Металург постои како клуб под тоа име едно 10тина години.Пред тоа се викале Огномак и немале посебни резултати вредни за споменување.
Се знае кој се брендовите во ракометна Македонија,ВАРДАР и Пелистер.И нема што тука Металург да се лути и негодува.Времето е пред нив за и они да се докажат.Супер е за лигата што имаме два супер тима.Нека има конкуренција добро е тоа за македонскиот ракомет.Мене лично ми се многу антипатични автокомандосиве и ми се малку како банана клуб,но нема негирање дека имаат страшен тим оваа година.
Тривиа:Наумче сеуште нема играно во Лига на Шампиони

Јас како навивач на Вардар би сакал и другата година да игра само во КПК:wink:Ке видиме round one за Металург,уште три утакмици остануваат!
Кој БРЕНД на Македнскиот ракомет??Вардар бренд???:kesa:
Зарем ќе ја споредуваш традицијата на Пелистер со Вардар.
Точно е дека Вардар стана најтрофеен ракометен клуб-то е факт кој никој не го оспорува-последните 10 ина години Вардар вложи најмногу,огромни средства вложи Михајло во клубот и резултатите се евидентни 7 титули и 6 купа.
Пред тоа каде беше Вардар??Пред 97 година???
Да те потсетам Пелистер играше долги сезони во првата лига на СФРЈ која во тоа време се сметаше за најсилна лига во Европа,и долги сезони беше рамо до рамо со неприкосновената ракометна машина која мелеше во Европа Металопластика Шабац.
Колку тоа значи не треба да ти говорам,и какви играчки легенди играа тогаш во Пелистер.
Пред тоа Пелистер беше неприкосновен во сојузната лига на Македонија,и освои голем број на титули.
Преку 40 години Пелистер беше бренд на Македонскиот ракомет.
Е тоа е традиција.
Не велам дека Вардар не бил солидна екипа тие времиња,но во ниту еден сегмент не можеш да ја споредуваш и израмнуваш традицијата на Пелистер со Вардар.
Вардар е силен од 97 година,кога Михајло сериозно почна да инвестира во клубот(иако и пред тоа беше во Вардар).
Уште еден факт кој говори за силата и традицијата на школата на Пелистер-Вардар нема извадено ниту еден играч од сопствената школа,за разлика од Пелистер кој промовира еден куп млади играчи кои станаа вистински звезди-не треба да ги набројувам,не само тие од Битола-туку и од другите градови кои целосна афирмација стекнаа во Пелистер-Манасков,Лазаров,Мојсовски,Дивиот,Стојановиќ,Темелков,Митков,Јоноски...и ред други,сите знаат кои се тие играчи кои биле а голем дел и ден денес се костур на репрезентацијата.
Пелистер последните 10 ина години е во страшна финансика криза,Вардар го искористи тоа максимално,и стана најдобар клуб и најтрофеен клуб-то е факт и реално е да се признае.
Металург,и пред 10 ина сезони беше доста незгоден тим,посебно во нивната сала,сега дојде еден силен спонзор,кој има амбиции да создаде врвен европски тим и тоа е за поздравување.
Она шо го направи Металург оваа сезона на трансфер пазарот е незапаметено досега во нашиот ракомет.
Капата долу за Минчо за донесувањето на еден Лино Червар,-на едни такви имиња како Наумче Мојсоски,Чурувија,Маркичивеч-страшни играчи од врвен квалитет-и резултатот е очекуван и реален.
Мислам дека ќе стигнат далеку и во КПК-само им треба еден добар десен бек,тоа е единствената слаба точка на тимот.
Друга работа.
Вујо вика дека ова бил најсилен Вардар досега-мислам дека многу,многу греши.
Вардар имал далеку подобри тимови овие 10 ина години.
Со оглед на финансиите шо ги поседува-Вардар требаше да создаде посилен тим-со секоја чест ама имињата на Ѓорѓевиќ,Симовиќ,Крешо,Пешиќ,Вукчевиќ...ни оддалеку не можат да се носат со еден Мојсовски,Прибак,Ракчевиќ,Манасков,Каланадзе,Маљцев,Коваленко,Стојановиќ и ред други имиња кои биле во Вардар и биле за класа поквалитени од овие играчи кои го сочинуваат тој"дрим тим"на Вујо

Единствено прави играчи и засилувања оваа сезона се-Маркичевиќ,Диви,Ангеловски и до негде Стојановиќ(иако тешко дека ќе се врати во старата форма,барем не во догледно време).
Реално гледано Вардар е далеку зад Металург-кој е далеку покомпактен и поцврст тим во секој поглед.
Доколку игра Вардар вака слабо-тешко дека ќе добие и во Битола-иако многумина стручњаци и тука на форумот ќе се насмеат на овај пост,сите сметаат дека само 4 те дуели меѓу Металург и Вардар ќе го решат шампионот-(мислам дека Пелистер е далеку посилен од лани-иако сеуште е далеку зад Вардар а посебено зад Металург).
Пелистер може да го добие овој Вардар во Битола.
Според мене ланскиот Вардар беше далеку посилен од оваа година.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите.