Shapeless - ќе ти дадам детален одговор, првин да одговорам на прашањата на Peckata.
zidarski - Масоните се настанати од Темпларите, а пак Темпларите на почетокот биле толку многу сиромашни колку што биле храбри, нели ?
Многу често недоразбирање е ова. Да, монашкиот орден што го формираат се вика "Бедни Браќа, Воини Христови", но тоа се однесува на поединецот откако ќе стане член на орденот. Инаку - се примале само и исклучиво членови на аристократијата, кои веќе биле витези (нешто за што има посебни критериуми) и кои при зачленувањето се што поседувале го ставале на заедничко располагање на братството.
Така што - Темпларите НИКОГАШ не биле бедни, напротив, од самиот старт било многу богато братство, за разлика од сите останати монашки братства, каде што се примале и бедни кандидати.
Дали се масоните настанати од темпларите или обратно е друга тема на дискусија.
Како за многу "краток период " тие прераснуваат во најмоќна воена сила ? Зошто тогашниот Папа им го одобрил тоа ? Дали тие ја дознале, откриле најголемата црковна тајна и со тоа биле "непобедливи" ?
Можеби навистина постои Светиот грал или Ковитот ? Дали тука лежи најголемата тајна ?
Една од варијантите е токму тоа - дека откриле некоја тајна со која биле во позиција на моќ над папата. Тоа е многу веројатно. Но - нема конкретни податоци, во ниту една архива.
Од друга страна, голем дел од моќта се должи на тоа што биле заштитници на патниците кон Ерусалим. За да се сфати значењето на ова, мора да се сфати општеството во тоа време. Тоа е период на екстремна религиозност во Западна Европа. Од денешен аспект е тешко дури да се разбере дека такво нешто воопшто може да постои. Најноминалниот верник од тоа време е екстремен фанатик во споредба со најголемиот верник во денешно време. Луѓето навистина верувале во спасението, навистина се плашеле од пеколот, навистина сметале дека треба се да направат со цел да се избават - и тоа многу често се базирало на суеверие...
Еден од главните религиозни елементи во тоа време бил аџилакот во Ерусалим. Со паѓањето на Ерусалим во рацете на западните крстоносци, се отвора можност за Европјаните да одат таму на аџилак непречено и речиси секој кој имал можност да го прави тоа - не размислувал два пати. Патувањето било многу опасно и се поминувало низ многу земји кои не биле баш безбедни ниту за патниците, но уште повеќе за товарот кој го пренесувале (кој многу често се состоел од злато и пари - затоа што патувањата, односно аџилакот обично траеле по неколку години). Тоа создало потреба од создавање на "служби за безбедност", кои ќе се грижат и за патниците, но и за парите и стоката. Таа служба, всушност биле Темпларите. Биле единствени кои биле доволно организирани и во реална можност да го спроведат тоа на дело. Така што - разбирливо е што за многу кратко време создале огромна финансиска моќ. Таа финансиска моќ, како и паметните водачи, им овозможиле за многу кратко време да се претворат во "Банкерите на Европа", што во тоа време било многу важно, затоа што биле единствените кои располагале со огромни резерви на злато. Останатите европски кралеви биле многу задолжени и речиси банкротирани, затоа што ги финансирале и крстоносните војни, но и луксузниот начин на живеење кој го имале. Темпларите живееле бедно, повеќе од скромно, немале лична сопственост, огромен прилив на пари и имоти. Биле во состојба да позајмуваат пари на сите, а со самото тоа - биле во состојба потоа да ги контролираат сите (како денешните банки). Тие го создаваат современиот западен систем на банкарство.
Дали имате свој масонски устав ? ( доколку има дали е достапен за целата јавност ? ) Јас неамм сретнато до сега такво нешто.
Да, има. Има два вида на устав. Едниот е Уставот на Андерсон, има издание на Македонски, но и на интернет може да се најде многу лесно. Неколку страници поназад, објавив линкови од неколку PDF фајлови, едниот од нив е Уставот на Андерсон.
Вториот вид е уставот кој секоја Голема Ложа го има, кој се базира на Уставот на Андерсон, но има и дополнителни елементи, карактеристични за секоја земја. Овие се исто релативно јавни документи, но треба да се добие од самата Голема Ложа, не се поставуваат на интернет. Секој масон при зачленувањето добива копија од уставот на Големата Ложа.
Дали имате свој "масонски ракопис"?
Не. На времето имало таканаречен масонски код, односно шифрирано писмо, но тоа се користело релативно кратко. Побарај на интернет, има објаснување за ова, има и сликовен приказ како изгледа. Не се употребува, затоа што е многу едноставен, а и затоа што веќе нема потреба од него.
И уште едно прашање кое не мора да го одговараш бидејќи е лично, онака чисто информативно ме интересира... Дали веруваш дека Исус Христос и Марија Магдалена имаат потомци, и до ден денес се живи ?
Не. Верувам дека Исус Христос е Бог, кој се овоплоти во човек, како еден од Светата Троица. Тоа е мое лично религиозно видување. Друг ако прашаш, ќе ти каже според неговото видување.
Во ред, благодарам на одговорите.
Следно нешто што до некаде ме држи во конфузија е структурата на самите ложи.
Прашај што поконкретно од структурата на ложите те интересира, затоа што прашањето што следно го поставуваш не е врзано за структурата...
Имено, на неколку масонски форуми забележав дека оние кои имаат намера да пристапат кон братството пред да контактираат некој надлежен речиси секогаш прашуваат за просечната старост на членовите на ложата, веројатно со цел да изберат ложа која што би била поприкладна на нивната возраст. Што е логично бидејќи вообичаено луѓето имаат тенденција да се дружат со луѓе со кои споделуваат слични интереси...
Да, но ова е почесто на запад, каде масонските ложи се стари по стотина и повеќе години. Некои ложи веќе "одумираат", некои допрва се активираат. Тоа е реално битно, затоа што не сакаш да попаднеш во ложа каде што нема нови кандидати и просечната возраст е над 60-тина години, а ти си на 25 на пример. И обратно, за човек кој е над 60 години и сега сака да се зачлени, не е толку добро да оди во ложа каде просекот е 35-6... Масонеријата не се случува само во ложата, туку и во реалниот живот, во секојдневието. Ние сме многу блиски пријатели, другаруваме, работиме едни со други... ако попаднеш во средина која не е адекватна за тебе, нема да можеш да го искусиш вистинското лице - онаа вистинска близост и врска која ја имаме едни со други.
Во земја како Македонија, масонеријата е релативно млада и членовите се од сите возрасти, така што нема таков проблем.
Мене ми е јасно дека за апликантите возраста реално и нема да претставува проблем, особено доколку претпоставиме дека штом се одлучиле да аплицираат сигурно се привлечени од масонеријата, но дали можеме да бидеме сигурни дека членовите на ложата условно кажано би прифатиле помлад или постар човек како брат ?
Како што реков - не е проблемот во тоа дали ќе примат или не - а дали ти ќе се чувствуваш добро таму. Инаку - ако ги исполнуваш критериумите, нема воопшто причина да не те примат.
Во мојата ложа имаме многу интересен состав на членовите - има многу млади членови, кои се на 20 и нешто години, најголемиот дел (од активните членови) се од 30 до 50, но имаме и многу активни членови кои се над 70.
На тој начин, се добива интересен спој на ентузијазмот и енергијата која младите ја имаат, структурираност и стабилност која ја пружаат оние на средна возраст, и масонско и животно искуство и знаење кое постарите го имаат. Постарите се мотивирани од помладите, помладите учат од постарите... секој го добива она што му е потребно.
Прашањето го поставувам со конкретна причина, како би можел да знам јас доколку се одлучам на тој чекор дали е мудро да аплицирам во Македонија како моја матична држава при услови во кои нема поставено подетални информации на официјалната веб страна на ГЛМ, масонеријата реално е присутна во затворени кругови за разлика од други земји каде заинтересираните можат отворено преку разни медиуми како форумите да се информираат за разни прашања кои ги интересираат, а членовите се барем за оние кои знам високи фигури од бизнис секторот или правото. Знаејќи ги овие податоци и фактот дека е возможно единствено два пати да се аплицира за влез како што кажав дали би било мудро да аплицирам тука и дали со тоа би се соочил со некаков ризик да бидам одбиен поради разни X причини или пак можеби би било подобро тоа да го направам во земјата каде ќе одам на пост-дипломски студии (најверојатно Англија во конкретниот случај) ?
Не сум сигурен дека воопшто ќе можеш да аплицираш во Англија. Таму ќе бидеш на привремен престој.
Прво - за да аплицираш некаде, мора да живееш во земјата одредено време. Во секоја земја е различно, но мислам дека за Англија е една година (исто како и тука, во Канада). Тоа значи, дека од стапнувањето во Англија, најрано една година мора да помине додека воопшто да поднесеш апликација, па дури потоа да се разгледува истата.
Потоа - не знам дали воопшто ќе можеш да аплицираш таму, затоа што таму ќе бидеш привремено, а во твојата матична земја има Голема Ложа (која патем е произлезена токму од UGLE). Ова треба да го провериш самиот, пиши на сајтот на UGLE, ќе ти дадат одговор, ќе треба да почекаш, но ќе ти одговорат.
Дури и да можеш да аплицираш - тие повторно голем дел од процедурата за проверка ќе ја префрлат во Македонија, затоа што си од Македонија и информацијата за тебе, пред се ќе дојде од таму.
Така што - ако мислиш да одиш во Англија и да останеш таму, тогаш, да, аплицирај таму. Ако мислиш да се вратиш во Македонија, тогаш нема никаква логика да аплицираш било каде на друго место (дури и да можеш).
Во врска со членството во Македонија - не е точно дека само богати и познати личности се членови! Ти имаш слушнато за познати и богати членови, затоа што ако некој ти каже дека на пример Митре од Струмица е масон, ништо нема да ти значи, затоа што немаш поим кој е Митре... Додека личностите кои се познати - веднаш ти значат нешто (ги распознаваш и ги идентификуваш).
Инаку - има секакви членови, од сите слоеви и професии... познавам луѓе кои воопшто не се познати, работат како инжењери, сметководители, административци, имаат ситен бизнис (трговија на ситно на пример) итн... возраста - секаква - од 25-6 годишни, па до 70 годишни...
Така да - мој совет е прво да се обратиш кон ГЛМ, нема причина да те одбијат, доколку нема причина да те одбијат :smir:. Да, процедурата трае долго време - но тоа е сосема нормално. Сепак - трпеливоста е многу битен човечки квалитет кој еден масон мора да го има.