Зошто нема утре кошарка??
"Наместо два, утре нема да се игра ниту еден македонско-романски натпревар од кошаркарската Еврохолд Балканска лига. Романскиот клуб Газ Метан е дисквалификуван од лигата и утре нема да се игра натпреварот од 8 коло во кој Газ Метан требаше да му гостува на Работнички во Скопје. Одложен е и натпреварот меѓу Фени Индустри и Стеауа кој беше закажан за утре во Кавадарци...
...Стеауа како оправдување за недоаѓањето во Кавадарци ги наведе лошите временски услови во Романија. Обилните снежни врнежи ги спречија Романците да тргнат на пат кон Македонија. Дуелот меѓу Фени и Стеауа ќе се игра на 2 март, само два дена пред можеби клучната средба за кавадарчани во битка за првото место против ОКК Београд. Следниот меч на Фени ќе биде на 17 февруари на гости кај ослабениот Спартак Плевен, кој има финансиски проблеми."
Извор
http://kkfeni.com/
Изгледа ќе почекаме до 20 март за кошарка во Кавадарци...Со Пелистер играме...