По природа сум многу емотивна личност. Болката и тагата некогаш знам да ги покажам и пред луѓе кои не ги знам, па поради тоа некогаш страдам. Не дека сакам да ги покажам и не дека сакам да ме гледаат другите како плачам, ами таква сум. Не можам да се воздржам.
Знам да заплачам и на некоја убава песна, која ќе ме разнежни.
Отворена сум и кажувам што ми лежи на душата, што чувствувам и како ми е. Најчесто, тоа му го кажувам на некоја моја блиска личност, така тагата ми се чини дека е помала, дека кога е поделена со некого, побрзо може да исчезни.
Така се лажам самата себеси, ама помага.