Фан клуб - РК Металург

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Па кога ќе видиш нашето првенство каде-каде е поквалитетно од хрватското. Кај нас барем има еден ривал, таму Загреб нема ниту еден, а и другите тимови се за нијанса поквалитетни од хрватските. Овде Минчо им има обезбедено квалитетни подготовки, квалитетен тренер, верувам дека зад него стои и доста професионален тим. Да бидеме искрени, кај некои играчи на Металург, посебно кај Филип Миркуловски има неверојатно голем напредок после донесувањето на Лино Червар. Се сложувам дека Лазаров има уште многу да даде на Светскиот и Европскиот ракомет, се надевам дека најдоброто од себе ќе го покаже на СП 2012 :)
 
B

BBlisto

Гостин
да не знае некој дали утакмицата утре ќе се игра против германките или ќе биде одложена?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.940
Поени од реакции
16.238
да не знае некој дали утакмицата утре ќе се игра против германките или ќе биде одложена?
Не би требало да е одложена утакмицата, али со ова пепелта што е од Исланд можно е да направи проблем во превозот на ракометарките до Германија, ако не се веќе стигнати таму

Иначе на Германките нема да им играат 5-6 стандардни ракометарки, а кај нас неизвесна е Бајрамовска и Алими

Ракометарките на Металург ќе мора да чекаат нов термин

За разлика од нашите ракометни сениори, ракометарките на Металург поради хаосот во авионскиот сообраќај ќе мора да чекаат нов термин , наместо утрешниот за да го одиграат реванш полуфиналниот двобој од Челенџ купот со германскиот Букстехуде.

ЕХФ денеска и официјално го одложи овој настан а новиот термин ќе биде познат во понеделник, неофицијално тоа ќе биде почетокот на мај.

Презакажан ќе биде и стартот на Евроквалификацискиот турнир за ракометари до 20 години во Исланд каде што викендов требаше да бидат и македонските јуниори, заедно со домаќинот, и врсниците од Србија и Црна Гора.
 
B

BBlisto

Гостин
Доколку евентуално девојките се пласираат во финалето, првиот меч ќе се игра на гости, а вториот во Скопје...

Уште нешто што најдов

24./25.04. MKD Cup Final Four
01./02.05. GER Cup Final Four
08./09.05. Scheduled 1st leg final
15./16.05. Scheduled 2nd leg final
21./22.05. Scheduled U20-WCh Qualification
28./29.05. Scheduled Women's ECh-qualification

Значи најверојатно ќе се игра во работен ден вториот меч против германките...
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
28.04. Среда мислам дека се паѓа. Тоа е новиот термин за одложениот натпревар со Букстехуде.
Иначе денес се одигра првенствен натпревар со Кале Кичево и Металург победи 20-тина гола разлика. Мислам дека со ова веќе е јасно и кој ќе го освои купот во недела доколку имаше некои двоумења.:helou:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Сигурен си дека е јасно? На три од четири меча со Кале Кичево, Металург губеше после првото полувреме и во последните минути успеваше да направи пресврт. Не би бил така сигурен да сум на твое место, и Кале Кичево има по неколку квалитетни ракометарки па така да може да изненади :)
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Сигурен си дека е јасно? На три од четири меча со Кале Кичево, Металург губеше после првото полувреме и во последните минути успеваше да направи пресврт. Не би бил така сигурен да сум на твое место, и Кале Кичево има по неколку квалитетни ракометарки па така да може да изненади :)
Добро... да играа со прв тим ке имаа какви-такви шанси ама еве сеа изјавуваат дека ќе играле со младинките, така да не би требало да има никакви проблеми околу купот. :)

Вчера бев малце на тренингот и како што видов Бајрамовска воопшто ја немаше. Е сеа дали одмара или се работи за нешто посериозно појма немам.
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Ај нека ни е честито првиот трофеј во историјата на Металург Скопје и да ни се множат понатаму, па се надевам со поголеми вложувања ќе успееме да го издигнеме клубот на поранешното рамниште на Кометал ЃП. :vozbud:
Бајрамовска играше и се е во ред со неа така да во среда ќе бидеме максимално спремни и со малце среќа зошто и да не влеземе во финале.:wink:
 
B

BBlisto

Гостин
Ај нека ни е честито првиот трофеј во историјата на Металург Скопје и да ни се множат понатаму, па се надевам со поголеми вложувања ќе успееме да го издигнеме клубот на поранешното рамниште на Кометал ЃП. :vozbud:
Бајрамовска играше и се е во ред со неа така да во среда ќе бидеме максимално спремни и со малце среќа зошто и да не влеземе во финале.:wink:
Тешко дека било кој клуб ќе се издигне блиску до рамништето на Кометал ЃП... Сепак се надевам дека Металург догодина ќе имаат уште посилен тим, па да ни доаѓаат повторно екипи од ЛШ...

Одлични вести за Бајрамовска, знае ли некои како стојат германките со повреди??
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Трофејот првпат кај Металург Скопје
По 15 едноподруго победи на ѓорчепетровки, тимот на Металург Скопје дојде до триумф со кој стана третиот женски состав кој стигнал до пехар од Купот.
МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ - КАЛЕ КИЧЕВО 35:23 (17:5)
Сала: Автокоманда во Скопје. Гледачи: 300. Судии: Чавдаров од Богданци и Наумовски од Скопје. Делегат: Драган Начевски од Скопје.
МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ
Андрејева 13 одб.
Антиќ 1 одб.
Крстевска 3 одб.
Мечевска 4/6
Андреева 1/1
Новеска 4/5
Серафимовска -
Д. Георгиевска 4/9
Гемтовска -
Бајрамоска 5/10
Десподовска 1/4
Е. Георгиевска 6/9
Николовска 2/2
Величковска 2/2
Митрова 6/8
Седмерци: 2/3
Исклучувања: 10 мин.
Тех. грешки: 20

КАЛЕ КИЧЕВО
Костадиновиќ 14 одб., 1 сед.
С. Стефаноска -
М. Стефаноска -
Масева -
Здравевска 1/4
Ацковска 2/7
Адамческа 0/6
Костеска 3/3
Грујоска 5/9
Маневска 3/6
Јаковлеска 2/3
Младеновска 3/5
Михајловска 3/4
Белеска 0/1
Ходак 1/3
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 мин.
Тех. грешки: 29

Ракометарките на Металург Скопје стигнаа до победа во финалето од Купот на Македонија откако против екипата на Кале Кичево имаа одличен почеток и по десетина минути игра направија голема разлика.
Гостинките од Кичево како да немаа сили да ја повторат играта од пред неколку дена кога во првенствениот меч имаа одлично прво полувреме. Овој пат Металург Скопје уште од првиот напад тргна решително и го тераше противникот да прави многу грешки. Кичевки, пак, делуваа безидејно во играта и премногу грешеа во додавањата. На тој начин му дозволија на составот на Металург набрзина да стигне до двоцифрена предност. По десет минути игра беше 7:1, во следните десет беа додадени уште четири разлика, па во 20. минута водството изнесуваше 13:3. Тука практично паднаа сите дилеми околу тоа кој ќе дојде до триумф во ова финале.
И покрај сите желби во продолжението да се направи нешто повеќе кичевки продолжија со лошата игра во нападот. Грешките само се зголемуваа, па со тоа веќе стануваше јасно дека составот на Металург Скопје на одмор ќе замине со висока предност, која во 30. минута изнесуваше 12 гола разлика, 17:5.
Она што беше направено во првото полувреме во вториот дел беше само продолжено и немаше речиси ништо ново. По пет минути игра разликата се искачи на 14 погодоци, по што следуваше најдобриот период одигран од Кале Кичево. Со четири гола во серија беше намалено на 21:11 и тоа беше најмалата разлика во второто полувреме.
Само неколку минути беа доволни за одново предноста на Металург Скопје да дојде до превисоки 16 разлика (30:14, 49 минута), па во тие моменти практично почна и славењето на ракометарките кои беа и домашни на овој куп. Беше јасно дека нема да има ништо изненадувачко до крајот бидејќи времето беше прекусо за да се направи нешто повеќе.
Во последните десет минути се играше смирено, а шанса за игра добија сите ракометарки кои беа во составот на Металург Скопје. Сите успеаја да почувствуваат како е да се игра во едно финале така што го дадоа својот придонес во првата титула за екипата на Металург Скопје. Сезонава ќе има сигурно и уште една бидејќи во првенството овој тим нема никаква конкуренција и с$ чека само да бидат доиграни сите средби за титулата да се официјализира.
На натпревар во кој с$ беше решено по неколку минути игра е многу тешко да се издвојат поединци бидејќи кај победничкиот состав имаше неколку ракометарки коишто одиграа добар меч. Сето ова им овозможи додека го играа финалето да размислуваат и за дуелот против Букстеуде в среда бидејќи против Кале Кичево немаше никаква неизвесност.
Д. М.

Освојувачи на Куп на Македонија - жени
1992/93 Ѓорче Петров
1993/94 Вардар
1994/95 Кометал Ѓ. П.
1995/96 Кометал Ѓ. П.
1996/97 Кометал Ѓ. П.
1997/98 Кометал Ѓ. П.
1998/99 Кометал Ѓ. П.
1999/00 Кометал Ѓ. П.
2000/01 Кометал Ѓ. П.
2001/02 Кометал Ѓ. П.
2002/03 Кометал Ѓ. П.
2003/04 Кометал Ѓ. П.
2004/05 Кометал Ѓ. П.
2005/06 Кометал Ѓ. П.
2006/07 Кометал Ѓ. П.
2007/08 Кометал Ѓ. П.
2008/09 Ѓорче Петров
2009/10 Металург Скопје

МВП наградата за Душица Георгиевска
Организаторот на играта на Металург Скопје, Душица Георгиевска ја доби наградата за најдобра ракометарка на завршниот турнир од Купот на Македонија. Таа вчера одигра речиси 60 минути против Кале Кичево. Задачата во одбраната ја заврши одлично, а и во нападот имаше забележителна партија каде повеќе ги проигруваше колешките. Покрај тоа постигна и четири гола.
Најефикасната вчера, Драгица Митрова воедно беше и најпрецизна на турнирот во 13 погодоци.



"Металурзите" најдобри
Младинските екипи на Металург ги освоија пехарите и во двете конкуренции, а вчера на полувремето од финалето на Купот ги добија пехарите за сработеното во оваа сезона.
Металург Скопје успеа да дојде до трофеј пред тимовите на Вардар Осигурување и Кале Кичево, а вчера медали имаше за трите екипи.
Покрај ова Металург успеа да дојде до трофеј и кај младинците. Таму тие беа први пред составите на Пелистер и В. В. Тиквеш.
Ова е првпат да се доделат медали за трите најдобри екипи во Супер-лигите во младинска конкуренција, а воедно и првпат шампионите во ова натпреварување да бидат и апсолутни прваци на Македонија во својата категорија.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
И сега... Металург има три репрезентативни пикери за кои може да се каже и дека се поквалитетни од овој, не знам што им е потребен уште еден пикер...
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
^Па ништо не кажаа на а1/2 така да најверојатно нема да има...:tapp:
Некој ако најде линк за гледање нека го постира тука, или барем нека не известува за резултат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom