Возачки дозволи

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
ајде помош малце.. вака сега имам положено во Март 2007, и ме запира еден џандар и ми вика не сум смеел да возам после 11 сатот на вечер.. таков бил законот...
роден сум декември 1988.... хехе како да сакам хороскоп да ми кажите :) :)


Како е законот во врска со тоа? Дали ако имам положено во Март 2007 смеам да возам кога сакам, или како што ми објасни џандарот не семеам после 23:00 без присуство на "постар возач"?

Ајде Струмикс а и другите прав. пукајте :)
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
таков е сега законот, просто: ти си "млад возач", после 23ч не смееш да возиш без присуство на т.н. "постар(искусен) возач" кој уствари ќе биде твој совозач. така е мислам 2 години откога ќе земеш возачка...
не сум најсигурен, еве, другите ќе пишат -))
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Не смееш да возиш после 23:00 без присуство на „постар возач“. Таков е законот.
Ќе можеш да возиш кога сакаш и со кого сакаш дури во март 2009, т.е. 2 год. по добивањето на возачка дозвола.
Годините на старост немаат врска со тоа.
Иако, на пр. сега, на мои 30 год. би полагал Б категорија, да немав, ќе важеше истотото и за мене.
Си направил прекршок, тоа е...
 

Orkad

The Master
Член од
5 октомври 2007
Мислења
1.010
Поени од реакции
10
Не дека сум некој си правник ама доста се имам распрашвено на оваа тема и од тоа што ми кажаа заклучив дека: Без разлика на тоа кога си роден доколку немаш две години возачко искуство а возиш после 23 часот(или 22 часот, не знам точно) мораш да бидеш придружуван од лице кое има 2 години возачко искуство. Во спротивно оооп казна:toe:
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
а дека имам возачка пред да биде донесен законот?
 

dungeon master

Милиционер
Член од
14 февруари 2006
Мислења
793
Поени од реакции
18
I jas mislev deka tie sto polozile po staro ce im vazi po staro vozackata ama nigde ne e zavedeno vo zakonot ( noviov ) barem jas nemam videno, deka tie sto polozile po staro ce im vazi po staro

A za vozac pocetnik, ne te informirale dole poubavo. Vaka pisuva vo zakonot : ,,Vozac pocetnik e sekoj vozac do 21 godisna vozrast, kako i vozac vo period od 2 godini od polozuvanjeto na vozackata dozvola. Znaci ako imas 19 godini kako i da e treba da cekas da imas 21 godina. Znaci ako si polozil na 18 godini treba da cekas 3 godini, RAZBIRAS :)

Toa e toa
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Утка е законот...барем делот на неговото "пуштање у употреба" промовирање информираност итн итн
 

**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
еее,да видите до кој степен е дојдено....возач што има 20 години, со возачка веќе 2 години, па дури и вработен како професионален шофер-не смее да вози после 23 часот, пошто нема 21 година!?!?!?!?!?!............ц ц ц ц ц, Бог да чува!
добро, законов е тапа или јас лошо го толкувам???:icon_eek:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Утка е законот...барем делот на неговото "пуштање у употреба" промовирање информираност итн итн
Непознавањето на законот не те ослободува од одговорноста мРно.
Неможе секој закон да се рекламира. Твоја должност е да го знаеш и почитуваш законот.

Јас земав возачка во јули оваа година. Иако сум свесен дека го прекршувам законот, возам и ќе возам после 23 часот со и без придружба на постар возач. Возам и скутер после 23. Свесен сум, ама едноставно поради потребите кои излегуваат од моите обврски и стил на живот - морам да го прекршувам законот. Ако ме фатат - јебига, крив сум. :toe:
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
А како ја исполнам должноста од познавање на законот,како никој не го знае со сигурност дали стартувал кога ке стартува што како...мора да се согласиш дека пола полицајци не ги знаат деталите околу новиов закон а не па ние "смртниците"....Како можеше министерката да се фали по весници околу тоа колку се сега скапи казните...барем нека каже и кои се новите обврски
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
А како ја исполнам должноста од познавање на законот,како никој не го знае со сигурност дали стартувал кога ке стартува што како...мора да се согласиш дека пола полицајци не ги знаат деталите околу новиов закон а не па ние "смртниците"....Како можеше министерката да се фали по весници околу тоа колку се сега скапи казните...барем нека каже и кои се новите обврски

Ги имаше во сите дневни весници промените кои доаѓаат со новиот закон за сообраќај цело лето. Исто така беа напишани и казнените поени и паричните казни кои произлегуваат од прекршувањето на законот. Пак ќе кажам, МВР не се Велија Рамковски или А1 па на сред CSI да ти го тупат за промените во законот како за работата на Трифун Костовски.

Доволно време имаше натписи во весниците на што се однесуваат промените. Дури имаше и табела со прекршоци, поени и евра.

Прскање пешаци - толку казнени поени или толку евра.
Чкрипење со гуми - || -
Возење без безбедносен појас - || -

И тако даље...

Не ти текнува?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Обврските се тие, нема мрдање. Инаку казната ти е некои 300 евра, за ако те фатат после 23.00 да возиш без придружба.

П.С. почнаа многу контроли да прават и да казнуваат за неносење на зимска опрема, казната е некои 2.000 денари, а комплет ланци се 800. Бујрум на кој му чини нека ризикува да го фатат без ланци.
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Ги имаше во сите дневни весници промените кои доаѓаат со новиот закон за сообраќај цело лето. Исто така беа напишани и казнените поени и паричните казни кои произлегуваат од прекршувањето на законот. Пак ќе кажам, МВР не се Велија Рамковски или А1 па на сред CSI да ти го тупат за промените во законот како за работата на Трифун Костовски.

Доволно време имаше натписи во весниците на што се однесуваат промените. Дури имаше и табела со прекршоци, поени и евра.

Прскање пешаци - толку казнени поени или толку евра.
Чкрипење со гуми - || -
Возење без безбедносен појас - || -

И тако даље...

Не ти текнува?


Да те надополнам таму беа и промените околу полагањата,кои кога и да прашам кого и да прашам се уште не се применети..Извини на израз,ама да те е*ам законот кој го пуштаат во употреба делче по делче...а да од кој точно датум стартуваше законот?

П.С Мац,се тркаме нокеска у 12?:)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Не е битно - битно стартувал чим казнуваат :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ова значи дека до наредно лето нема да смеам да возам после 23:00 часот!

Ќе си возам се додека не ме фатат и казнат. Дали знае некој од кога почна да се применува законот, затоа што пред едно месец дена ме застанаа на рутинска контрола накде после 2:00 часот по полноќ и ништо не ми кажаа за ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom