Фан клуб - РК Металург

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
^ Па чим на полувреме се држеле со нив и губеле само 2 разлика тоа би значело дека би можеле да се надигруваме со нив...
Браво за резултатот не е мала работа да се загуби "само" 6 разлика од една екипа која е меѓу најдобрите у најсилната лига на свет, а и ако се знае дека секој наш тим игра многу подобро дома тогаш може многу да очекуваме.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Па и не е којзнае колку добар резултатот, шест разлика не се баш малце...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Најверојатно ќе треба победа од 7 разлика...
Мал број на постигнати голови во гости,тешко дека екипа како Гепниген ќе се задржи на граница под 21 гол...
Сепак Металург е екипа која има доста силна одбрана....Червар е експерт за одбрана...:sport1:
Па најверојатно повторно целата тактика ќе биди ставена на одбраната...:kickbox:
Доколку одиграат една силна одбрана,да проработи контрата се е можно....
Иако за реваншот ќе треба нападот да се подобри барем за едно ниво...
Германска екипа не можи да се добие само на одбрана...
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
ќе ја има денес пренос со гепинген утакмицата на некоја наша телевизија?
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
ќе ја има денес пренос со гепинген утакмицата на некоја наша телевизија?
Канал 5 ќе врши пренос.
п.с. Кажете колкави се шансите да се дојде до карта за натпреварот?
 
Член од
26 август 2010
Мислења
27
Поени од реакции
9
Канал 5 ќе врши пренос.
п.с. Кажете колкави се шансите да се дојде до карта за натпреварот?
Не сум сигруна ама мислам дека ќе даваат гратиси пред сала, често така прават
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Навивачка група има во салата бе ? :icon_mrgr

--- надополнето ---

Добро играа првите 15тина минути,дури имаа и предност од 3 гола. Али после паднаа и германците успеаа да дојдат дури до водство и да водан на полувреме со 1 ралика. Мн тешко да успеат металург да се провлечат понатаму. Скоро невозможно.
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Да не ве отпишвам, ама мислам дека доста ви беше од европа за оваа сезона :toe:

Ни Дивио ни Митревски ништо не фатија, одбраната на почеток беше добра ама последните 10 минути изгуби концентрација... Промашените 2 пенали и тоа што се чека да шутни Мојсо или Миркуловски да се испика до гол, сепак тешко да можат да поминат против Гепинген и Тахировиќ :smir:

п.с кога коментаторот вели дека атмосферата е неверојатна, дека вистински пекол било во автокоманда сигурно мисли на тој глаучо на разгласот шо се дери :pos2:
Не ми е јасно како не се најде некој делегат да го избрка да можи чоек на рает да си гледа ракомет, дури и му одмога на Металург отколку шо му помага :kesa:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.054
Какви шутери имаат Германциве :nesvest:
Ауф мрежи бушат. Убаво почна Металург, ама толку е квалитетот. Барем да победат колку да обелат образот.
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
Добро бе да не можеле да дадат гол од пенал...
Првото полувреме играа подобро па затоа и водеа ама веќе во второто никако Металург не можеше да израмни и загуби со еден гол разлика.:toe:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
ја напишав уште кога беше ждребката гепинген ќе победи и дома и на гости и тоа се оствари, а најбитно се докажа дека нашиве кога губат судии им се криви и еве се покажа кој поквалитетен клуб.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Слаб напад....солидна одбрана..
Премалку да се добие една ваква екипа на Гепинген...
Со дадени 20 гола ќе добијат во нашето првенство..ама во Европа...во 1/8 финале NO WAY....:kesa:
Како тргнаа во првите 20 минути,и по водството од 8-5,си реков има некоја шанса...
Ама после дојде искуството и квалитетот на виделина...
И толку беше од приказната..:pop:
Премногу промашени пенали...изгубени топки....
Олабавија при крајот Германците,инаку поразот ќе беше далеку повисок...
Повеќе среќа наредната сезона....
Се надевам дека ќе ги гледаме Металурзите во ЛШ....не во куп на ЕХФ....
Само за ЛШ,ќе им треба многу повеќе од ова шо го имаат сега....
Ќе треба газда Минчо да брцни подлабоко во џепот....да донеси уште некое дете(мислам на некој екстра играч од калибар на Лазаров)........
Со засилувања од калибарот на Велко,Ацо Јоноски...толку е максимумот...
Сепак не се посрамотија во дуелот со објективно за класа посилниот состав....
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
а најтрагично е што овие играчи на метлаург се епрезентативци и тука се гледа колку немаме квалитет, да не екире лазаров ќе биде иста приказна како и клубот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom