Фан клуб - РК Металург

Подобар резултат од 3 место во група не мозат да стигнат,инаку не ги бива со буџет од околу 1 милион евра толку! :toe:
 
На моменти се покажаа како рамноправен ривал на европскиот првак, на моменти прикажуваа како изгледа една неискусна-неуиграна екипа. Вторите моменти беа почести од првите, затоа резултатот е каков што е. Сепак јас сум задоволен од тоа како изиграа, бидејќи покажаа дека има надеж за ракометот дека и Македонија е голем играч на европската сцена. Малку пристрасност од судиите, сепак реномето на Кил е ОГРОМНО, малку брзоплетост во играта на Металург, неискористување на играч плус, каснење во контри, трема и паѓање под имресии од самиот звук на К-И-Л... но, ајде да бидеме оптимисти, ќе се средат момците. Со еден класа играч кој ќе повлече во клучните моменти и со подобар стратег овој тим може да стигне меѓу најдобрите 4 во Европа. Браво за Металург. :)


Вицепрвак :)

Инаку јас само првото полувреме го гледав и бев задоволен од тоа што го видов, сепак не смее многу да им се замери на дечките, Кил пола и и повеќе од своите голови ги постигнува од контри, ништо чудно не беше тоа што (бар ја додека гледав) не полнеа од контри и брзо изведување од центар. Само да се намали бројот на технички грешки и ќе може да им парираме на реваншот во Скопје, каде што се надевам дека со огромна подршка од публиката Македонскиот ракомет повторно ќе одекне во Европа, после плескањето на Исланд :)
 
Во право си дури сега се свестив, а цело време трубам. :)
Актуелен вицепрвак, a шампион од пред 2 години. Ги помешав сезоните 2006/07 и 2007/08 :)
 
како што знам Кил е најверојатно најак со Суидад и Загреб па така да ова вечер што го покажа Металург беше добро, со ваква игра дома можеме да ги тепаме Барселона
 
Честитки за Металург за достоинствениот отпор против гигантот Кил. Она што најмногу радува е доброто издание на репрезентативците Ристовски, Миркуловски, Лазаров и Димовски. Шмигиќ и Живковиќ беа очајни.
 
Barselona misalm deka doma ke gi tepame,kako i ovie drugite,dremen,a so kil...ne znam.ke videme.Ama cestitki za igrata
 
Ве нема нешто пирати.Иста приказна, добра игра прво полувреме, во второто има пад и разликата е над 10.Ама оптимист сум за 3то местсо во група.
 
несвбатлиов прво играш добро втроро си тапа. промашуваш пенали кгоа резултато се крши, ил ибарем за подостоен пораз.


п.с. наредното коло од 17.00 во новата сала кај александар палас играме против драмен :vozbud:
 
Драмен се слаби, само нив ке ги победиме во групата и ке решава на крај гол-разликата!!!
 
Не се знае ништо, треба да чуваме и гол разлика оти не се знае шо ке биди на крајо.
 
Металург-Драмен 37:30 во третото коло од ЛШ

Го гледав натпреваров на телевизија и не знам што да кажам. Одличен напад, но многу технички грешки. Сепак, Драмен испаѓа дека грешеа повеќе и затоа успеа Металург да слави со 7 голови разлика.

Во еден момент коментаторот рече вака: „Металург не игра добро, но и покрај тоа успева да ја одржи разликата“ (во тоа време од 6 гола). Значи веројатно нападот е извонреден, што е компензација за многуте грешки.

Честитки за Металург во секој случај. :zver:
 
слики од уткамицата


bezy3o.jpg


2yw7jvm.jpg


2s7azhl.jpg


2n747xs.jpg


14do67l.jpg


25illhs.jpg


71lg6e.jpg


20kyonn.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom