Не е негтивен тренд. Ситуацијата во 50-тите во САД е вон нормалниот тек на работите, односно е "статистичка грешка". На што се дожи тоа - по враќањето од војната, стотици илјади млади луѓе се зачленуваат во ложите (не само во масонските ложи, туку и во неколку други организации во Америка, како Elks, Moose, Kiwannis итн), во потрага по нешто што ќе им даде смисла во животот, но и место каде ќе се задржи тоа братско чувство и однос кои ги изградиле за време на војната со своите соборци. Тоа доведува одеднаш да се зголеми членството, со бројки кои не се "нормални", односно, се неодржливи.Имаш ли објаснување за овој негативен тренд? Во Америка масонеријата е се` постара (моментално просечната возраст на масоните во САД е над 35 години).
Тоа на своја рака предизвикува други, дополнителни проблеми, кои ден денес се чувствуваат. Под влијание на огромното членство, се создава убеденост дека отсега па натаму ќе има толкав број на членови - па се градат огромни згради, се вклучуваат во масивни донаторски акции (Шрајн болниците), се прават планови, со идеја дека во иднина бројот само ќе се зголемува (како што е дотогаш).
Но - таа генерација остарува и изумира, а новите генерации се враќаат кон нормалните бројки - па затоа се има впечаток дека бројот опаѓа.
Во последниве 10-15 години, сепак, има доста голем пораст на членството (што се должи и на интернетот - заради поголемата достапност на информациите).
Хаус - тоа е бројката на регуларни масони во светот во моментов (според бројот кој Големите Ложи го имаат за своето членство - да не ги собирам сега една по една - меѓу 3 и пол и 4 милиони е).