Само Червар и Мојсоски земаат половина од тие милион евра заедно,па сега сметајте колку е голем влогот во сите три екипи кои директно ги спонзорира Минчо.Карате клубот не го споменувам,иако мислам оти и таму е спонзор,ама сепак многу поминорни средства се потребни.Настрана и инвестицијата во спортската стала во Автокоманда.
Значи сумата не е за потценување,замислете и тој еден што вложува во спортот да го нема,какво сивило би било.
Он сега,конкретно за двомечот со Трембле мислам оти Металург пренесериозен пристап имаше кон францускиот тим.Можеби мало потценување,несериозност во подготовките,дури замислете единствениот контролен меч му беше со ВВ Тиквеш,кој е неколку класи под Металург.Можеби улога има и тоа што кај нас првенството прекасно почнува,што за мене е несфатливо,иако другите веќе беа во полн ек.Истата грешка ја направивме и пред ланскиот квалификационен меч со Исланд,кога домашните играчи немаа одиграно натпревари долг период.Значи кај нас наместо грешките да ги поправаме,ги повторуваме.И Червар секако има вина за неуспехот,макар што и тој не беше долго со екипата пред вака важните дуели.И на крај потценувањето на Трембле,небаре се работи за некој тим од Турција,а не од силна лига како француската.Па и Трембле има репрезентативци на неколку земји во своите редови,Металург ништо не предничи пред нив,во рамки на просекот е.
То је то,крај на големите амбиции за оваа сезона,ако се земат предвид најавите за висок пласман во Европа.Веќе е банална и излитена фразава,ама шансата со нови сили секако,ќе ја чекаат следната натпреварувачка година.