У право е Зоте. По едно коло и пораз на кој не си ја гледал играта на тимот, неможеш да заклучиш ама баш ништо. И Манчестер киксна првите две-три кола, па слаб да не е. Римац, незнам дали го памтиш, ама е подобар од цела наша лига заедно. Како што знам имаат и неколку американци. А што сум правел муабет со луѓе што ја гледале струмица а не се навивачи, викаат дека се многу послаби од лани, што и се забележува, главно заради Арсиќ кој ви е тренер-менаџер и си носи играчи од својата менаџерска агенција кај вас и дури и на тој начин зема пари. Да бидеме реални, странците што ги имате во моментов, се меѓу послабите во лигата, евентуално само на Мзт Скопје странците се послаби. Мислам дека многу подобра екипа ке скоплевте ако не ви беше Арсиќ тренер, зашто бар ке доенсевте за истите пари, подобри странци од овие сега што ги имаате и ке бевте страшна екипа. Греота е екипа со Богоев, Грне, Соколов, Тасов, да се мачи со Томчо Соколов и странците кои не се ништо подобри од играчите што ги имаме во превенствово а коштаат многу повеќе.
Искрено, сакам Струмица да помине, заради рејтингот на Мак-Баскетот