вечер кк.фени почнува со подготовките ке ги нема скоро сите само гуров го гледам се мафта по градот,мозе би чековски ке дошол а америте сигурно нема да бидат тука.па после откога ке дојде и емил у кавадарци ке одат у маврово на подготовки.:salut:
Се "пали" Фени Индустри
Со денешниот прв собир и официјално стартува подготвителниот период на македонскиот шампион и освојувач на двојната круна, Фени Индустри
Иако има доста "оправдани", се очекува на првата прозивка да се појават преостанатите расположиви сили.
"Во превод", извесно е дека стартот ќе биде означен без присуството на шефот на стручниот штаб, Емил Рајковиќ, но и на оние со другите репрезентативни обврски, како капитенот Горан Самарџиев, потоа Златко Гоцевски, веројатно и рековалесцентот Марјан Ѓуров.
Во отсуство на Рајковиќ, кој ја предводи младинската селекција на ЕП во Романија, тренажниот циклус ќе го отвори неговиот асистент. Љупчо Малинков и човекот задолжен за максимална физичка подготвеност на бранителот на двата трофеи, Томче Андоновски.
"Малинков и Андоновски ја добија програмата за работа и уверен сум дека ќе биде спроведена онака како што треба"- вели Рајковиќ. "Во оваа уводна фаза ќе се работи на физичката подготовка. Планирано е по десетина дена рабита во Кавадарци, оној втор дел да го реализираме на Маврово".
Извесно е дека почетниот дел од поготовките ќе го пропуштат и новите странски засилувања, пред с$ Лоренс Мек Кензи.
Во Кавадарци го очекуваат и доаѓањето ја Доналд Кол, кој има повратен билет од Америка, со кој треба да се утврдат завршните детали од новиот договор.
Со подготовките треба да стартува и најголемото летно засилување за кавадарчани, повратникот во мак-баскетот, Ѓорѓи Чековски.