gODHEAD
Crucified
- Член од
- 6 декември 2007
- Мислења
- 1.827
- Поени од реакции
- 1.163
Ти очигледно ништо не разбираш од навивање и од сакање на некој клуб. Ќе те потсетам само нешто. Кој викаше "оди си Емил" на крајот коа изгубивме на претпоследната утакмица, кој лафеше за Чемата ваков е наков е, не го бива,?!.. А кој отиде после сето тоа да ги охрабре кошаркарите пред да одат за Струмица, и на кого се заблагодарија Емил и кошаркарите на крајот кога земавме титула?кое место бе баце. Цел живот умирате од желба да навивате, да бидете јака навивачка група, да ве виде некој и да ве познаваат на улица, а сега кога имате можност да си го остварите својот сон изигравате некои големи фраери и тука на форумот си кажувате приказни ко мали деца. Ако сакате да навивате бујрум, сега кога го имате Македонскиот шампион во вашиот град барем е лесно, а ке ви биде и забавно, ќе ги тепаме сите а вие сеир ќе си гледате и ќе се зафркавате. Точно е дека без вас во сала е театар и никој не се замара за атмосфера, ама возот си поминува и на никој не му е гајле дали има лозари или не. Ама ти брате ако си прав лидер треба да си ги престроиш редовите меѓу навивачите и да навиваш за себе од срце, а не за Амир, Емил или некој друг па макар и какво зло да ти имаат направено тебе или на некој твој близок пријател.
Мислам дека разбираш што сакам да ти кажам.
После тоа се деси шо се деси некои знаат некои можеби не со инцидентот во салата за турнирот. Помина и тоа и сеа шо се дешава у салата. Утакмица во БИБЛ претставување на Фени надвор од Македонија у салата нема ни 500 души. Кај се тие шо толку го сакаат клубот или им беше скапа картата па си ја гледаа дома на тв. Епа ние пак отидовме тие 30 души и плативме карта и гледавме и сме со клубот и сакаме секогаш да победуваме и не ни е дојдено ни до Амир ни до Трајче ни до никој. Ние сме тиа шо сме и ќе бидеме и ние дел од "театарот" и сме со секој тим од Кавадарци.