Dobar vecer...stari moi priatelio...
Procheti...ako si gramoten de...
Дома >
Вести >
Македонија
Барнс: Името не може да биде пречка за покана во НАТО
Горан Момировски
15.11.2007 19:06
Николас Барнс
Официјален Вашингтон ја отфрли можноста Македонија да не добие покана за НАТО и Европската Унија поради името.
На брифингот во подкомитетот за Европа во Конгресот организиран од грчкото лоби во Америка, државниот секретар за политички прашања Николас Барнс изјавил, дека на Македонија нема да и биде откажана поканата за НАТО поради ниту една причина, освен ако таа не е поврзана со критериумите за членство.
Високиот американски претставник запрашан од прогрчките сенатори како влијае спорот околу името на поканата за НАТО, одговорил дека САД од Грција очекува да се придржува до времената спогодба.
„Иако за Вашингтон решавањето на спорот е многу важно, ние не сметаме дека сам по себе тој е причина Македонија да не добие покана за членство во НАТО“, изјавил Барнс на Конгресот.
Спорот за името бил централна тема и на средбата меѓу францускиот министер за надворешни работи Кушнер и неговата грчка колешка Бакојани, одржана вчера во Париз.
Според грчките медиуми, Грција добила целосна поддршката од Франција во барањето Македонија да го смени уставното име. Според наводите на медиумите во Атина, Кушнер изјавил дека, „грчката иницијатива за решавање на проблемот околу името е чекор напред и дополнителна причина да и се даде поддршка на грчката позиција“.
Македонскиот министер за надворешни работи Милошоски, од посериозни здравствени причини мораше да ја одложи посетата на Париз. Се бара термин посетат да се одржи во најкус можен рок.
Во изјава за А1 и новиот словенечки претседател бара брзо решавање на спорот околу името. Според Данило Тирк во напорите за приближување кон ЕУ, Македонија ќе мора да реши и некои политички прашања, како што е тоа за името.