Некако не ми се збори за ова, ама ај колку толку барем ќе ти помогнам.
Вака I семестар математика Д. Јанев, прв на листата зашто се отпишав, се понаша како незнам што, само да не му влезеш во очи иако ја тоа и не го напрвив, среќа што си машко до сега ќе имаше понуда од него за заеднико кафе и незнам што. Не сакам да продолжувам се нервирам. Пази се, неговиот испит е 300 евра.
А. Николовски, нема многу што да се зборува за него, човекот просто не се замара, тука е асистентката и она е како професор и другата професорка. Овој предмет не прави проблеми професорот, можеби предметот е досаден ама и лесен е.
Т. Фити неговите предавања се најдобри и секогаш се полни амфитеатрите кога има економија или друг предмет кој го предава. Мада и он е иста школа на Д. Јанев, само он нуди пури и коњак. Кај него има само усмен испит, ако паднеш на испит во сесија можеш да полагап така само ако убаво го замолиш. Сака стварно да му знаеш, не сака пари ама кај него може преку врски преку влашка линија. Ама договорете се кога сигурно ќе ти ја пише оценката од усно, мене ме зезна.
Двосеместралниот Дефендологија од Нацев е лесен предмет од општа култура ги знаеме тие работи, не малтретира, се иде само на испит, ја бев на Педагошки и исто таму за оценка. Бара 200 евра ако неможеш да положиш.
II семестар
Љубиша или другата професорка не ми текнува на име по сметководство ок се, исти тестови секоја година се вртат по студентите, ако сакаш ќе ги најдам. Интересен предмет за мене, малку тешко немора да идеш на предавања, запиши се кај Љубиша и полагај кај него, полесно се проаѓа.
Економика не почувствував тежина на предметот, ако си учиш нема ни ти, нема проблеми со професорот.
Е сега статистика е проблемот кај сите. Материјалот се совладува не да не, ама професорот е најголемо ѓубре на свет. Одвај положив на поправен, мака мачев после она со Д. Јанев, немора да идеш на предавања, колкоквиумите мора под реден број одговорите да му ги пишуваш, асистентот е супер и коректен, ама нон стоп патува за Њу Јорк. Оди на вежби по сите предмети тоа треба. Кај С. Ристески ќе поминеш ако имаш многу среќа и знаење во исто време, ја среќа немав. Е сега ако немаш ни тоа ни тоа тарифата се движи вака= јунска сесија 350 евра, септемвриска 450 евра, февруарска кога најмногу ти треба да исчистиш 500 евра. Си има телефон се, си се договараш и така, доста едноставно. Е сега има друга опција кај статистика, има 2 професорки кои вежбаат студенти нормално за пари и као они биле блиски со професорот и као го давале списокот на студенти кои биле кај нив и пола од парите, изнесува 100 евра тое вежбање, ја одев кај Анка. Стварно ќе те научи.
Втора година накратко зашто тука сите смерови различно имаат предавања. Исти се маркетинг, менаџмент и незнам кои други. Ама тие два се изгор. Менаџмент најкорумпираниот професор, деканот наш, другар со С. Ристески, двосмислени прашања на колоквиум дава, по 50 се плус, и си бара пари т.е. 850 евра. Општо познато е тоа. На предавања треба да идеш, ако не, ќе си платиш на жиро сметка на факултетот 500 денари.
Маркетинг од С. Јовановска, кој за пола поен не положив трет и несакаше да ме сослуша, ладна особа, нервозна за студенти, никогаш нема време и др и др. Исто како менаџмент е работата, само нејзиниот испит е нешто малку поскап т.е. 1200 евра. Епа ти види си. Треба многу да се учи, тоа е, ам аи среќа и снаодливост ако имаш супер.
Друго тоа е , незнам, ги прескочив моите малтретирања и сите тие нервози. Глупавите денови на студентски тоа нема врска, и приемните денови на професорите не сакам да зборам, тоа се посебна тема на Економски. Колега со среќа и пиши дали ти помогнало нешто, пошто сакаше да знаеш. Инаку јас одвај чекав да се отпишам и сега мирно спијам, ама тоа немора да значи, дека и тебе ќе ти се случи што и мене. :helou::helou: