Фан Клуб : Фени Индустри

Член од
21 ноември 2010
Мислења
127
Поени од реакции
23
Abe sto zborite deka mzt nema trener ili slab bil noviot. Od koja dojde on mzt tepaa vo saraj 20 razlika(nikoj do sega ne pobedil tolku tamu), potoa vodea so rabotnicki 30 razlika(u poslednive 10 godini ne pamtam tolku da vodele) i go tepaa torus 30 razlika(vo istata sala mzt izgubi od torus). A feni ima jak tim i pricinata na porazot ne e trenerot samite igraci si ja izgubija utakmica vo klucni momenti od utakmicata....
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Со мало закаснување мое видување на дербиото..
Доста добар меч,на две квалитетни екипи..
По подолго време еден добар меч од нашата лига...
Заслуежна победа на Фени,иако и МЗТ даде се од себе да победи..и беа блиску..
Сепак,им се врати изгубеното од првиот меч пред некој месец и сеа Фени имаше повеќе среќа...
Фени во моментот има најсилен тим,најкомпактен,најбалансиран на сите позиции...
И Рајковиќ,без разлика на неговите грешки во минатото се вклопи некако(конечно по толку години)...
Не е толку до него,колку шо им се погодија играчите...
На сите позиции Фени е затнат максимално....вистински дрим-тим за наши услови...
Не знам шо е со тој Американецот шо го зедоа зимава?Не го забележав на терен....
За МЗТ...конечно клубот се врати кај шо му е местото....по толку години....
Добра екипа склопија,само се чувствува неиугроноста...не се читаат меѓу себе играчите..
Шо е нормално кога во екипата дојдоа еден куп новаци...
Кога ќе се уигра овај тим,со овие имиња..е дури тогаш ќе гледаме вистинско финале...
До мај...до финалната серија сигурно многу работи ќе се подобрат во МЗТ..ќе се уиграат новаците,ќе се вратат повредените...
Одличен ростер има МЗТ,со квалитетни замени на секоја позиција...
Од новите играчи позитивен впечаток ми остави Величковиќ,Пуповиќ не е во форма,се осеќа неиграњето....
Би требало да се врати во ритам до плеј-офот....
Реално овие две екипи се за класа над другите...
Фени ќе прегази се до финале..
Можеби ќе има мала неизвесност во дуелите на Работнички и МЗТ...но мислам дека МЗТ сигурно оди во финале..
Посебно ќе си ја олеснат работата ако го добијат наредниот меч во Градски парк...тогаш ќе стартуваат со предност од 1-0 во серијата....
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Абе све заборавам да прашам, зошто Ѓуров не добива воопшто минутажа, со МЗТ не играше ни минута... повреден нешто е или толку од него ?
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.298
Поени од реакции
7.025
Изгубиме. Друго шо те интересира?
 

gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
Со вакви неспособни играчи до прва има да губиме, да не можат да се справат со чи Петрето пензионерот и Мирако шо едвај 5 поена даваше коа беше у Фени, Тимбата со кривиот шут, срамотилаци резилаци :sakas_ust
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Со вакви неспособни играчи до прва има да губиме, да не можат да се справат со чи Петрето пензионерот и Мирако шо едвај 5 поена даваше коа беше у Фени, Тимбата со кривиот шут, срамотилаци резилаци :sakas_ust
Хаха ... Па тоа значи ... Емил изгуби од Марин , си ги сменија играчите и нашиов повторно загуби ...
Не го кривам Емил . Еве после 4 5 дена да ми помине афектот . Пишав пред неколку страни ... Иамаме премногу играчи на иста позиција со ист квалитет.Направив и визуелно изглед. Тасовски , ВОјдан , Фрај , Ѓуров и Брчков се тројки ... Сите зимаат по 2 500 евра . Тоа се 12500 евра за нив.Со 2 500 евра да се задржи еден од нив ќе имаме страшна резерва а со 10000 евра плата месечна се зима играч кој сам ќе гази се во лигава.Вака нашиот најдобар адут,долгата клупа станува самоубииство .Влегува еден играч уште неиспотен влегува друг и се прави каша и попара.Ова е јак тим индивидуално а Фени форсира колективна игра.Нема поголема минутажа од 25 мин , нема кошаркар да распали.Лидер мора тимот да има. Со 10 страшни индивидуалци колективно играње не се очекува.
За што играше Фени цела сезона?За да ги победи Аба и Лирија? Мора да се промени тоа до крај.Во спротивно Марин ќе ни ја зеде титулата
 

gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
Да, се слагам имаме многу играчи, добри поединци ама никој не може да дојде до израз, се е збркано, не се знае кој игра двојка, тројка, четворка, измени многу често се прават, не можеа да го чуваат Мираковски се сменија на него 5 играчи во одбрана и пак човекот им даде 37 поени, очигледно има вишок играчи и треба да се знае кој игра прва постава кој е замена, а не да се дели мунужата пола-пола, неможе да имаш на една позиција двајца или тројца класа играчи и да незнаеш кој попрв да го пуштиш тој шо ги бирал играчите ептен ја утнал работата
 

legend

legend is back
Член од
25 април 2008
Мислења
1.527
Поени од реакции
235
абе па кој ни се крила бе момци?
ја фрај на пример го сметам за крилен центар, пошто шутот му е никаков и играе крилен центар...
војдан стојанов е бек, двојка...
брчков ви е прав крилен центар
е прави крила ви се тасовски и ѓуров, вториов не добива минутажа, а првиов игра 15тина минути стандард

е сеа главниот проблем е шо многу играчи се ротират на крило а тоа се - брчков, фрај и војдан
можда вишок е ѓуров...

--- надополнето ---

еве ја како мислам дека ни е тимот

плејови:
-чемата
-огнен

бекови:
-соколов
-војдан

на овие две позиции сите играчи ротираат понекогаш...

крила:
-димче
-ѓуров

крилни центри:
-брчков (куртон, не знам ни зошто прв ми текна он)
-фрај
-бошко

центри:
-дуле
-цобе

така да... не знам кај е проблемот али брчков мора ваљда да си иде изгледа
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
odlicno i tocno viduvanje na atanase..koja e smislata da imash igraci kako dimce,fraj,vojdan,gi tepash so minutaza...slicno e i so centrite...samo na bekovska pozicija nemate guzva.A i Emil ne da ja sere so tie izmenite,mislish u NBA e,da mu se pomocam u rotaciite.I Mirako i Timbata igrajaa pod Emil i nishto ne odigraa,udavi gi Emil,a vidi kako igraat saa u Rabotnicki,ili porano vo drugi klubovi...ovaa godina Dimce i Vojdan...abe na takvi igraci im treba minutaza,samodoverba,da im prorabote inato,a ne sekoj moment moze da letne na klupa.Do lani prvi igraci vo ekipata,a saa so Brckov deli minutaza ak si maz.Zalno na tolku pari,tolku ulagane u kosharkata,takva ekipa,taka da se mace za pobeda.Cel problem e u Emil i neplanskoto kupuvanje igraci shto go kaza Atanase.Kako i da e,vo prvenstvoto ste favoriti,ama,moe mislenje,Dimce mora da ima poveke minutaza,isto i Mihajlovski,i da se prekine so hokearski izmeni,unishti im ja samodoverbata na igracite
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Незнам кој е задолжен за изборот на играчи во клубот.Брчков треба да се форсира.Млад е , може да напредне и во иднина да се гоордееме што играч стана во Фени . Јас тврдам дека Фени има буџет колку МЗТ и Работнички заедно. Незнам зошто толку кошаркарско незнаење ...
За две недели пораз од екипа што ја победивме 30 разлика не е сватлива ... И Работнички и МЗТ експресно менуваа по секое разочарување

Кога би сее прашал јас ...Би се ослободил од Тасовски и Ѓуров . Незнам колку е фер и чесно да се ослободи Ѓуров со оглед на стажот во Фени .
Би останал Војдан а на Фрај местото би го донел странецот што ќе деле од цела лига. За во тој случај да не се занемари минутажата на Војдан би го ротирал понекогаш и со Дарко . Догодина со оглед на староста би си заминал Кнежевиќ и се отвара простор за реконструкција на центарската позиција ...

Да не се правиме експерти али некои работи се многу евидентни. Видливо е неекономично трошење на парите ...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Не паничете толку...не е ништо страшно....
И покрај се...ФЕНИ го има убедливо најсилниот тим во лигата...
Поразот од Работнички беше несреќен....
Дојде и до мало опуштање кај дел од играчите по големата предност.....
И се случува на секоја екипа ова....
УИмаше свој ден Мираковски и бидна изненадувањето...
Сепак реално...чудо ќе биди Фени да не освои титула...
Друг факт шо е од огромно значење е тоа шо Фени ќе стартува со предност во финалната серија...против било која екипа...
Освен секако треба да се почека епилогот од мечот со МЗТ во Кавадарци,доколку се добие тој меч(а по секоја логика Фени е огромен фаворит)....веќе има предност на хедикеп Фени од 1-0...
Не е мала работа да стартуваш со една победа во џеп во финале....
П.С.
За играчите...
Според мене логична одлука на управата Зошто?
Па и јас да сум претседател на Фени ќе гледам да соберам се шо е најквалитетно на пазарот..Зошто да не го донесам Војдан,Диме....
Зошто да им ги оставам овие играчи на конкурентите...
Ете да не ги земеше Фени ќе одеа во МЗТ...и ќе беа голема опасност за одбраната на Фени...
Вака треба да работи секој шампионски тим...Да собери се шо е најквалитетно на пазарот....
Ако се фрлат парите само за еден играч,од кај знаете дека баш тој ќе се погоди...
Можеби ќе дај некоја утакмица,па после ќе падни во форма...или не дај боже се повреди...После шо?
Ќе нема замени...Вака во секој момент имате замена за било кој играч...
Нешто шо го немаат другите екипи...затоа Фени е пред сите во моментот....
Дека имате премногу индивидуалци ДА.....
Но тоа е работа на тренерот да ги вклопи во една целина,да ги направи тие звезди една целина....
Рајковиќ го нема потребното искуство...ама засега си ја врши добро работата...
За в година ако оди Фени на нешто повеќе....ќе треба друг ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ....
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.298
Поени од реакции
7.025
БИБЛ кај нас,и официјално :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom