А на Скопје паркот бе! ! !
Абе милина да ти е да се прошеташ...на почеток газиш на полуискршени плочки, гледаш десно фонтана што полуработи, одиш право се симнуваш по целосно искршени скали, пред тебе е споменигот на нашиот најистакнат војвода Гоце Делчев, како само гордо стои на споменикот (покажувајќи со двата прста кон Аеродром) со погледот одиш надоле и гледаш графити, безвезни натписи напишано во стил на Емче ваз хир (па што к*р ако Емче била тука!) те тера да поцрвенеш (незнам за вас ама стварно се срамам кога го гледам тоа) Човек што се борел за неговите идни генерации да спијат сигурно без страв дека некој турк е дојде и ќе бара данок во крв...патетика жива сме! Одиш уште право! Па после вртиш лево, одиш, одиш, пази дупка, одиш, се вртиш десно и гледаш мини спомениче од едно мече АМА со мечево нешто не е во ред, како некој 1 тон тежок напален бик да свршил врз мечето пробувајки неколку пати истото мече да го јавне (барем цело бело да го направевте шупаци едни, да личи на нешто ПУ!). Одиш уште малце понатаму и ја гледаш бината или таканаречената Школка целата исто како Гоце напишана со секакви графити и натписи (барем да се најдеше некој асален графит да се нацрта па да личи на нешто!). Спроти Школката го гледаш таканареченото Брдо со куќарката малечка, влегиваш кај неа и никако значи НИКАКО немој да си седнал на клупите затоа што некои такозвани чесни граѓани пиеле алкохол претходната вечер и се опијаниле и истурале алкохол врз местото наменето за седење...ова не е се има и масички ОООоооОООооо ДА! масичките се уште бетер, ни самиот незнам што се имало на нив... Е да ми текна веднаш до таа куќарка има нешто како незнам што ама ќе знаете за што викам кога ќе видите, односно кога ќе ја помирисате аромата на АМОЊАК!!! и се разбира истоименово место е и дувло за наркомани. Спроти тоа место е Кермез кој се гради 100 години и никако да се изгради (чисто се сумљам дека ќе се изгради додека не заврши мандатот на нашиот "чесен" градоначалник, ако не се изгради значи дека НЕМА НИКАД!)
Спремен да идам негде на гости накај Карпош или Влае и решавам да идам по стариот, дивиот дел на паркот... ЖИМИ СЕ ТАМУ МИ Е МНОГУ ПОДОБРО МЕСТОТО!!! Барем гледаш природа (така некако).
Па драги сограѓани од нашите соседни градови со нивните прекрасни градски паркови поминете некогаш накај нашиов скопски парк да видите што се "мераци". ОК не доаѓајте, несакате верувајте ми.
Драги скопјани, постов не го сфаќајте погрешно во стил на малиов "го сере паркот и стекнуваме лоша репутација за градот", кога и самите знаете во каква состојба е.
Како што би кажале металците наши наречени Metallica...SAD BUT TRUE.