Масони

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Дали е точно дека доколку кандидатот има некој физички недостаток нема да му биде дозволено да биде масон?

Општи услови

Општите услови за станување масон се:[8]

  • Стапување во организацијата по своја слободна волја.
  • Верба во Врховно битие. (Се остава простор за толкување на обликот на битието)
  • Возраст од најмалку 18 години (или 25 години во зависност од правосудството на државата).
  • Добро реноме, добри морални вредности.
  • Да биде психо-физички здрав. (Во минатото, ложите ги одбивале кандидатите кои имале физички недостатоци).
  • Да биде роден како слободен, не како роб. (Некои ложи го исфрлиле овој услов.)
  • Да биде способен да ги прифати карактерните правила на ложата, кои зависат од ложа до ложа.
Отстапувањето од една или повеќе од овие услови се смета за показател за неправилна масонска организација. Сепак, може да се отстапи од некои од овие услови во случај на син на масон,[11] кој може да биде примен во организацијата пред да наполни 18 години.
Во некои Големи ложи во САД од кандидатот се бара претходно да живее според правилата на масонската организација минимум шест месеци.[12]

Религија

Од кандидатот се бара да изјави дека верува во постоење на Бог. Сепак, масоните отворено изјавуваат дека не претставуваат религија. „Не постои одреден масонски Бог“, ниту посебно име за него за потребите на масоните.[13][14]
Кандидатот треба да верува во Бога, но оставено е на него самиот како ќе го објасни и како ќе го нарече својот Бог. Ова значи дека масони можат да бидат припадници на сите религии: христијанство, јудаизам, ислам, будизам, хиндуизам, итн.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Масони
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
[*]Да биде роден како слободен, не како роб. (Некои ложи го исфрлиле овој услов.)
Муслиманите се сметаат себеси за робови на Алах, но сепак колку што знам им е дозволено членство. Или можеби "да се биде слободен" има некоја друга конотација?!:toe:
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Муслиманите се сметаат себеси за робови на Алах, но сепак колку што знам им е дозволено членство. Или можеби "да се биде слободен" има некоја друга конотација?!:toe:

Mасони можат да бидат припадници на сите религии: христијанство, јудаизам, ислам, будизам, хиндуизам, итн.

Ama pak ne im veruvam na masonite tolku, sepak se mi se cini deka imaat nekoi losi nameri, tie sakat da se pretstavat kako angeli,,ama ne im veruvam..
jas mislam deka ovie imaat nameri,da sozdadat nekoja nova religija, a inace ako nemat takvi nameri kako sto tvrdat i samite masoni, zosto togas se bara da ne si ateist.???

--- надополнето ---

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа веќе завлегува во теориите на заговор кој воопшто не ги сметам за валидни, имаше одговор зошто се бара кандидатот да верува во кретор, пролистај назад! А за условот да се биде слободен, да ги оставиме самите да кажат.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Муслиманите се сметаат себеси за робови на Алах, но сепак колку што знам им е дозволено членство. Или можеби "да се биде слободен" има некоја друга конотација?!:toe:
Погрешно ти е толкувањето. Не се робови на Алах, туку по скоро слуги, во служба на Алах (барам во моментов најточен превод за арапскиот збор на македонски, затоа што и слуги не е точен превод).
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Погрешно ти е толкувањето. Не се робови на Алах, туку по скоро слуги, во служба на Алах (барам во моментов најточен превод за арапскиот збор на македонски, затоа што и слуги не е точен превод).
Јас незнам арапски, но досега ниеден муслиман не ми демантирал дека се смета за роб на Алах! А и во сите преводи на куранот стои тој збор - "роб".
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Јас незнам арапски, но досега ниеден муслиман не ми демантирал дека се смета за роб на Алах! А и во сите преводи на куранот стои тој збор - "роб".
И? Поента... ако се заслушаш што читаат поповите и христијаните се - "раба божја"
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Јас незнам арапски, но досега ниеден муслиман не ми демантирал дека се смета за роб на Алах! А и во сите преводи на куранот стои тој збор - "роб".
Како се сметаат себе си - е нивно право, и не може да им се оспорува.
Но - во Куранот стои зборот Абд, кој значи "слуга", не роб. Т.е. уште попрецизно значи - "во служба на" Алах.
Тоа што многумина го толкуваат како "роб", е од други побуди и не е точен превод.

И во Христијанството, терминот "раб Божји", иако денес се толкува како "роб Божји", всушност значи - човек во служба на Бога, односно, оној кој ја исполнува Божјата Воља, а не својата. Раб, доаѓа од работник, не од роб (многу подоцна го има добиено второто значење).
Еден руски митрополит има многу добра анализа направено, во овој контекст, на Лука 15:11-32 (блудниот син). Вели: Раб (слугата), работи од страв. Наемникот, работи за надница. Синот, работи од љубов.

Проблемот доаѓа од преводите на оригиналните Евангелија. На Грчки, зборот δοῦλος има значење и на слуга, но и на роб. Но, ако се анализира подетално, ќе се види дека се однесува на некој што е во служба на Бога, а не некој кој му робува на Бога.
 
Значи без разлика што муслиманите се сметаат за слуги и робови на Алах, вие сепак не ги сметате за такви?! Ова многу ми личи на Македонија и Грција! Ние се сметаме за Македонци ама тие не не сметаат, и според логикава испаѓа дека тие се во право.
 
Не е битно јас кого сметам за што. Секој има право да се смета себе си за она што сака да се смета.
Во тој контекст - ако некој се смета себе си за роб на Алах - нема ни да бара членство во ложата, затоа што самиот тој нема да е слободен за да го направи тоа.
Екстремни припадници од било која вера не се добредојдени, и имам зборувано за тоа веќе.
 
Mos

Дон
Член од
19 ноември 2010
Мислења
606
Поени од реакции
95
Имам едно прашање,шо ако масоните стана 70 % од светската популација?
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Имам едно прашање,шо ако масоните стана 70 % од светската популација?
Ќе поскапи црвената пиперка за ајвар, а може и солта, ама па за неа сме сигурни од твоево драпање м*диња.

Прво... нема да се "мистериозни" и веќе интересни.

Второ... што би ти сметало ако се случи тоа?
 
Bum[B]lEbEE

sibirec
Член од
19 ноември 2010
Мислења
49
Поени од реакции
1
Ќе поскапи црвената пиперка за ајвар, а може и солта, ама па за неа сме сигурни од твоево драпање м*диња.

Прво... нема да се "мистериозни" и веќе интересни.

Второ... што би ти сметало ако се случи тоа?
Масоните се малце и сепак владеат со светот.. и ако станат 70% од популацијата сигурно ке владеат со другите 30% но нема да биде интересно зата што тогаш ке бидат откриени и ке има бунења и слично додека сеа никој не знае дали навистина постојат и на никој не му сметаат зашо нишо не им напраила, а тие владеат со светот со тоа што ставаат свои луѓе на високите позиции..
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Bum[B]lEbEE;3905034 напиша:
Масоните се малце и сепак владеат со светот.. и ако станат 70% од популацијата сигурно ке владеат со другите 30% но нема да биде интересно зата што тогаш ке бидат откриени и ке има бунења и слично додека сеа никој не знае дали навистина постојат и на никој не му сметаат зашо нишо не им напраила, а тие владеат со светот со тоа што ставаат свои луѓе на високите позиции..
Ама сме контрадикторни. Ај со полесни зборови... што ако 70% од светот станат - музичари :) ќе дигаме бунт???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom