Егоизам

С

Сатори

Гостин
Оној кој живее само за себе, тој е мртов за другите.

Егоистот живее само за да ги исполни своите цели и потреби воопшто не грижејќи се за останатите, се труди да ги надвладее и искористи за да го достигне тоа што му е „неопходно“.

Што правите со ваквиот тип на луѓе во вашата близина?
Треба ли да се остават сами на себе, да живеат во „својот“ свет, да не им се дозволат придобивките кои тие себично ги посакуваат присвојувајќи како нечие време, така и нешта?

Или можеби има и некоја друга страна во целата таа приказна, можеби сепак е многу подобро да живееме како егоисти, единствено гледајќи ја само својата преспектива и интереси?
Не грижејќи се што со луѓето околу нас? :jaj:

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Па сите се егоисти на денешницава.Ако не си била на планетава во последниве неколку децении,општо прифатена позитивна норма е секој да си ги гледа своите интереси и ич да не се замара со некој друг.Можеби,само можеби,ке постои мал број на луге кои сеуште го гаат алтруизмот како своја најубава особина,но како и да е,обично тие пропагаат во овој суров свет...
 
С

Сатори

Гостин
...

Значи ти сакаш да ми кажеш мене дека апсолутно сите се арогантни егоистични коплиња?
 
Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
пробувам да бидам што е можно помал егоист, но некогаш е едноставно невозможно, зошто денес сите се грабаат за се,вклучувајќи и емоции, така што најдобро е да си егоизам со усул,во смисла да знаеш што е добро за тебе, што е сосем нормално!егоист сум во љубовта, и тоа скапо го плаќам, но за жал не знам како да го сменам...егоизмот ми е најизразен дома,сакам јас прва се да пробам (кога станува збор за храна), морам јас прва да одам во купатило насабалје, по можност...но и тоа се лечи, не се срамам од тој факт, само што ете, таков ми е табиетот. како инаку ќе преживеам во овој глуп свет!?
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Па реков де...не сите ама поголемиот дел да.Да бидеме реални,така е...Тоа ти е условот за да успееш бе човек.Замисли,вработените во било која компанија мораат да бидат такви за да напредуваат.Егзистенцијата им зависи од тоа.Едноставно,системот ја наметнува таа вредност.Капитализмот.Основото правило:eat,or be eaten.Гледаш,многу сме поблиску до џунглата отколку што мислиш...
 
Член од
21 октомври 2007
Мислења
68
Поени од реакции
3
створења кои што мислат само на себе...
другарување - од користољубивост
не сум сигурна за кого полошо...за нив или за тие околу нив
имам лошо искуство со таква личност....:(
 
Pretty bItCh

..::feel the ♥::..
Член од
20 септември 2007
Мислења
317
Поени од реакции
1
vo nekoi momenti da moras da mislis na sebe...i ne na sekoj denes bi mu bilo gajle za tebe..se znae na koj mu e gajle za mene na mama i tato...se dr e farsa...znaci od toa sleduva deka koga se raboti za licnosti koi gi cenime pocituvame i ni znacat treba niv da gi stavime vo preden plan...samo kon tie licnosti koi zasluzuvaat vnimanie od mene imaat.za site dr sum egoist.GOLEM!i ubavo mi e:eek:jea:
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Егоистите се луѓе кои мислат само на себе и на своите интереси, нивното ЈАС е центар на нивното внимание и дејствување. Како крајност, овие луѓе не знаат да се стават во кожата на другиот, не сакаат ни да замислат како би реагирале да се на нечие место, едноставно не ги интересира и се стремат само кон стигнување до сопственото задоволство. Објективноста им е помалку позната во врска со себеси, не размислуваат за тоа да пристапат кон самокритичност, постојано имаат оправдувања за своите грешни постапки и не се соочуваат со своите грешки.
Газењето по трупови и достигнување на некоја цел преку свесно повредување на другите.
Болен егоизам, крајност.

Ако сакаме да сме реални, не сме совршени и сите сме егоистични (кој повеќе, кој помалку), сите во одредени моменти пристапуваме кон принципот индивидуалност и мислиме само на себеси, на своите желби, цели и потреби, но не е страшно ако не е претерано и ако знаеме да најдеме средина меѓу егоизмот и алтруизмот, ако знаеме да ја штитиме својата индивидуалност и истовремено да се ставиме во чевлите на другиот.
Етикета „егоист“ му припишуваме на човек, кој следејќи ги своите желби, не` загрозува на некој начин, без разлика дали последиците ќе се видат веднаш или подоцна.

Треба ли да се остават сами на себе, да живеат во „својот“ свет, да не им се дозволат придобивките кои тие себично ги посакуваат присвојувајќи како нечие време, така и нешта?
Тие и онака живеат во свој свет, нема што ние да ги оставаме или да не ги оставаме. Она што сакаат да го добијат ќе се потрудат по секоја цена да го присвојат. Ако не им успее кај една личност, ја отфрлаат и бараат нова.
 
Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
ЈАС (егоист), велам дека сите се егоисти, и сите се што прават , прават само за себе си.А тоа иде вака....За некој настан што вие обично би го нарекле "Добро дело" (алтруизам).Јас гледам позадина во истото, односно ни помалку ни повеќе туку егоистична позадина.Еве едно мало примерче...
Да речеме дека јас имам храна и ја споделам со другите, и со тоа направам добро дело , јас тоа го правам затоа што кај мене се појавиле некои чувства на кои ќе треба правилно да одговорам за јас да бидам успокоен.Односоно кај мене ќе се појави некоја грижа на совест која ќе направи да се чуствувам лошо доколку не сум ја споделил храната.и за да го избегнам тоа чуство (значи мислам само на себе)јас ќе ја споделам таа храна, и со тоа всушност ќе добијам многу повеќе...ќе добијам позитивна репутација и ќе имам чиста совест...ете го егоизмот кој се појавува кај сите од нас.и убаво кажа Fabullous_178 , дека нашето однесување се поистоветува со капиталистичкиот систем

Што да правам...сите мои познајници ,другари, девојки ме гледале и ме гледаат само од корист... многу едноставно, почнете да не ги правите работите кои другите ги сакаат кај вас, и ќе видите колку ќе ви се заладат одностите...мислам премногу е очигледно дека сите сме егоисти.
 
KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36

И сеа ја шо ќе пишам? Ми го украде постот... Браво!
Со други зборови, и јас истото сакав да го потенцирам. Егоизмот, т.е. потребата за задоволување на своите потреби е најистакната во љубовта. Ако посакување на одредено човечко суштество само за себе не е егоизам, тогаш, егоизмот не постои.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Сите сме егоисти ама оние што се ептен затупени ги има за жал малку. Јас сакам да ги има повеќе затоа што се совршени за фаќање сеир а за ремет да не зборам ко родени се за таа улога.
 
С

Сатори

Гостин
...

Поентата на темата во никој случај не беше величање на егоизмот како особина, нормално дека нема да се правиме фини и добри и ќе кажуваме, да јас секогаш ги ставам другите пред себе, но, секогаш мора да има едно големо но во приказната.

Не сите побуди кои ги имаме ги остваруваме газејќи преку туѓите животи и емоции, финансиска или општествена положба а тоа е главно мото на егоистите кои често знае да се граничи и со отворена злоба.

Се согласувам со Форчн, најбитно е да се најде некоја средина помеѓу алтруизмот и егоизмот дури и тој алтруизам да е од егоистички побуди, сепак сме направиле нешто што некој друг го направило среќен, па сите на крајот задоволни.
Коцката се свртила на сите страни, а тоа е најбитно, или не?:nesvest:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Кога човекот ќе научи како да владее со неговото его а не егото да владее со него, прво го подобрува неговиот живот, неговото здравје и постигнува духовна зрелост!

ЈАС (егоист), велам дека сите се егоисти, и сите се што прават , прават само за себе си.А тоа иде вака....За некој настан што вие обично би го нарекле "Добро дело" (алтруизам).Јас гледам позадина во истото, односно ни помалку ни повеќе туку егоистична позадина.Еве едно мало примерче...
Да речеме дека јас имам храна и ја споделам со другите, и со тоа направам добро дело , јас тоа го правам затоа што кај мене се појавиле некои чувства на кои ќе треба правилно да одговорам за јас да бидам успокоен.Односоно кај мене ќе се појави некоја грижа на совест која ќе направи да се чуствувам лошо доколку не сум ја споделил храната.и за да го избегнам тоа чуство (значи мислам само на себе)јас ќе ја споделам таа храна, и со тоа всушност ќе добијам многу повеќе...ќе добијам позитивна репутација и ќе имам чиста совест...ете го егоизмот кој се појавува кај сите од нас.и убаво кажа Fabullous_178 , дека нашето однесување се поистоветува со капиталистичкиот систем

Што да правам...сите мои познајници ,другари, девојки ме гледале и ме гледаат само од корист... многу едноставно, почнете да не ги правите работите кои другите ги сакаат кај вас, и ќе видите колку ќе ви се заладат одностите...мислам премногу е очигледно дека сите сме егоисти.

Значи нас луѓето не врати во примитивизмот каде сем задоволување на основните (примарни) мотиви не постојат оние секундарните кои го издвојуваат човекот како homosapiens...
Во примерот храната ќе ја поделам со моите пријатели поради дружба проследена со многу хумор и зафрканции....А и в прочем никогаш нема да му дадам некому храна сем мојата хуманост.
Егото нема врска во овој пример:wink:
 
Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Значи нас луѓето не врати во примитивизмот каде сем задоволување на основните (примарни) мотиви не постојат оние секундарните кои го издвојуваат човекот како homosapiens......
Чекај малку , зарем не примети како прво колку срамежливо е напишан зборот "еве едно примерЧЕ", а ти одма се фати здраво за готово .Јас мислам дека поентата ми беше јасна ,..а ти ме искритикува за нешто што нема некоја потреба да биде критикувано:toe:.ама ај да се изјаснам и вака...да го издвојам човекот и да го направам хомосапиенс...еве за нешто секундарно .ПримерЧЕ : им велам на другите дека можам да им се најдам секогаш и за било што , во добро и во лошо , и стварно им се наоѓам.а тоа мене повторно ме прави среќен затоа што помислата дека сум му помогнал на некој ме прави да се чуствувам од некоја важност и ми дава до знаење дека не сум некое суштество кое претставува штета за општеството...мислам можеби и сум погрешил нешто , ама според таа дефиниција за егоисти ..епа искача така дека сите сме такви .
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
69
Поени од реакции
7
se soglasuvam so toa deka sekoe dobro delo ima svoja egoisticka pozadina,no i sepak kaj razlicni licnosti,samozadovoluvackite pricini se razlicni.sakam da kazam deka ne e isto da napravis dobro delo zatoa sto toa ke te ispolni,ili da napravis dobro delo za slava,popularnost,pari ili nekoja druga korist.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom