Ejj bas sakam vakvi igraci da ima vo Makedonija!Sakam da ima mnogu poveke igraci i mnogu poatraktivni ligi vo Makedonija i taka ke ima se poveke i poveke igraci!
pa stoako igral za Dinamo!?
Американецот Џеремаја Мејси, за чија натурализација во КФМ велеа дека се уште е во тек, од пред неколку дена во Грција е регистриран како македонски кошаркар, и тоа според официјалната интернет-страница на грчка ЕСАКЕ-лига. Мејси како Македонец го одигра завчерашниот меч на Арис против Олимпија Лариса (74-58). На оваа средба Мејси одигра брилијантно, беше избран за најкорисен (МВП) играч на мечот, со учинок од 28 поени (2/2 за 3п, 11/13 за 2п) и седум скока.
Официјалното објавување на македонското државјанство на Мејси автоматски значи и право тој да игра за жолто-црвената чета, и тоа веќе од циклусот квалификации за следното Европското првенство (2009 година во Полска), кои почнуваат в година. Според стручњаците, Македонија во крилото Мејси (25 години) добива екстраквалитетен кошаркар на позиција што одамна е дефицитарна во најдобриот тим на нашата држава, еден вид спасител и огромен адут на патот кон второто учество на едно ЕП, по тоа во 1999 година во Франција.
- Мејси е фантастичен кошаркар. Игра успешно на двете крилни позиции (ниско и силно крило-н.з.), нешто што одамна и недостасува на македонската кошарка. Висок е, силен, добар шутер, но и одличен во играта со грб кон кошот. Ако навистина сака да игра за Македонија, во него ќе добиеме играч како што можеби сме немале никогаш во избраниот состав - велат добрите познавачи на состојбите во македонската, но и во грчката кошарка.
За одличниот квалитет на Мејси говори и фактот што тој втора сезона по ред е вистински лидер на солунски Арис, екипа што редовно е во врвот на грчката кошарка. Сезонава тој на осум натпревари има просек од 20,6 поени и 9,6 скока, со што е меѓу најдобрите петмина во Грција во овие две статистички категории. Во натпреварите од Евролигата, пак, на седум меча има просек од 16,6 поени и 8,4 скока.
Оцените се дека во моментов Македонија има квалитетна центарска линија во која се наоѓаат Тодор Гечевски, Предраг Самарџиски и Перо Антиќ и дека нема потреба единственото место во составот за натурализиран кошаркар да се троши на сличен кошаркар од типот на Рајан Стак, Рајан Вилкинсон или Кевин Флечер. Со евентуалното играње на Мејси во жолто-црвениот дрес би се добил дополнителен квалитет на крилната позиција на која во минатиот квалификациски циклус го имавме единствено Диме Тасовски, кој и не е класично крило.
Сепак, засега треба да се биде резервиран во однос на тоа дали Мејси ќе игра за Македонија, без разлика што тоа е обврска што ја прифатил со согласувањето да добие пасош на нашата држава. Досегашните искуства велат дека новопечениот Македонец нема баш преголема желба да игра на репрезентативните натпреварувања, барем таков беше случајот со Словачка, чиј пасош имаше до неодамна.
Мејси лани во Арис потпиша како Словак, но поради тоа што летово одбил да настапи за Словачка му бил одземен пасошот на оваа држава (според словачките медиуми). Поради тоа што во Арис веќе играат двајца Американци, на Мејси итно му бил потребен пасош на некоја европска држава, а Македонија прва се понудила да му го даде.