали тоа е честото менување на идеологијата од комунистичка преку социјалдемократска до демохристијанска (а утре и некоја нова што не би било на одмет), дали, што би рекла една наша повозрасна новинарка, умешното и постојано буткање во дебелото црево на премиерот, дали постојаното аминување и климање со глава или умилкување со зборовите „премиере, ти си најубав, најумен, во право си шефе, убаво им направи, сега му е мајката, без тебе не можеме“...? Дали тоа е умешното криење зад грбот на пратениците на ДПА кога е во прашање одбрана на државата? Можеби ова се начините за стекнување премиерска доверба, но бидете сигурни не и вмровска. За жал, исто се случува и на локално ниво, каде во општинските комитети царуваат довчерашните „крвни“ непријатели на вмровците. Сега истите тие се поголеми вмровци и од основачите на ВМРО.
Луѓето од доверба на Груевски („големите вмровци“), секојдневно капитулираат на сите полиња, на сите задачи што самите си ги поставија. Не би сакал да прозвучам како социјалдемократите во критиките кон премиерот, но за волја на вистината истите тие луѓе од доверба на Груевски, му ги сместија „успешните“ реформи во здравството, аферите во урбанизмот, неуспешната борба со македонските олигарси, разните полутранспарентни или нетранспарентни јавни огласи, а на крајот и неуспешното водење на надворешната политика. Да се потсетиме само на секојдневните глупости на оние лејки од градоначалници на општините Аеродром, Битола, Кисела Вода и на други општини.
Ги разбирам потребата и отвореноста на партијата за нови кадри, за свежи лица, за умни, начитани и за дечки со визија, но не ја разбирам идејата за прифаќање и промовирање на оние што не успеале или не добиле функција кај социјалдемократите или кај либералдемократите тука да стануваат први виолини. Не ја разбирам идејата за протежирање на квазипатриоти. Жално, но вистинити се се' погласните озборувања дека во ВМРО-ДПМНЕ сега има повеќе социјалдемократи отколку во СДСМ.
До кога со овие луѓе од доверба и „големи вмровци“, премиере?
П.С. Со вплеткувањето во бизнис-релации на луѓето од доверба на премиерот со членовите на едно „македонско“ семејство (семејство за сите времиња и сите партии) чија фирма го носи називот на еден од многуте видови морски китови, за жал, се гледа почетокот на крајот на почнатиот, но недосонуван сон.
Јове Кекеновски (Авторот е профес[/SIZE][/SIZE]ор на Првиот приватен универзитет ФОН)