Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.660
Ке ја договори Мандар во корист на Шкендија , во спротивно си знае што го чека:toe:
Сепак беше во право :kesa: (Прв пат сезонава ти признавам дека беше во право :))
Славија-Шкендија 5-6 (4-2)!!! :pos:
За тие што беа прв пат на стадион а ги имаше доста, се чудеа што се случува :pos: и стварно утакмицата беше смешки. Сценарио слично како она со Фортуна од пред 3-4 години, но тогаш им дозволивме водтсво на противниците уште од самиот почеток. Првите 30 минути од мечот се играше сериозно па на крај требаше да им пуштиме. И разликата во квалитет се виде одма, па уште во 25 минута водевме со 4-1. Тогаш нашите почнаа да се тргаат и да им ја оставаат топката на противниците но овие неможеа за 20 минути да дадат гол :pos: Нашиот голман не им пушташе и иако беа сами во илјада ситуации им ги спречи сите удари и конечно при крај им пушти еден гол. Вториот дел нашите едноставно и не играа во првите 10 минути. Си се тргаа и Шкендија даде 3 гола за 4-5 уште по првите 10 минути од втор дел :) Ќе се испотепаа кој да даде гол :pos: и тогаш најфудбалскиот момент на овој меч. Удар на еден од гостите од 30-тина метри. Топката заврши кај што се спојуваат пречката и стативата за 4-6. До крајот дадовме гол за конечни 5-6:) На крајот сите се испогушкаа со што се заврши оваа пријателско првенствена утакмица:)
Сите се капеа од смеење, али на нас најредовните ова ни е веќе навика да го гледаме барем 2 пати во секоја сезона. Оваа победа е многу корисна за нас но тоа ќе се види во следната сезона. До тогаш ни остана уште еден меч од оваа, и доста извесен пораз на гости кај Бутел :)
 
F i c O

Шампион во домино на 100м
Член од
17 септември 2008
Мислења
233
Поени од реакции
5
Повеќе пати бев во право , на почетокот на сезоната уште кога ти ги пишував некои работи , али сепак мило ми е што на крајот сепак успеав да ти објаснам ...:):salut:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.660
Повеќе пати бев во право , на почетокот на сезоната уште кога ти ги пишував некои работи , али сепак мило ми е што на крајот сепак успеав да ти објаснам ...:):salut:
Потсети ме :)
 
F i c O

Шампион во домино на 100м
Член од
17 септември 2008
Мислења
233
Поени од реакции
5
Па на почетокот ке си видиш дека уште пред да почне сезоната ти кажав дека веќе се знае кој ке биде шампион , ти ме убедуваше нешто друго , исто така пред утакмицата ваша со Лисиче на домашен терен пишав дека пак некој од внатрешноста на клубот ке ја даде утакмицата и тогаш не ми веруваше али ете сеа е веќе крајот на сезонава па излезе дека тие муабети се така ... и да не го должиме многу има да се пишува , во целост според мене тапа сезона без никаква убавина ни фудбал ,наместени утакмици , тепачки , прекини едноставно се беше на сила колку да се истурка некако ... али тоа е:toe::salut:
 
Па и не беше толку извесно дека Лисиче ќе освои. Всушност и да не изгубевме некој од главните играчи ќе се водеше борба до ккрај, ама тоа е што е :)
За мечот на домашен, знаевме и самите дека некој ќе биде платен, ама едноставно не признававме пред тоа, за да некако дознаеме кој е, ама ете дознавме после мечот, откако го изгубивме по сосема случајна грешка на нашиот голман :)
За сезоната, стварно немаше некои мечеви одиграни на високо ниво, како што ги имало барем 2-3 во минатите сезони. Лисиче и Славија на двете меќусебни средби вкупно немаа ни 4-5 100% шанси, но они ја имаа среќата и на двата меча и затоа сега ќе си играат во втора лига. На крајот местенки колку сакаш, ние местиме, гледам и Лисиче, и вие им пуштивте дома на Алумина :) оа е тоа, се дешава секојха година...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.660
И пораз во последниот меч. Очекуван пораз во Бутел со 2-1. Меѓутоа работите ќе имаа сосема поинаква насока ако не се случеа работите кои секогаш се случуваат на овој терен. Нашите раководства се релативно пријателски настроени па се договориле на фер меч, па нека победи подобриот. Но ситуацијата ја разгорел судијата. Им доделил жолт картон на домаќините. Тогаш еден од играчите на Бутел му акнал бокс и му ја раскрварел фацата. По сите стандарди треба да се прекине утакмицата, ама одма добил закана за линч. Утакмицата продолѓжила а судијата ги молел нашите да им ја оставаат топката на Бутел за да излезе жив и здрав :pos: Па така им досудил непостоечки пенал за 1-1, а потоа Бутел повел со 2-1 по што судијата досудил крај 25 минбути пред предвидените 90 минути :kesa:
Нашите не се ни бунеле затоа што мечот немаше никакво значење за нас. На крај врзавме два порази еден во наместен меч, и еден на терен кај што не се победува :)
Деноививе ќе направам и една рекапитулација на вторава полусезона :)
 
Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Ќе биде све по мое ко што реков.. ќе видите.. До година пак ќе се игра дербито Лисиче - Славија. (само 2ро лигашко ќе биде) ај кладба у 3 еклера и боза? :pos2:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.660
Ќе биде све по мое ко што реков.. ќе видите.. До година пак ќе се игра дербито Лисиче - Славија. (само 2ро лигашко ќе биде) ај кладба у 3 еклера и боза? :pos2:
Ај дефинирај го тоа догодина прво, па ќе се кладиме. Мислиш на следнава сезона, или таа после нејзе :icon_mrgr
 
Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Ај дефинирај го тоа догодина прво, па ќе се кладиме. Мислиш на следнава сезона, или таа после нејзе :icon_mrgr
Што има да дефинирам ти да не не знаеш што сакам да кажам :pos2:

--- надополнето ---

Или пак не знаеш во која лига ќе играте :pos2:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.660
Што има да дефинирам ти да не не знаеш што сакам да кажам :pos2:

--- надополнето ---

Или пак не знаеш во која лига ќе играте :pos2:
Се е можно бе :icon_mrgr
Лигиве ни се хаварија, и најверојатно кој плати ќе игра, така да сеуште има шанси за втора лига :pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.660
И конечно и следната сезона ќе настапуваме во третата лига. Амбициите одново се поставени доста високо, и втора година по ред (а 4 во последните 7-8 години), влегуваме како најголеми фаворити за првата позиција. Ако претходната сезона како најголем противник го имавме Лисиче, овој пат ќе имаме уште потешка задача со зајакнатиот Маџари. Незнам каков облик ќе има лигата од следната сезона, ама не сум некој голем оптимист поради неколкуте непромислени потези од нашата управа...
 
Jaс за време баражон што се играше во Маџари, седев до еден играч на Маџари, он ми кажуваше како нема кеш клубот не ни знаат дали ќе играат до година. Све некои маалски дечишта ко Волково и Лепенец... Жалосно е да гледаш како клубови со традиција и историја ко што е Маџари на пример. да се распаднат..
 
Јас па слушнав дека им се вратил спонзорот Маџари Солидарност, и дека имале прилично високи амбиции :toe:
Сеедно лигата ќе биде тешка ако немаш пари. А како што се стиснати нашиве ништо не се знае....
Лошо ќе биде ако Ѓорче или Слога ги стават во трета лига... Т.е. посакувам слога да ми гостува во Пржино :icon_mrgr
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.660
Се најавуваат многу новини во клубот. Добиваме целосно нов состав во кој најверојатно предводници ќе ни бидат тројца поискусни играчи, нешто што многу ни фалеше во нашиот млад состав од годинава. Ова е само најава незнам колку е точно, но Мандар вика дека играчите се веќе познати. Има време за трнинзите бидејќи сезоната почнува во почетокот на септември.
Има некои новини и околу тренерската позиција. Можеби изгледа смешно но нашето раководство сега најдобро стои со она на лутиот ривал од оваа година, новиот второлигаш Лисиче. Па така нашиот досегашен тренер Јаковлевиќ ќе биде тренер на нивната младинска школа а за возврат ќе добиеме тројца нивни играчи.
Нешто што стварно можам да го пофалам е изгледот на нашиот терен. ФАНТАЗИЈА!!!
Олд Трафорд може вода да ни носи :vozbud::vozbud::vozbud:
Тоа е главно заслуга на кабињерот на Шкендија Арачиново кој го добивме во знак на соработката на нашите два тима. Ипак не беше залудно шѕто им го пуштивме мечот во Пржино :)
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
ke bide interesno ovaa sezona se nadevam deka konecno slavija ke vleze vo vtora liga
 
Kajgana Shop

На врв Bottom