Никој нема тоа да ти го понуди. Едукацијата зависи само и единствено од самиот тебе и од никој друг! Во денешно време е смешно да се "обвинува" едукативниот систем заради недостаток на знаење.
Можеби треба да ти објаснам поопширно за да ме сфатиш зошто имам изградено таков став.
Во седмо одделение, кога учевме за агрегатни состојби на елементите, јас дигнав рака да ги кажам, и набројав четири, што беше спротивно од учебникот по кој учевме, во кои се обработуваа само 3. Јас ја додадов и плазмата како агрегатна состојба, и бидејќи бев упорен во моето тврдење како награда за истражувњето заработив кец. Одтогаш па до крајот на основно имав константна тројка. Било што да учам, без разлика колку и да учам. Другите и за помалку добиваа петки.
Кога сме кај тројки, македонски ми паѓа на памет. Имав своја критика и сфаќање на "Пеколот" на Данте Алигиери, и тоа малку ја испровоцира професорката, која ни даде да напишеме свои толкувања на книгата, но очигледно барала нешто слично на нејзините сфаќања. 4 години уште една константна тројка. Учи, читај - тројка, не учи, не се замарај - пак тројка. Беше навистина смешно, англиски - 5, македонски - 3.Го замразив предметот поради нејзе.
Физика - Учев формули. Само на тоа се сеќавам. Знам дека учевме и теорија, ама ја имам заборавено, зошто акцент беше ставен на формули и задачи. Другото беше нерелевантно. Затоа и го заборавив. Се што беше надвор од содржините на учебникот беше забрането за дискусија на час. Особено за Универзумот и вселената.
Математика - Силување на мозокот. Ако од нешто добивав главоболки беше тој предмет. Дури после завршување на средно дознав дека учебникот по кој работевме бил/е користен во втора година на Природно-Математичкиот факултет. Не знам од која причина ни го тутнаа на нас, во програмата. Имам чичко кој дава часови по математика. 50% од задачите кои ни ги даваа за тест, ни тој самиот не можеше да им најде решение. Тоа говори доволно.
Ова се само неколку примери, зошто можам да понудам и многу други.
Мојата поента е .... што да заклучам од сето ова? Нема слобода на изразување и слобода на мисла. Нема истражување надвор од границите на тоа што ти е дадено како материја. Интеракција не постои. Наставнички способности - нула. Сега малку подобро ми е на факултет, барем имам некоја слобода кога се работи за учење, не се чувствувам стиснат во ќош, нити па како да идам во затвор, како што се чувствував порано. Не знам дали сфаќаш, дали си поминал низ слични работи, но личното искуство ми ги има оформено моите ставови кон образовниот систем. Треба да се подобри. Или редефинира целосно.
Имаш илјадници книги, енциклопедии, луѓе со кои да дискутираш - на само еден клик растојание.
Луѓето во 17-ти век се образовале, работеле, се усовршувале себе си, измислувале нови теории, и разработувале технологии од ништо, во време кога за најобично писмо да стигне од Канада до Англија биле потребни барем 3 месеци. Денес - седиме на компјутер и ти одговарам на постовите во рамки на неколку минути... и ти се жалиш дека образовниот систем е проблем?!
Веќе реков претходно - многу е лесно да ги обвиниме другите за своите проблеми. Многу е тешко да превземеме нешто и да ги промениме работите.
Еден многу познат масон, Лав Толстој, вели: Секој сака да го промени светот, но никој не сака да ја почне промената од самиот себе.
Па, поголемиот дел од тоа што го знам е од гледање документарци, чести посети во библиотеки, читање книги, и се разбира интернет. Инаку се согласувам дека за да се промени светот, секој треба индивидуално да се промени, но за да можам тоа да го сторам од рани години, треба да ми е пружена таква слобода, а не да бидам пригушуван од разни страни.
Како што реков - знаењето зависи само од самиот тебе. Идејата дека некој треба да ти сервира некакво знаење не ја ни разбирам дури.
Мислиш дека Никола Тесла, во 19-ти век во некое Хрватско село учел во подобар образовен систем од тој што го имаш ти денес?! Сериозно те прашувам...
Па зар не е за тоа Образовниот систем? Да ни сервира знаење? Извини ако ја имам утнато дефиницијата, се раководам по лично искуство, а тоа ми вели дека тоа е така.
Не, ама Тесла имал шанса да се усовршува. А потоа и шанса да работи во Америка. Јас немав ништо. И сега не сум многу сигурен колку имам шанси. Ама се трудам најмногу што можам. Чекам да се појави шанса и да ја зграбчам.
Масонството не е тајно од 1717-та година. Тоа се речиси 300 години. Испечатени се илјадници книги, ложите се отворени за посетители, јасни се критериумите за членство, има илјадници сајтови на самите ложи... информација секаде на секој чекор... Луѓето сеуште велат дека е тајно друштво и дека ништо не се знае за него...
Ако некој не сака да види, и пред очи да му го покажеш нештото, нема да го препознае.
Така е. тајно друштво за тие кои сакаат да веруваат дека е тајно. Знам одамна дека членовите не кријат дека се масони, но мислев дека други работи се тајни. Сега ми е јасно.
Веќе имам кажано на форумов - на тие прашања нема да одговарам. Од многу едноставна причина. Ако ми покажеш неточно ракување, ќе речам не. Потоа, по пат на дедукција, после 20-тата слика, можеш да стигнеш до правилното ракување... што ќе треба тогаш да ти кажам? Да речам не и да излажам, со што ќе сторам грев? Или да кажам да и да ја нарушам својата заклетва? Или да премолчам тогаш, со што пак ќе дадам доволно јасен одговор?!
Затоа реков - без разлика дали се точни или не се знаците, нема повеќе да одговарам на тоа прашање. Се надевам на доволна почит од страна на соговорниците, за да може дискусијава да тече непречено.
Не го објаснив убаво прашањето, ама нема везе, да не те замарам, не ми ни толку важно.
Имено... тоа е поентата. Личното усовршување секој може сам да го прави... но кога знаеш дека имаш луѓе кои те поддржуваат, кои ти се вистински браќа и кои ги делат истите вредности со тебе, па макар и со спротивставени ставови - многу полесно е градењето на иднината.
Можеби во Канада. Во Македонија не. Познавам само еден човек кој е на "слична бранова должина" со мојата. Сепак што може да се стори? Луѓето одбиваат да те слушнат, а камоли да те сфатат. Така не се гради иднина. Затоа осеќам дека за Македонија нема иднина, а особено за мене. Најверојатно ќе бегам во странство, барем повеќе ценет ќе бидам. И дел од моите планови би биле реализирани.
Нема зошто да се смеам, ова е вообичаениот став.
Околу "фашистичкиот режим" - сите фашистички и воопшто тоталитарни режими биле против масонството. Генерал Франко убил 80.000 луѓе во Шпанија под обвинување дека се поврзани со масонството (во Шпанија во тоа време имало само 5.000 масони!), Хитлер убил десетици илјади масони во конц-логорите, Сталин исто. Па од тоа - ти прецени дали фашистичките режими се цел на масонството...
Уште една заблуда, како со сатанизмот....
Мислиш на кабалата? Има два вида на кабала - едното е филозофска гранка на јудаизмот, која е предмет на проучување, особено од 13-тиот век наваму, другото е религија, која е доста "новопечена", потекнува од доцниот 20-ти век.
Нема зошто да не е прифатлива...
Зар не е Кабалата дуалистична? Обожава спротивни сили. Нешто како Јинг и Јанг верзија на Бог. Како тоа се вклопува во правилото за монотеистична религија?
Има најразлични форми на Вика. Мислам дека има само една (или две) форми кои се прифатени, останатите, кај кои преовладува магискиот и сатанистичкиот елемент, не се.
не знам за сатански елементи, но знам дека содржи пагански обичаи. А тоа за магиите ми е малку смешно. Практикуваат магија?
Не, но во минатото била анти-масонски настроена. Нема една централа која стои зад тоа, а најразлични групи си имаат свои поводи.
Како Skull & Bones. Ви го имаат пикот. Има изјави по интернет дека потекнуваат од масоните (наводно). Но со својата филозофија се разликуваат тотално од масоните. И не ми се допаѓа какво влијание имаат врз светот.
Видиш, ова е типично размислување (особено во Македонија). Има некоја чудна потреба зад се да се најде еден "врв", еден центар, се да биде водено од некого или од нешто. Се се објаснува на тој начин. Почнувајќи од дневната политика, до образованието, до бизнисот, до се... Се мора да е во нечии раце, да се командува од некаде "од високо". Тоа е интересен феномен, затоа што токму тоа дава оправдување кај луѓето за мрзливост и неангажираност - што ќе се занимавам јас со тоа, и онака е решено. И секогаш има некој кој е крив или кој стои зад тоа - Европа, Америка, Кина, Русија, Масони, Евреи, Муслимани, Хомосексуалци, Протестанти, Ватикан... кој ли не... ако нема никој - ќе се измисли! Се, само да не се превземе лична одговорност за работите и за ситуацијата!
Тоа е глобален проблем. Сите мислат дека за било која моќ стои врв. Психологијата на пирамидарна хиерархија. Дека секаква високо организиарана структура мора да поседува контролен врв. Кој ги држи "конците".
Не навлегувам во оваа дискусија - секој си има личен став за религијата и за црквата. Јас лично ја почитувам Православната Црква, и немам никаков проблем со неа.
Тоа се однесуваше на Католичката Црква, но оди во друг контекст. За корупцијата во самото свештенство. Возат поскапи коли од директори на компании, носат ланци со позлатен крст кој тежи повеќе и од оној на 50 Cent. Возат Range Rover. А да ... ја осудуваат хомосексуалноста од една страна а практикуваат педофилија од друга. Имам многу да зборам на таа тема, не сакам да забегувам, немам, ништо против религиите, туку како одредени луѓе ја користат религијата за да дојдат до некоја цел. Тоа е се.