Еве ти одговори на сите прашања:
1. kako go dozivuvate gospod?
Како го доживувам? Како што ти мајка ти и татко ти
2. Не седи не не гледа....тој е меѓу нас и во сите нас...
3. dali veruvate deka ve slusha koga mu se molite?
Да, ги слуша нашите молитви и ако се искрени ги исполнува
4. zoshto troshite pari vo crkva?
Затоа што сакаме да ги наградиме оние кои го проповедаат неговото Големство
5. se plashite li od nego?
Се плашиш од мајка ти?
6. gi pocituvate li vo celost(kako vistinski vernici)bozjite zapovedi?
Ги почитуваме, но правиме и гревови, за кои бараме прошка...
Еве едно прашање до тебе: Каде и од кого бараш духовен мир и прошка за твоето неспокојство?
Епа да ти кажам сега јас некои работи :smir:
Прво, парите што ги даваш во црква треба да се наменети за сиромашните, болните и сите оние кои на овој или оној начин патат, а не за оние мрсули што се кријат зад името бог, носат мантии, а од друга страна возат јаки коли, одат на одмор каде сакаат низ планетава, нивните деца учат на најдобрите светски колеџи (ако не веруваш провери, лесно се проверува сето тоа).
Второ, ги слуша моите молитви и ако се искрени ги исполнува, ЖИТИ СЕ... :pos2::pos2: Па јас сум разговартал со некои премногу успешни луѓе тука во Македонија, и сите ми рекле дај бе не ми тропај глупости, кој бог кои бакрачи, овие мои две раце и овој мој памет го направија сето ова што денс го имам, немој да го префрлуваш мојот труд на некому кој не е ништо различен од Зевс во грчката митологија...
Трето: Го почитуваме но правиме гревови и се каеме. Абе дај кажи ми кој од овие 10 заповеди си го исполнила во целост?? Дај кажи ми дали ако некој те пцуел или некако ти наштетил, си седела мирно и си дозволила да ти врзе уште еден шамар?? Дајте ве молам, вие верниците сте толку многу заслепени, но уште еднаш ќе напоменам, не сте вие вновни, вашите предци биле во големи агонии, во големи сиромаштии, и се што имале како поткрепа и помош биле токму тие цркви порано, каде што се молеле силно верувајќи дека некој ќе им помогне, но на крај пак самите ако не фателе со свои раце, немало никој да им помогне... Сето ова тука на Балканот е сеуште во огромни количини профатеон, и токму затоа Западните земји не нарекуваат заостанати и црни држави, затоа што многу малце гледате на науката како иднина, а повеќе на религијата како вистина... Јас напоменав една анкета што беше извшрена во западните земји нагоре во постовите, па види и самата увери се ако не ми веруваш :wink::wink: Сепак, немој да мислиш дека те напаѓам нити пак те осудувам, сепак сум исти како тебе, ти имаш мислење на мене како атеист и неверник (а тоа во твоите мисли значи лошо), само враќам со иста мера :wink::wink: Можам да пишувам до сабаље на оваа проблематика, но џабе е, вие секогаш имате само еден одговор, ако горнион сака така, така и ќе биде и крај, не сакате да се замислите малце, да увидите старно што се случува... Ај доста е, премногу ќе ме нападнете ако продолжам, иако и сега очекувам напади... :pos2: