Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Немав намера да пишувам, но ја уочив следнава контрадикторност. Дали Кроули бил или не масон, затоа што еднаш се тврди дека бил, а друг пат дека небил!
Ако Кроули бил квази масон, зошто во првиот случај не го кажа тоа, туку јасно кажа "бил масон" и дека неговата "нова" организација не е поврзана со масонството! Што исто така е невистина, бидејќи О.Т.О не е негова организација, тој само бил член на О.Т.О а не нејзин основач!
Тоа што основачот на ОТО (Алистер Кроули) бил масон, не значи дека неговата нова организација е поврзана со масонството или дека некогаш била. Тоа што на ОТО им се сака да си мислат (а и светот да мисли) дека биле дел од масонството некогаш - тоа си е нивни проблем и недостаток на самодоверба веројатно...
http://forum.kajgana.com/showthread.php?834-Масони&p=3744366&viewfull=1#post3744366Наркоманските испади на Кроули и неговата фасцинација со масонеријата се негов проблем, но тој никогаш не бил член на ниедна регуларна масонска ложа, а единствено на некаква квази ложа во Мексико, па после се чудел зошто во ниедна легална ложа во Европа не го примаат.
Денешната претензија на членовите на ОТО дека имаат врска со масонеријата е помалку бизарна, затоа што основните принципи на масонеријата и на ОТО се не само различни, туку и доста спротивни. Идејата дека и двете се иницијатски друштва и затоа едното е поврзано со другото е смешна, затоа што има илјадници иницијатски друштва по светов, секое со своите обележја и разлики. Потребата да се претставуваат себе си како масони (не знам само какви, со оглед на тоа што НЕ СЕ членови на ниедна регуларна масонска ложа), доволно зборува за вредностите на нивната организација.
Ако Кроули бил квази масон, зошто во првиот случај не го кажа тоа, туку јасно кажа "бил масон" и дека неговата "нова" организација не е поврзана со масонството! Што исто така е невистина, бидејќи О.Т.О не е негова организација, тој само бил член на О.Т.О а не нејзин основач!