синока бевме во голема еуфорија па не можевме да пишеме.
нашите кошаркари изиграа многу добро-нема поединец да речеш изигра лошо.му покажавме на работнички дека ние сме најсериозните кандидати за двојната круна.секоја му чест што изиграа со цело срце,борбено,машки,тимски и во ниеден момент не ни направија шокови.:smir:
за судењето нема ништо ново со оглед на тоа што свиреше и.митревски и михалјовски-во првото полувреме едноставно не убија.а на почетокот од второто полувреме дотичниот митревски му намигна на навивачите на спб.не сакам да кажам дека тоа нешто многу значи али покрај такво судење се ке ти дојди на памет.
гуров покажа дека е најдобриот обрамбен играч моментално во мак,и прекович изигра страшно во одбрана,доналд колку е пожеско на теренот и на трибините толку тој станува се по опасен.самарџиев изигра многу добро (нормално кога нема да игра цел натпревар)даде неколку тројки што беа многу клучни за одлепување на резултатот.рајковиќ покажа дека покрај многуте играчи кои ги има на клупата знае да врзи неколку петорки кои беа страшно многу добро уиграни.
може звучи ова премногу пофално за фени-али мене ми остави големи впечатоци и ми направи ептен кеиф.
спб не беа ништо особено,а најлошо и најподло беше тоа што маваа петарди како некои петооделенци на нова година а и најлошо беше тоа што тие се радуваа и мислеа божем кој знеа каков успех постигнале!
али нашите кошаркари почнаа ама ептен да му ја затнуваат муцката во третиот дел и веке четвртиот дел му остана само да го завршат тоа што го почнаа.
поздрав до нив и се надевам на победа со пелистер а за у библ се гледаме у јасмин другата недела.