Најпознатите фотографии со духови

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.100
Веб-сајт
www.kajgana.com
Некои од овие фотографии се прилично стари (од времето кога не постоел Фотошоп), а официјално до сега никој никогаш не дал објаснување како на нив дошло до појава на "духовите".

На групната фотографија на пилоти, позади еден од нив видливо е лице на друг човек. Се верува дека тоа е духот на Фреди Џексон, воздухопловен механичар кој загинал два дена пред да биде направена фотографијата (која всушност е направена на неговиот погреб). Сите пилоти го препознале Фреди и верувале дека и тој сакал да биде на заедничката фотографија.
duhovi_1


Пречесниот Ралф Харди, пензиониран свештеник од местото Вајт Рок во британска Колумбија ја снимил оваа фотографија во 1966 година. Намерата му била да ги фотографира елегантните спирални скали во Националниот музеј. Фотографијата и негативот ги разгледувале бројни стручњаци кои заклучиле дека не е монтажа. Скалите и претходно биле поврзувани со духови, а многумина тврделе дека слушале чекори.
duhovi_2


Мабел Чинери во 1959 година со сопругот отишла на гробот на својата мајка. Го фотографирала сопругот кој ја чекал во автомобилот, а по развивањето на филмот биле прилично изненадени кога на задното седиште во автомобилот ја виделе мајката на Мабел.
duhovi_3


Тери Ајк Клентон го фотографирал својот пријател на гробиштата Бутхил. Откако го развил филмот се изненадил кога позади својот пријател забележал фигура на човек со темен шешир кој излегува од земјата.
duhovi_4


Госпоѓа Ендрјуз го фотографирала гробот на својата ќерка која починала на 17 години. Кoга ја развила фотографијата, на неа било и мало дете кое седи на гробот.
duhovi_5


Во 1997 година, Денис Расел ја фотографирала својата баба. Била прилично изненадена кога по развивањето на фотографијата се појавил и нејзиниот дедо.
duhovi_6
 
е ајде сега вие што сметате дека се е лажирано дека се е направено во фотошоп ДАЈТЕ КОМЕНТАР ЗА ОВА ..
мм ?
 
Еве една мала колекција
[media]http://www.youtube.com/watch?v=u6trH81xpko[/media]
И уште една, се слушаат звуци
[media]http://www.youtube.com/watch?v=VQQS-0ZOMcg[/media]
 
Од каде ви е идејата дека вакви работи може да се прават само во Photoshop.

Од каде потекнуваат сите алатки во Photoshop.

Layer Mask постои во PhotoShop баш за вакви работи, но во минатото тоа се постигнувало со правење маска од хартија, се покривале деловите кои не ни требаат, па ја експонираме хартијата, на истата хартија експонираме уште една слика и правиме композит, може да се направи композит од безброј леери/слики/негативи.

Photoshop само го убрза процесот.

Дали има некој од вас копија од весникот во кој се објавени овие слики во минатото, со конкретна дата од весникот каде биле објавени. Може се тазе фалца, а може и тогаш да се фалцани.

За вакви работи постоела технологија и во тоа време, да не заборавиме дека филмот може и да се ретушира, како оние од Матурска, паметите? се разбира ако сте генерација родени барем пред 1980.

Тешко дека веќе ќе најдеме нешто валидно.
 
Некои од овие фотографии се прилично стари (од времето кога не постоел Фотошоп), а официјално до сега никој никогаш не дал објаснување како на нив дошло до појава на "духовите".

Ne postoel Fotosop togas,ama postoi sega.:)
 
Језиви слики... дали се монтажи или не, не навлегувам...

Важно страшни се. :)
 
аууу не да се наежив. Дај од сега на ваквите теми нека пишува (+18) или со слабо срце луге нека не ја отвараат.

Иначе јас живеам во свет каде што натприродното не веруе у мене ниту јас у него и среќен сум. т.е. не сум се позарамал. Можеби постојат духови, можеби се експерименти на некои научници... абе физика. Али и да видам со мои очи пак нема да веруем.
 
Шо знам не верувам многу на фотографијата :) ама ако се вистински навистина фаца вервам во такви работи.
 
грозно!но и на мене не ми е верно!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom