ФЕНИ ИНДУСТРИ ДЕНЕСКА ГО ИГРА ПРВИОТ МЕЧ НА ТУРНИРОТ ВО САМОКОВ
Шампионот со Черно Море на стартот
*Со почеток во 17 часот "портокаловите" ќе ги одмерат силите со тимот кој ќе биде нивни противник во БИБЛ лигата
Од денеска до четврток Бугарија ќе биде новата дестинација за шампионот. Во Самоков с$ уште актуелниот шампион ќе учествува на многу силен трунур на кој покрај домаќинот Рилски Спортист на Александар Тодоров ќе учествува Спартак од Плевен и Евроинс Черно Море, екипа со која Фени Индустри ќе се сретне во дебитанското издание на БИБЛ лигата.
Тренерот Емил Рајковиќ со себе во Самoков ги поведе сите оние на кои што може да смета.
"Патуваме во Бугарија да видиме колку ни се можностите и силите и колку до сега имаме сработено. Многу полесно ќе беше доколку бевме комплетни и без отсутните ќе мора да се адаптираме на она што овој силен турнир го бара од нас, а тоа е како шампиони на достоинствено да ја презентираме македонската кошарка. Очекувам до израз да дојде квалитетот на поединците со оглед на фактот што некои од нив ќе мора и многу повеќе да одиграат. Сепак, овој турнир ни е добродојден и ќе биде вистинска проверка на можностите пред почетокот на првенството и БИБЛ лигата", вели Емил Рајковиќ.
Фени Индустри за Бугарија отпатува без репрезентативците Дарко Соколов и Златко Гоцевски, а иако Михајловски с$ уште нема работено со екипата тој, сепак, отпатува за Самаков каде се очекува Димитровски и Ѓуров полека да добиваат многу поголема минутажа.
Кошаркарите на Фени Индустри од Бугарија се враќаат в петок по што ќе ги очекува фаза на подоготвки за претстојниот меморијален турнир "Димитар Ѓорѓиев", кој до 22 до 24 ќе се одржи во салата "Јасмин".
Покрај шампионот, на овој турнир ќе учествува и екипата на Амак СП, Рилски Спортист од Бугарија и Слога од Србија.
М. Виденовиќ
ТРУНИР ВО САМОКОВ
ДВОЈКИ 1 КОЛО
ДЕНЕСКА
17.00: Евроинс Черно Море - Фени Индустри
19.15: Рилски Спортист - Спартак Плевен