K
kaiser soze
Гостин
Море дај кажите резултат и други подробности,доста со боздогани,стапови и други орудија.тебе перо со млатот
Море дај кажите резултат и други подробности,доста со боздогани,стапови и други орудија.тебе перо со млатот
:pos2::pos2::pos2: :tv:Фенимен :helou:
Море Тугедер че тибам човекот шо само шириш лажни непроверени резултати :uvo:
:pos2::pos2:Фенимен :helou:
Знаеш зошто не игра Иван4е?Прекович играл 40 минути има 2 поени.Прекович има и 0/5 за тројка.
Иван играл 3 и пол минути...Жално.
Eми ако немат човеците, мора да се снаоѓат, ќе крадат шо ќе праат...Za vreme na utakmicata vo soblekuvalnata bilo se iskradeno,site tenjerki na kosarkarite na feni,i site mobilni telefoni. :uvo:
Не заборавај да ја пренесиш твојата констатација на повисоките кошаркарски органи у Македонија, треба да се земе у обзир твоето мислење!Бошњак за Прекович?Јас тврдам,ИГРАЧИШТЕ !
ДневникКараџовски осомничен дека ги „дерел“ колегите
Македонскиот интернационалец го обвинуваат за кражби на Исланд
Наместо светла иднина на Исланд, на македонскиот кошаркарски интернационалец Димитар Караџовски (23) му се заканува опасност од затвор или протерување. Караџовски, кој е член на клубот Стјарнан, под сомневање е дека извршил повеќе кражби на вредни предмети од колегите. Според информациите, од оваа островска земја на крајниот север на Европа, Димитар од своите соиграчи крадел мобилни телефони и други вредни работи, како кредитни картички. Нашиот кошаркар е осомничен дека во текот на целата сезона „работел“ во соблекувалната на својот тим, во која играчите ги оставале своите лични работи, велат во Кошаркарската федерација на Исланд. Можам да потврдам дека Караџовски беше распрашуван од полицијата и засега е под истрага. Сепак, секој човек е невин додека не се докаже спротивното. Веројатно во моментов Димитар не е во притвор, слободен е, но претпоставувам оти не смее да го напушти Исланд. Не можам да го прогнозирам исходот - вели спортскиот директор на исландската кошаркарска федерација, Оптур Јохансон, кој додава дека деталите ги пренесува од тамошните медиуми.
ЗАТВОР ИЛИ ПРОТЕРУВАЊЕ
Според Јохансон, ако Димитар биде осуден за вакво дело, можно е да лежи затвор или да биде протеран од островот. Штета е што се случило вакво нешто, бидејќи Караџовски беше меѓу подобрите кошаркари во исландската лига, смета Исланѓанецот. На Исланд веќе нема иднина за него. Сега го бие лош глас и ниеден клуб кај нас не би го ангажирал. Исто така суспендиран е и од клубот Стјарнан. Тоа е штета бидејќи имаше добра кариера, водеше школа за деца, можеше да просперира тука. Овој случај предизвика големо внимание и беше на насловните страници дента кога се дозна. Немам чуено за друг ваков случај во Исланд. Има кражби и тука, но досега не сум чул за случај некој да краде од свои колеги - изненаден е Јохансон. По овој настан, постои опасност во иднина исландските клубови да не сакаат да ги купуваат македонските кошаркари кои во моментов не се пожелни на Исланд. Иако Исланд не е велесила, играчите што решаваат да заминат таму на печалба, добро се платени. Неофицијално, Караџовски земал плата од 3 до 4.000 евра месечно.