Тоа е мојот личен став - бидејќи ти го изрази сопствениот став, јас го изразив мојот. Масонеријата е многу едноставна во овој поглед - сатанисти не се допуштаат во членството.Ова ми личи како завземање став, а нели рече дека масонеријата не завзема став?
Да, тоа е основна причина - погорното објаснување е мојот одговор на твоето објаснување дека Сатаната направил добро. Во било која верзија на сатанизмот - сатаната не се толкува како некој кој е градител.Нели главната причина беше верувањето дека правењето добро се наградува а правењето лошо се казнува?
Бог им дава наредба и им дава слободна воља да решат дали ќе ја следат таа наредба или не. Човекот бидејќи не е послушен кон Бога, бива казнет. Многу едноставно - условите на договорот биле многу јасно поставени - не јадете од тоа дрво, инаку ќе умрете. Токму тоа се случува.Но кога веќе завзеде став да го разгледаме твоето размислување! Велиш дека бог ги казнил Адам и Ева затоа што прекршиле негова заповед! Но нели ги создал без сознание за добро и зло! Тогаш како може да знаат која постапка е исправна а која не?
Напротив - не е лага. Крајната последица на тој чин е смртноста на Адам и Ева, и на целото нивно поколение. Поуката е многу јасна - не се стигнува до спознанието без да се заслужи тоа. А ако се стигне по "краткиот" пат - тогаш треба да се сносат последиците за тоа. Масонската легенда за Хирам е во истиот контекст.Втора работа! Од каде знаеш што знаел а што незнаел Сатаната? Единствен сезнаен во оваа приказка е бог! Сатаната е претставен само како полукав од останатите, тој ја препознава лагата дека ако јадат од тоа дрво ќе умрат и им го кажува тоа! Дека е така кажува и реакцијата на бог:
--- надополнето ---
Како некој со 2,500 постови до сега - треба да знаеш дека е фино да се разгледа темата пред да се пишува во неа. Сево ова е одговорено веќе.Бидејќи цело време се претставувате како ѕидари и градители,најверојатно ја ѕидате светската економија преку свои правила на игра,кои претпоставувам се надвор од законот...барем според досегашните дела истите укажува на тоа...
Но да ја оставиме надвор оваа тема,бидејќи претпоставувам дека ке настане форумска дрвица околу целите и начините на функционирањето на масонеријата....но кога веќе напомена дека Масоните не се тајно здружените,би те прашал како стојат нашите околу ова,има ли активни членови,има ли познати членови денес и дали имало порано Македонци(попознати) кои членувале во оваа организација???