Book for dummies

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Да не прочитав во една од нив, дека не треба да оставам сладолед во автомобил на пеколно сончев ден, којзнае што ќе се случеше...

Викса, книгите се пишувани пред се во земји и за луѓе кои се научени да слушаат што треба да прават, а не сами да размислуваат. Има доста идиотизми во ваква книжевна форма, ама пак кај нас се купуваат зошто се ефтини (а ефтини се зошто се мали), па некој си ги брои во онаа конечна бројка "колку книги сум прочитал".

И круцијално... не, не ги читам :) Знам дека треба дневно да се напијам минимум 7 чашо вода за да имам среќен живот :pos:
pa sigurno od amerikanzi do amerikanci se nameneti...
a eftina + mala + banalna = book must have
 
Коелјо не го вбројувам во Американските „прирачници“ туку во посебен тип што би можела да ги наречам лесни книги. Не остава простор за размислување, нема длабочина во неговите дела, нема суштина. Открива за животот нешто што другите не го знаат? Докажува нешто ново? Тоа се книги што се читаат за саат време. Тие што доволно читале ќе се сложат со мене. Типот обработува слични теми што палат најчесто кај помладите генерации. Некои клише изреки „Ако нешто силно посакуваш целата вселена ќе направи заговор тоа да ти се оствари“. Ма дај...
И повеќето јавни лица го споменуваат како омилен писател и омилена книга им е „Алхемичарот“ а сигурна сум дека пола од нив не ја ни прочитале туку слушнале нешто и ај омилена им е. :tapp:

Впрочем добро рече Raziel - за Коелјо сè уште владее фамата дека пишува добри книги.

btw правилно се пишува сфатам со Ф :wink:

Мора да се сложам со коментарот. (Не друго, ќе искочи не сум читал :uvo: ) Коељо е ми се чини свесен за својата вредност. Но тоа не му пречи, типот се науни пари. Како што не им пречи на Бритни и на Цеца.
 
Иако не сакам да правам такви поделби ама тој е типичен комерцијалист, на кого му е важна единствено заработката. И изгледа дека тоа добро му оди.
 
Има една добра мисла во "Дневникот на Ана Франк" "Unless you write yourself,you can't know how wonderfull it is;I always used to bemoan the fact that I couldn't draw,but now I'm overjoyed that at least I can write.and if I don't have the talent to write books or newspaper articles,I can always WRITE FOR MYSELFE"

По ова што го прочитав за Пауло,ми паѓа на ум една ствар...тој не пишува за себе,пишува за останатите...или може да пишивал за себе ама да не издал ништо од тоа...како и да е...го неам читано и не ме фаќа мерак да го читам...иако ми го фалат(углавно заљубени другарки) :jaj:
 
Епа на глупите луѓе има треба нешто соџвакано за да го сфатат. Поентата ми е дека секоја книга не учи на нешто, ни пренесува некоја поука ама тоа го прави поврзано со некоја приказна, па со тоа ни го доближува уште повеќе.
Многу посувопарно е да прочиташ директна поука, соџвакана, отколку да прочиташ приказна која ќе те наведе на размислување и ти самиот ќе сфатиш што всушност била идеата зад приказната.
Ставот што самиот ќе си го оформиш и потоа самиот ќе стоиш зад него, е побитен од тој што ќе ти го сервираат на послужавник.

Круцијалното прашање...Имам читано вакви книги, и не мислам дека ми помогнале. Пример, Моќта на позитивното мислење, премногу идеалистички поглед, со преголема доза на брејнуашинг, поттик за верба во Бог, со убедувања дека само треба да посакаме нешто и готово, се може да се оствари со силна верба! Јеа рајт!
 
Пример, Моќта на позитивното мислење, премногу идеалистички поглед, со преголема доза на брејнуашинг, поттик за верба во Бог, со убедувања дека само треба да посакаме нешто и готово, се може да се оствари со силна верба! Јеа рајт!
Ма не, сите тие книги се во право. Точно е тоа што го зборуваат. И тоа што си читала исто така е точно. Со силна верба навистина се` може да се постигне. Но силна верба, значи многу работа. А со многу работа може да се постигне се` нели? Круцијалното прашање (шо викаш) би требало да биде... Зар никој не знае дека со многу работа се постигнуваат одлични резултати па треба да ја прочиташ книгата да ти го каже тоа?

Сите методи се познати и јасни, зошто луѓето даваат пари и трошат време? :toe: Мене тоа не ми е јасно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom