Фан Клуб: Амак СП Охрид

Статус
Затворена за нови мислења.

gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
Ја мислам ќе го јадете од Мзт, исто као лани
 
Z

ziko bt

Гостин
ne be za nikade ste gazdata vas mu rekol deka ako ne stignele do finale nema da mu gi isplati platite so gi borci a deka ke stignite do finale MALO MORGEN:pos2:
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Христос Воскресна, за многу години до сите Македонци...Рибари,ЦПБ,ФА,Комити,Чкембари,Лозари,Ајдуци,Војводи..... без разлика дали се сакаме или не:D
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Вистина воскресе...само гледам си испуштил да напишеш и Овчари,ама ајде простено ти е...:smir:
 
Z

ziko bt

Гостин
ФТИМ БОГОЕВ ЧЛЕН НА АМАК СП, МВП ИГРАЧ ВО ФИНАЛЕТО НА КУПОТ ЗА ПРЕОДНИОТ ПЕХАР НА ВЕЧЕР


Свесен сум за своите квалитети


Роден струмичанец, на печалба во Охрид, зад себе има бројни трофеи, а списокот го комплетираше неодамна со Куп трофејот кој недостасуваше на неговото кошаркарско конто. 28-годишниот капитен на охриѓани вели дека тренингот и упорноста се тајната на неговиот успех


Кој е патот на твоите успеси. Кога за прв пат се појави на паркетот?
Тренирам од мојата 13-та година и имам богато играчко искуство зад себе. Уште во основно имам учествувано на државен натпревар на кој го освоивме првото место. И во гимназиските денови имам освоено две први и едно второ место. Имам настапувано и на ЕП во Израел, како средношколец, каде се пласиравме на одличното десетто место. Додека студирав имам учествувано на две финалиња на кои се закитив со една титула и МВП. Покрај тоа имам освоено титули и во кадетска, младинска и сениорска конкуренција со генерација како што е Маџунков, Миракоски, Илиески, Николов, Рингов...

По двете неуспешни финалиња во дресот на Струмица го освои и купот на Македонија за преодниот пехар на Вечер?
На Куп натпреварите има многу изненадувања. Иако не бевме на списокот на фаворити покажавме дека имаме квалитет за големи натпревари. Се најдовме во најтешката група, со МЗТ Скопје која е најнезгодна екипа, игравме финале пред финале со Фени Индустри. Победивме и во големото финале против С. Пелистер, во натпревар кој беше многу потежок поради притисокот кој го имавме. Моето долгогодишно искуство ме научи предвреме да не се надевам на голем успех. Соиграчите ги советував да бидат смирени, со студени глави и голема борбеност да влеземе во натпреварот со битолчани. Играме на позицијата на која треба да бидам мотор на екипата, да ги разиграм играчите, а не да бидам прв на листата за стрелци. Во првиот дел од натпреварот токму тоа и го правев, а потоа ја презедов одговорноста во свои раце.

Првенството е во тек, какви се шансите на АМАК СП годинава да биде освојувач на двојната круна?
Доколку во разигрувањето стигнеме до полуфиналето тогаш ќе бидеме едни од посериозните претенденти за шампионската титула. Рано е сега за такво нешто да се зборува.

Твоите очекувања за настап во репрезентацијата се повеќе стануваат реалност, посебно по извонредниот учинок во големото финале на Купот?
Голема желба ми е да заиграм на ЕП во Полска. Работам напорно и се разбира очекувам да добијам шанса, ако ништо друго барем да бидам дел од екипата која ќе патува во Полска. Свесен сум за моите квалитети и мислам дека треба да бидам во конкуренцијата за репрезентативните бои. Секогаш сум подготвен за тој предизвик.

Дали се заработува доволно од кошарката кај нас?
Далеку си од дома, оставаш фамилија и од тоа што го заработуваш живееш. Струмица е прилично далеку, само неколку пати сум бил дома. Сето ова ги поткрепува тврдењата дека сум на печалба. Иако сме дел од светската криза може добро да се заработи од кошарката. Секако тука влијае е квалитетот на самата лига, која сега после крахот на Струмица е послаба, а со тоа паднаа и цените на пазарот на играчи.

Каде се гледа Богоев за 5 години?
Секако на терен некаде надвор од државава. Имам двегодишно меѓународно искуство, бев во Грција и се надевам дека следната година ќе се испробам во некоја екипа во странство. Засега имам некои понуди, но се уште не се конкретни. Работам на тоа барем уште две-три години да играм во некоја странска екипа.

Што по завршувањето на кошаркарската кариера?
Имам завршено Рударско-геолошки факултет во Штип, па според тоа можно е и некој приватен бизнис, иако тука кај нас со ваква струка тешко се наоѓа работа. Кошарката ми е во душата, без неа не можам па би се испробал можеби и како тренер.

Што недостасува кај нас да се подигне нивото на квалитетот на лигата?
Пред се треба да се изгласа законот за спорт што ќе овозможи поголем број на фирми да застанат зад екипите. Исто така новата иницијатива на КФМ за професионализација на кошарката е за поздравување. Само така ќе се подигне квалитетот на кошарката. Од друга страна треба во голема мера да се подобрат и условите за работа. Сеуште тренираме во ладни сали, трибините, со исклучок на Охрид, се полупразни. Таа слика ќе мора да ја менуваме доколку сакаме квалитетот да оди едно скалило погоре.

Која е твојата кошаркарска филозофија?
Најдобар напад е одбраната. Треба во натпреварот да се влезе со една помисла да одиграш добро во одбраната, а нападот сам по себе ќе си дојде. Талентот во кошарката е 20%, а останатото е работа. Само со тренинг и упорност успехот е неизбежен.

Кој е Ефтим Богоев приватно?
Имам вереница струмичанка и наскоро планираме свадба. Моментално работи во Струмица, се слушаме секојдневно, не е лесно да си далеку од оној што го сакаш. Понекогаш ми фали токму нејзината поддршка и близина, но благодарен сум што има бескрајно разбирање за она што го работам. Како и моето семејство.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom