Коцкање

  • Креатор на темата Креатор на темата Nightwalker
  • Време на започнување Време на започнување

Коцкањето го гледате како:

  • Забава!

    Гласови: 121 40,6%
  • Извор на пари!

    Гласови: 40 13,4%
  • Не го правам тоа!

    Гласови: 137 46,0%

  • Вкупно гласачи
    298
Јас не се коцкам ама имам еден другар зависен е од кладилниците,пиши фудбал во последно време а пред тоа редовен беше на кучиња.Ама многу е малер само дава никако да фати некој динар :tapp:
 
Понекогаш али ситни пари!
 
Дефинитивно е зависност,исто како и алкохолизмот,дрогирањето,пушењето.Прво ќе пробаш со 100 ден па со 500 па со 2000 и сумата постојано ќе се зголемува а добивката тешко дека ќе ја има.И така некои луѓе дури да се свестат си ги продале колите,намештајот,па дури и куќите,и тешко е да се одвикниш од тоа.Затоа, рацете подалеку од коцкањето.
 
еее не сум некој коцкар да кажеш кој знае шо, ако уплатам некое ливче у кладилница за ситна пара чисто да ми биде поинтересно пратењето на фудбал може, а до такви, рулети, машини некој си, не би сакал. на карти се случувало некогаш во друштво да заиграме купички, покер малку, ама се на ситна пара, 10 до 20 денара, само малку забава.
А шо се однесува до анкетата, на почетокот сите коцкари влевуваат во коцкањето од забава, а потоа преминува во извор на пари, и кога ќе видат дека нема фајде од тоа (освен ако не лапне некоја голема пара, ама тешко) викаат не го правам тоа.
 
Никогаш не го правам тоа.
Го гледам како зависност.
Влечење на парите од простите маси,на забавен начин,без тие воопшто да го забележат тоа.
Сепак,тоа е нивен извор на адреналин и излез од секојдневното сивило на нивните животи.Само што плакаат преголема цена за тој адреналин.
 
Се коцкам само на кладилници, ама на карти, и други работи не, а и на кладилниците веќе престанав да се коцкам, пошо не фаќам :D
 
Се бе се !! Казина , карти , кладилници , на шах , на дама , на трчање , на кучиња , на се ставам. Ова моево во болест премина , почнав со кладилници пред 8 години , отидов во Битола на студии , таму го запознав чичко Казино ( прво она на Македонска лотарија , па “тетка„ Астра , у поново време . Карти на хант и покер , секоја вечер со друштвото , кладилница секој саат !! Само сингл , само така има пари . За релаксација , ставам на трките со џукели , а и тоа е местено .

п.с Има клиника за рехаб од коцкање ??:kesa:
 
Според мене тоа е ЛОША РАБОТА! можеш СЕ да изгубиш колку и да добиеш.... тоа е некој вид на ЗАРАЗА! така да не би сакал да станам дел од КОЦКАТА! позз немојте и вие...
 
само тие шо играат на ситни пари можат да речат се коцкам ради забава сите останати лажат ја се коцкам секој ден најчесто кладилница кога нема фудбал одам трчам кучиња :toe:.Иначе за казина би играл само во Лас Вегас :back:
 
Кладилница редовно. Играм и у астра, али пошо еднаш ја одвалив со уше еден другар си ги потрошив тие пари за облека и одмор летово. Идам чат пат со другари со кусурот од излагањето. Не се сметам за заразен коцкар кој да може у минус у минус би идел, да позајмувам за коцкање и такви работи, едноставно онака ради игра. Не идам за да фатам пари, пошо тао е нелогично, така моите би иделе у астра не би работеле воопшто. Значи исклучиво ради забава, курташак итн.
 
...курташак
Е тоа е клучното, курташак. Демек ај ќе курцаме пари пошто превише ги иаме и онака. Да немавте леб дома да јадете, ќе си го прашавте дали ќе фрлевте и минорни 50 денари на тоа.

Најглупава и најбескорисна работа, според мене. На врв на се и потенцијална болест. Има мал милион нешта што можат да ти овозможат исто толку адренлин и забава. А без курташак, замисли, тотално бесплатно.

Никогаш нема да се коцкам, ма и у Вегас да се најдам, пре на пијано ќе се омажам со непознат американец у тие нивните експрес-капели, отколку да се коцкам. :icon_lol:
 
секој ден у астра или у мулти гејм......фул сум
 
не воопжто не се коцкам но сепак кој не знае да игра некоја хазардна играно тие игри гииграм само ради друштво но без некои финансии
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom