- Член од
- 16 јануари 2008
- Мислења
- 631
- Поени од реакции
- 0
Фени И. ќе го издржи падот на никелот
Автор: Игор Крстевски
Цената на никелот на светските берзи драстично паѓа, а ако тој тренд продолжи, иднината на фабриката ФЕНИ, главниот спонзор на актуелниот кошаркарски шампион на Македонија Фени индустри, ќе биде доведена под прашалник, вели директорот Михајло Михајловски. Сепак, без разлика на проблемите со кои се соочува нивниот главен финансиер, од управата на кавадаречкиот првак велат дека нема причина за загриженост бидејќи нема апсолутно никакви шанси кризата на берзата на никелот да се одрази врз опстанокот, а со тоа ниту врз играта на кошаркарите на Фени индустри.
- Можеби ситуацијата со комбинатот е лоша во моментот, но далеку од тоа дека е целосно црна. Најважно е што функционирањето на Фени индустри воопшто не е загрозено поради драстичниот пад на никелот. Целта на сопствениците на фабриката ФЕНИ е преку формирање квалитетен кошаркарски колектив да ѝ вратат на кавадаречката заедница и ништо нема да нè спречи да го сториме тоа. Буџетот на клубот е веќе обезбеден, бидејќи сопствениците на фирмата во него вложуваат сопствени пари, што значи дека нема причина да се прави некоја посебна драма околу нашиот клуб. Спортскиот успех е единствената работа за која во моментов размислуваме - вели Амир Абед, првиот човек на македонскиот кошаркарски шампион.
Фени И. со пораз го почна новото првенство откако во саботата во Скопје по голема борба, релативно несреќно, загуби од големиот ривал Фершпед Работнички. Кавадарчани, сепак, веќе заборавија на поразот од „шпедитерите“ бидејќи со мислите се веќе насочени кон утрешниот меч од 2. коло од Балканската интернационална кошаркарска лига (БИБЛ) против романски ЦСУ Брашов на домашен терен.