Kvendolin
чупе од бурдите
- Член од
- 24 март 2007
- Мислења
- 1.003
- Поени од реакции
- 75
- Возраст
- 40
Ајмо повторување на тема ,,Битката на жените,, со горе-долу неизменети коментари.
Има една емисија на сител се вика осумка, и има една пријатна и разумна тетка која зборува за диети, слабеење, здрав живот. Пред некој ден ко ја гледав емисијата ,,тетката,, ги спомна разликите помеѓу мажите и жените , битките за рамноправност и сето тоа и воедно кажа една многу конзервативна претпоставувам, според западни стандарди девиза (ќе парафразирам): дека секој неконтролиран обид на жена или маж да заличи на спротивниот пол до мера која надминува некои граници (кои не сум сигурна дека ги дефинира) претставува психички проблем за тој маж или жена. Вистина е дека жената денес не е она што беше, односно е многу далеку од она што беше, ама пак од друга страна ни јас не можам да си ја објаснам сопствената потреба да се бунтувам и да противречам за сите традицинални женски принципи кои и се препишуваат на жената во современото опшество. Зошто толку ни смета да бидеме жени-жени? И овде се наметнува потребата од редефинирање на жената...Односно дали и на овие наши простори е извршено тоа редефинирање или останати се да важат традиционалните определби на жената и вообичаеното нејзино ,,сместување онаму каде што и е местото,,? Забегавме од темата...