Луѓе не открија. Ајде доста криевме време е да се соочиме реално, луѓето арно си кажаа.
Јас од блиски извори знам дека точно е тоа дека секој натпревар истите луѓе седат на истите места во цела сала што е реален доказ дека станува збор за заговор против скопскиот кошаркарски клуб. И во знак на ферплејот предлагам скопјани да испратат кривична пријава на основа на нашето седење на исти места на секој натпревар. Ушло, пардон Симиќ ке биде повикан за сведок. Доколку се разбира запамтил.
Понекогаш и јас кога одам на кафе низ кафулињата по градот исто здогледувам некои луѓе што седат на исти маси како предходните денови, и неможам а да не се посомневам дека се развива некаков заговор против мене.
Во право се луѓето, обликот е организиран, цела сала (или барем пола, тие што седат зад гостинската клупа) имаме трансаксциски сметки извадени лично од Амир (од Уни Банка) каде што за секоја пцовка или плунка, амир преку ајфонот ни пушта по 10 до 300 денари или повеке, во зависност од големината на плунката или тежината на пцовката.
НЕКОИ РАБОТИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ:
1. Во Кавадарци кошот каде што напаѓа Симиќ е повисок.
2. Во Кавадарци постои сомнеж за заговор поради тоа што се забележани повеке луѓе како седат на исти места повеке натпревари по ред. Слично е и во некои кафулиња.
3. Во Кавадарци постои сомнеж за заговор од типот "пцовка-плунка-трансакциска сметка"
Врз основа на горенаведените точки бараме темелна истрага да изврши МВР, АРМ, и СДСМ за да не дојде до понатамошни нарушувања на фер-плеј и спортската хармонија ширум републикава и пошироко.
Благодарам