Прво, членството во НАТО не е гарант за безбедност и стабилност, особено кога се работи за мали земји како нас, туку е само еден вид колонизација на суптилен и "модерен" начин.
Второ, Русија ниту повеќе е у некој тоталитаристички мрак, ниту е јадна и бедна ко што беше, туку напротив, економски, политички и воено е се посилна. Реформите кои и се случуваат ја враќат назад како клучен играч на гео-политичката сцена.САД се тие кои остануваат со краток здив се почесто.Но, очигледно нашиве политичари, а и мнозинството од народот, не го земаат во обзир тоа, па уште се водат по максимата:"Америка, газда на светот" и спремно ги соблекуваат панталоните на секоја наредба на САД.
Потоа, очигледна е новата клима која се создава во Мк по предлог-рамката на Нимиц со тројна формула, односно: употреба на уставно име во рамките на Мк, поинакво за меѓународна коресподенција и име по договор со Грција со кое таа би не ословувала. Веќе ја нема лежернста поради тоа што не признаа САД и Канада и убеденоста дека уставното име ни останува сигурно, туку се почесто се навестува дека можеби треба сериозно да се разгледа и предлогот на Нимиц. Како и да е, тој доаѓа на почетокот од декеммври во Скопје, па тогаш ќе видиме дали треба мирно да си лежиме на она дека името ќе ни остане непроменето.
Истотака, имаме рок до фебруари да ги исполниме условите за да го фатиме возот за НАТО. А со тенденциозното расуло во Собранието, тешко дека ќе стигнеме до тогаш да го исполниме потребното.
Како последно, Русија сега за сега покажува тврд и непроменлив став во однос на Косово, и не го прифаќа предлогот на Ахтисари(кој патем е крајно неповолен за Македонија). Во тој случај САД имаат резерва.Не имаат нас како алтернатива за своите интереси на Косово и поради тоа не држат во состојба на континуирана нестабилност, најмногу преку своите пиончиња во СДСМ, ДУИ и ЛДП.
Затоа, погрешно е да се ослонуваме целосно на НАТО и САД. Погрешно е и да бидеме убедени дека ем името ќе ни остане, ем НАТО ќе не заштити, ем статусот на Косово нема да ни влијае. Во понезавидна сосотојба сме од што мислиме. И без разлика што и да мислам за Глигоров како за политичар, не можам, а да не речам дека неговата идеја за екви-дистанца ни е најповолна во периодов. Мора малку да се шалтаме и да си ја олабавиме папочната врвца со САД. Затоа што сите земји со паметна политика веќе месеци наназад кокетираат и со Русија, која зема се поголем замав.