Масони

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
Zidarski
Луфтон ( син на масон ) - дали автоматски и тој станува масон ?
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Мене ми беше чудно Њутн да бил масон бидејќи бил многу повлечен.Единствен пријател му бил неговиот помошник.За да биде масон треба да патува,да прави тестови(барем така мислам),да биде во друштво на масони.Тоа што пишувал може е доказ дека бил масон,но неговото однесување вели за спротивното.
Како што кажа Зидарски дали бил член или не нема да го смени производот на големиот научник.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Луфтон ( син на масон ) - дали автоматски и тој станува масон ?
Не, масон се станува само и единствено по сопствена слободна воља.
Изразот на англиски е "Lewis", и не се однесува генерално на син на масон, туку се однесува само на масон, кој е син на масон - односно не е термин кој се употребува за профан.

Mad Doc - Далеку од тоа дека Њутон бил повлечен и дека немал пријатели и соработници. Бил претседател на Кралското Друштво, бил Мајстор на Кралската Ковачница на Пари (Royal Mint), бил член на Француската Академија на Науките, вовел финансиска реформа во Англија, го воведува Златниот Стандард во финансиите итн, итн... Во негово време бил еден од најактивните членови на научните и интелектуалните кругови. Објавува многу написи на религиозна тематика, активно учествува во дебатите во англиското општество...
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Mad Doc - Далеку од тоа дека Њутон бил повлечен и дека немал пријатели и соработници. Бил претседател на Кралското Друштво, бил Мајстор на Кралската Ковачница на Пари (Royal Mint), бил член на Француската Академија на Науките, вовел финансиска реформа во Англија, го воведува Златниот Стандард во финансиите итн, итн... Во негово време бил еден од најактивните членови на научните и интелектуалните кругови. Објавува многу написи на религиозна тематика, активно учествува во дебатите во англиското општество...
Бил на видна позиција во Кралското Друштво поради неговото откритие затоа и бил славен но не бил активен.Мајстор на Кралската ковачница на Пари станал од кога преживеал нервен слом и се откажал од науката засекогаш.За француската академија немам таков податок но знам дека бил многу религиозен а многу луѓе(да не речам и сите) во Кралското Друштво пишувале на религиозна тематика.Тоа не ги прави масони.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Бил на видна позиција во Кралското Друштво поради неговото откритие затоа и бил славен но не бил активен.Мајстор на Кралската ковачница на Пари станал од кога преживеал нервен слом и се откажал од науката засекогаш.За француската академија немам таков податок но знам дека бил многу религиозен а многу луѓе(да не речам и сите) во Кралското Друштво пишувале на религиозна тематика.Тоа не ги прави масони.
Коментарот за написите, го дадов во контекст на неговата активност...
Мајстор на ковачницата станува пред да стане претседател на Кралското Друштво. Таа позиција не му е дадена заради откритието - а заради неговата севкупна активност. Присуствувал на заседанијата на друштвото, бил член на парламентот (иако бил редовно присутен - не бил многу активен како пратеник), предавал на Кембриџ. Самото создавање на златниот стерлинг е огромен потфат, кој извршил огромно влијание во англиската економија и светската трговија.
Како што реков - ни оддалеку не бил повлечен, тивок човек кој не комуницирал со никого...
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.777
Поени од реакции
12.142
Бил на видна позиција во Кралското Друштво поради неговото откритие затоа и бил славен но не бил активен.Мајстор на Кралската ковачница на Пари станал од кога преживеал нервен слом и се откажал од науката засекогаш.За француската академија немам таков податок но знам дека бил многу религиозен а многу луѓе(да не речам и сите) во Кралското Друштво пишувале на религиозна тематика.Тоа не ги прави масони.
Да, бил длабоко религиозен човек, но не како католик туку како алхемичар, католиците не можел да ги поднесе, ги гледал како демони кои се создадени за да ги измачуваат луѓето. Единствено нешто што го интересирало било Алхемијата и внимателно го криел тој интерес од католиците, за да не биде осуден како еретик и казнет. Стремејќи се кон Алхемијата и откривањето на тајните на униоверзумот, открил некои од законите на физиката.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Да, бил длабоко религиозен човек, но не како католик туку како алхемичар, католиците не можел да ги поднесе, ги гледал како демони кои се создадени за да ги измачуваат луѓето. Единствено нешто што го интересирало било Алхемијата и внимателно го криел тој интерес од католиците, за да не биде осуден како еретик и казнет. Стремејќи се кон Алхемијата и откривањето на тајните на униоверзумот, открил некои од законите на физиката.
Точно е дека основната цел на неговите проучувања била алхемијата, а законите на физиката биле само производ на тие проучувања...
Но не е точно дека се плашел од католиците - од проста причина што бил Англикан и живеел во време во кое доста одамна католичкото влијание во Англија било потиснато.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
zidarski-dali 80% od clenovite na redot se so inteligencija pogolema od 130......
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
zidarski-dali 80% od clenovite na redot se so inteligencija pogolema od 130......
При зачленувањето никој не ти прави тест на интелигенција, ниту пак подоцна. Така што - никој не може да поддржи ваква изјава.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
Случајно шарајќи по мрежа наидов на едно видео/документарец насловен како The Scottish Key од 2007 каде во краткиот опис пишува
Discover for the first time the true genesis of Freemasonry. This audiovisual documentary unveils the birth of this movement. Who created it? Why did men invent this mysterious club? This investigation plunges us into an exciting adventure. As of yet unrevealed documents, and astonishing testimonies, shed new light on a little known history. “The Scottish Key”, the first film on the origins of freemasonry!
http://www.scottishkey.com/

Па вас што се разбирате во оваа проблематика да ве прашам дали ова вреди да се симне и погледне (дали држи она што е наведено во трејлерот и кратката содржина-согласно реалноста, историјата и фактите) или е слично на оние безброј 2012 Доом документарци?

Прашувам пошто симнав еден документарец Shadow Government, но излезе само уште едно парче филм за собирање пари, џабе потрошено време.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Случајно шарајќи по мрежа наидов на едно видео/документарец насловен како The Scottish Key од 2007 каде во краткиот опис пишува
http://www.scottishkey.com/

Па вас што се разбирате во оваа проблематика да ве прашам дали ова вреди да се симне и погледне (дали држи она што е наведено во трејлерот и кратката содржина-согласно реалноста, историјата и фактите) или е слично на оние безброј 2012 Доом документарци?

Прашувам пошто симнав еден документарец Shadow Government, но излезе само уште едно парче филм за собирање пари, џабе потрошено време.
Не сум го гледал сеуште (немам време да седнам и да го гледам на раат), но неколку добри познавачи на темава срдечно го препорачаа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
Ок, токму ќе го погледнам. Не е лошо да се информира човек за нешто кое постоело и постои, како историја и реалност, а не секогаш е достапно и не секогаш (во сите написи и филмови) има веродостојни информации за истото. Поздрав и фала за препораката :smir:.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
zidarski- dali megu masonite ima spiritualisti......i sto ke kazes ti za spiritualizmot...:salut:
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
zidarski- dali megu masonite ima spiritualisti......i sto ke kazes ti za spiritualizmot...:salut:
Не гледам пречка да има - со оглед на тоа што Спиритуализмот има монотеистичка основа. Не се сеќавам да сум сретнал некој до сега - но од друга страна, ние никогаш не дискутираме за религија, така што не би ни можел да знам на која религија припаѓа некој, освен ако не сум близок со него.
Моето мислење во случајов нема да го споделам - затоа што тоа е чисто религиозна дискусија и не е врзана по никаков начин со темава.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
zidarski - dali ako eden maz mason koj e zenet.......negovata zena normalno se druzi so drugite zeni na masonite i posetuva zenski lozi kade sto odat zenite na masonite.....i ako tie dvajca se razvedatposle 5 6.....10 godini. Dali taa zena otposle ke odi pak vo masonskite lozi na zenite...........:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom